а (сврз.) - некогаш (прил.)

Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Велат дека сојките некогаш блекаат ко јагне, некогаш мекаат ко јаре, а некогаш свират исто ко со човечка уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ами сон, ко сон, вели Маса Ќулумоска, некогаш се кажува, а некогаш не се кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)