а (сврз.) - странка (имн.)

Странката што ја застапува полномошник може пред суд и да дава изјави и покрај својот полномошник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако полномошникот признал некој факт на рочиштето на кое странката не присуствувала или некој факт признал во поднесок, а странката тоа признание подоцна ќе го измени или отповика – судот ќе ги цени обете изјави (чл. 80 и чл. 84, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници – но судот може да ја повика странката која има полномошник, пред судот, лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)