а (сврз.) - некој (зам.)

По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои, што израснаа подоцна, со големината ги надминаа постарите, а некои на самиот почеток се исушија, иако таа не можеше да се види дури и по неколку дена, кога тие се стуткаа и паднаа од ластунката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Записот некои го викаа камена книга, а некои Каџ Наме, што на јазикот нивни значеше „книга на богатствата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А некој може би и да не се излезени.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Борбата е постојано присутна помеѓу телото и духот. Некој е повеќе тело, а некој повеќе душа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Еве го твоето дете!,“ ѝ извикува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Каде е моето детенце?,“ вреска жената, а некој од веселата толпа која ужива во оваа претстава си ја соблекува кошулата, набрзина ја свиткува, и ѝ ја фрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотрчале многумина, а некои стигнале и од градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А некој ден ќе ти испратиме и една хајка, кога ќе идат на лов, да те нагледаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, дури јас влечев од натисканите торбулиња што кога ќе го отвориш патентот се расцветуваат како свежа зелка, а некој би рекол „пуни ко шибица“, тој се нудеше да ми помогне, и онака, сега знам, не „ради реда“ ме потпрашуваше: „Од каде ти е ова робава“, па „од каде ја носиш“, па „како ја пренесуваш“, па „како ја озаконуваш?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да, после почнаа сите да раскопачуваат нови ниви. Кога се зафати сета земја во Дрмине и во Батацине, почнаа да се префрлаат кон Задмартинец, Росуље, Лутешки Дол и на други места. Секаде кај што беше посложно и кај што можеше да појде вода. А некои и кај што не можеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои војници се капат оголголи, а некои во долги гаќи и водата им ги надува гаќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А некој што седеше од едната страна од него рече додека тој минуваше: „ Ќе се сретнеме на место на кое нема темнина“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чинеше како да му избива низ кожата наместо пот, а некој можеше да помисли дека дури и солзите што лееја од неговите очи се чист џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Некои се бајаги грди, а некои пак се толку примамливи што веднаш се проектираш себеси на нив, опкружен со имагинарна шопска и небесно ладна жолта.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја менуваа бојата на лицата и плачеа, некои гласно, а некои потивко.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некои се интернирани, а некои поради одминати години седат дома, многу работат ангарија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Порано и ме бакнуваше - но вака, кога ми се спиеше, можеби мислеше дека ми прави услуга со тоа што е ефикасен за побрзо да можам повторно да заспијам, иако по неговото дишење препознавав дека тој секогаш заспиваше пред мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Хм, куче... - рече таа, кривејќи ја надолу устата, а веднаш потоа се врати на темата, - некои животни се за јадење, а некои се за галење, - рече, ја погледна Маци и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Орце, кога скоро бил во Кукуш, наводно, ги исмејувал луѓето на Организацијата, а некои други гемиџии се подбивале со владичката круна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не знам што е причина, та Билјана наеднаш да ме изненади со тоа необично прашање: - Тато, зошто некои луѓе ги сакаме повеќе, некои помалку, а некои не ги сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само ова со кичот, малку претерува. - Како можеш – му вели на Саше – толку да далдисуваш во тие песни, а некој музичар си ми бил!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Џабе учиш средно музичко, како мислиш да продолжиш на Музичка академија кога сериозната музика не те интересира, туку сè овие твоиве турбофолкериве? Не е во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)