да (сврз.) - вечера (гл.)

- Чекај го татко ти да вечераме. - Не ми се јаде. Јадов кај Коце, - излага Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да вечераме, па да си одам долу“, вели преку сила Шабтај и ја погледнува снаата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Еј, малечок, качи се да вечераме!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Орачите навалија лакомо да јадат и цели корки, голтаа, бидејќи и сношти беа без леб, та од вчера како каснаа, немаше сношти што да вечераат, ни да појадат сабајлево, а ете веќе 78 саати како ги тресат ралата и како запињаат гладни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И една прекрасна вечер јас можев, по претставата, да вечерам со младата глумица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе дојде татко ти и не ќе има што да вечера. Да оди да купи леб. Па тоа е страшно!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
КАТА: Како би било да направиме вака, да вечераме и ти Анѓеле, да си одиш сам вечерва дома, а ние утре, кон некоја доба, од како ќе поујдисаме, кон ручек да дојдеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Ништо, ако не да вечераме, пак може низ вечера ќе ни падне на ум како да направиме. Што ќе речете?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: Ќе дојде. „Да вечерам — рече — и еве сум станувам“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се разделив од нив чувствувајќи се како виновник затоа што имав каде да спијам и што да вечерам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најпосле кога седнавме да вечераме тивко реков: - Тетка Рајна дојде со една непозната жена, не знам дали тебе те бараше и те дочека ли? - Не гледав во него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Посакав веднаш да сме дома, да суредуваме со татко ми, да приготвуваме ручек за утредента, потоа да наместиме убаво за вечера, да вечераме, па да ги наместиме креветите за спиење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
НЕДА: Во кујната. Им давав да вечераат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
НЕРОДЕН ПЕТКО Едно време си биле две жени - снаа и свекрва - и свекор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Везден сум работал, сега ми се јајт, сакам да вечерам!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Јаа! Коа ти велев јас: „М'жу, коа да се крстиш да велиш по еднош и: Господи, брани од женска белја! А - ти не сакаше да ме почујаш!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислиш господ ќе слезе да вечера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дафино вино, еј!... (Другите прифаќаат). Дафино вино, еј! црвено вино, еј! Момчето ти е заспало на Кара-камен планина.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ФИДАН: (Донесува тава со грав). Ајде, да вечераме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дури другите денови го караше, дури и тепаше што се извалкал многу по реката, та не може да му ги пере парталите, вечерва го покани да вечера веднаш, бидејќи виде дека лебот и сиренцето ги вратил негибнати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш почнува да појадува, а подоцна и да руча и да вечера, сеќавања. Да! Тие му стануваат најслатката па дури и главната гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И баклава донесов, ама за утревечер.“ Седнаа да вечераат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па да вечераме, господа. (Доаѓаат до наместените маси. Седнуваат. Клаус го наместува Стево покрај себе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Добро? - ми ја разбушави косата, галејќи ме по глава и гласно, некако нетрпеливо и рече на мајка: -Ајде, невесто, клај ја софрата да вечераме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сус! - просаска татко и откако намуртено нѐ погледна сите, и уште понамуртено ѝ заповеда на мајка: - Донеси ја софрата да вечераме!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Би сакал да вечерам!“ му рече. „Повелете!“ рече келнерчето и пак ја сврте главата на друга страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вечерта си легнав без да вечерам. Рано си легнав, иако не ми се спиеше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)