Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Едно време се отвори училиште во куќата Кузеска, ама малку траеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)