а (сврз.) - единствен (прид.)

Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А единствената нивна желба е да ги остават да се наспијат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покрај сите напори на докторите за нејзино лекување, како последица на повредата, со текот на времето видот на тоа око започнува да ѝ слабее – при што намалувањето, односно оштетувањето на видот достигнува и до 95%.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпознатиот цар Самуил и неговите слепци многу добро знаеме како поминале, а единствен цар со кој би можеле да се пофалиме е само Ѓорѓи Колозов од македонските приказни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На крај се дијагностицира трајно оштетување на рожницата на окото, а единствен начин тоа око повторно да стане функционално е со пресадување на рожница од донор по пат на хируршка интервенција (операција стручно позната како „кератопластика“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Масата наредена со разни салати и јадења, а единствени кои седат околу неа се двете сестри близначки и зетот Михали.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најголем дел од нив се обични рециклатори на просечноста, а единствениот сегмент на харизматичност е нивната затскриеност зад неколку високотехнологизирани трикови.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)