Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)