Ти си студент и не можеш да изигруваш Рокфелер, па да ги носиш гостите по ручеци во ресторани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Му раскажав за повеќе случувања во кои јас лично се обидував да изигрувам херој или трагач по вистини, и дека, за мое големо разочарување, животот ги користеше таквите мои недоволно обмислени потфати само за да ме исмее.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А напати и ме казнуваше”, додадов. „Грдо ме казнуваше”.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А ти, што стори, Нероден Петко: Пред моево лице и пред мојава душа почна да изигруваш господар, дури не спомнувајќи ме.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Би можеле да помислат дека се кревате на големо, дека сакате да изигрувате човек со врски, со лични пријатели во Централниот комитет.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Наближувајќи кон неа навистина бев во недоумица дали да изигрувам навреденост поради начинот на кој дознав за смртта на пријателот, во она да го наречам кратко и сосема службено искажување, или да настапам итерпејовски: не виденото не е ни дослушнато, значи не е ни разбрано!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)