Каде да отидам, каде да залутам, знам – никаде од нив себе си не ќе се скријам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)