Овчарот сака да го напујда песот, ја отвора устата, ама глас не испушта запрен од мислата што му прелетува по главата Може не е дете ова што се чини како дете?!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Оној другион, спикерот, носло, со клапнати уши, ама гласот ко на Клерк Гебл...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сакам да викнам, ама гласот ми го нема, што се вели, некаде ми тептисува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А оние запалиле контејнер! - Праисторија. - Мизерија. - Ни трошка трпение. - Неодговорност.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)