а (сврз.) - зошто (прил.)

Постојано и за што било те фаќа и вели: „А зошто ти така; до кога ти така; како си смеел; што мислиш ти; каде си бил до сега; зошто си се тепал, и што ли уште не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А зошто Курназ? Секој прекар си има свое потекло, ако не и свое проклетство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стана замолча и се замисли малку. И се стори дека враната и вели: “Срам!“ па се навреди од тоа и викна: - А зошто да ми е срам!?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Да... ја бараме таа зграда... - А зошто?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Затоа што само кога има рамноправност може да има и правда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Затоа што и тие, како и вие, не сфаќаат дека оваа ситуација нема да трае долго,“ рече Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А зошто не нов матријархат?,“ се насмевна Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А зошто инсистирале твоите пријатели да заминеш, ако не е навистина опасно да се остане овде?,“ прашав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А зошто ми е после мене животот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- А зошто сите зла му ги остава на светот, вели Дуко Вендија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А зошто да станам, ја прашувам јас жената. - За твое добро, ми вели таа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А зошто сакаа да му ја рушат?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А зошто ја направи тука?“ „Затоа што тука ми е мое место, останато од дедо, прадедо”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поставуваше сто прашања во минута, те од кого, а зошто и како дознале дека фрижидерот е празен, тие некои луѓе што ги купиле сите тие работи за нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А зошто има закон да се ловат кучиња, да се уништуваат? И зошто...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По ѓаволите, момче! А зошто се кучињата на овој свет?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На пример, би била добар стилист, можеби глумица или пејачка. А зошто не би била и танчерка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но беше убаво, а зошто и да не биде, помисли тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
12. ГОРАТА НЕ БИВА БЕЗ ВОЛЦИ - а зошто волците ги бива без гора?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
7. БЕЗ КОРЕН И ПЕЛИНОТ НЕ РАСТЕ - а зошто да нѐ дразни горчината на плодот?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Бре, бре на Диздара, Петрета, Арсовци, Долзите им однесол Фаик од срезот позив. И тоа кај Јачмениќ ги викаат. А зошто?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- А зошто? - Некојпат - почна да расправа Анѓеле - тука владееле Римјаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- А јас сериозно прашувам. - А зошто прашуваш. - Излегувам од колегиумот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Директорката на програмата ми забележа дека сум постапил многу наивно кога сум го оценил онолку позитивно и дури препорачал за гледање филмот „Ние сите сме убијци“ во кој некогашните борци за слобода, во Франција, сега, како цивили во животот наеднаш стануваат убијци!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Момчето што седеше покрај мене се поднамести и, шепотејќи, пак рече: - И и и, мајќата!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А зошто беше Марко Крале најголем јунак?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пиј па биј, пиј па биј. Ете така правеше Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- А зошто седиштето на оваа клацкалка останала стара?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ооо, па ти многу сакаш да знаеш, а? - ми рече чичкото и го погледна другиот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А зошто си в затвор? — И за тоа не знам, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Еј, ти, застани! – ѝ свика. - А зошто да застанам?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А зошто, те казнил? - ѝ се обрати на Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е, сега најде кого да прашаш! - А зошто да не? - Затоа што тој пелтечи... Ха-ха-хааа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А зошто постапил паметно?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сашо: Рацете! А зошто?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А зошто мислиш дека ми е убаво? - рече човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Верувам дека Билјана за сето што ѝ го реков, а не ѝ беше јасно, ќе го поставеше прашањето: „А зошто?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)