КЕВА: Е, синко, за такви ситници тој чуда прави!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: Знам, џанам, ама оди ти кажи му и докажи му нему!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)