да (сврз.) - измислува (гл.)

Ти мислиш, би рекол дека наша главна задача е да измислуваме нови зборови. Тоа воопшто не е точно!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според Ајнштајн, она што го става во погон човековиот резон, то ест она што го нагонува да измислува, да создава, се стравот и моралот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Ме спаси од смрт во песоците на Сахара. - Кој? - Смарагда! - Како бргу умееш да измислуваш, - тажно се насмевна Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чиниш некој ми ја поништил силата да владеам со соништата и да измислувам прикаски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Виде не виде, Жеро Жерав зеде да измислува прикаска со која сакаше да ме ослободи од стравот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Знаеше до бесконечност да измислува, да спроведува, да исполнува, да реализира акции.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Дорчо ми се уплаши! - почна да измислува Трајче за да се извлече.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Си почнал да пиеш, ти се вратила пак твојата стара болест и си почнал да измислуваш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Никоја сила не бара од вас да измислувате вакви истории...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)