Таму, во мал заграден простор се садеше грав, пипер, праз, зелка, домати, сѐ што можеше да вирее на ова место, сѐ што беше потребно за едно пристојно поминување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Поради неговото намалување, организмот ни реагира: слично како што е со билките кои живеат покрај морето и кои се навикнати на јодните испарувања: ако тие билки се пресадат на друго место каде што нема јод - не можат да виреат, боледуваат, венат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Еве вака: ѓубриштето е мешаница од различен отпад и во вакви услови нема можност никакво растение да вирее.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Многу минувачи се чудеа како можеше во таа континентална клима под Пелистер да вирее едно растение на кое му треба топлината на медитеранот, а таа, мимозата, таа се хранеше од топлото македонско сонце во летните горештини и љубовта на ќерките на Таки мумиџијата кои ја негуваа со огромно внимание.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)