Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Утврден беше максимален износ до кој правното лице може да исплати регрес на годишен одмор, и тоа најмногу до 60%, а беше предвидена и исплата на најмногу до двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија (чл. 12, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во постапката по приговор работникот, по негово барање, може да биде застапуван од страна на синдикатот (чл. 20 од ЗИДЗРО/септ.10); б) при престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда, наместо обврската на работодавачот на работникот, покрај враќањето на работа, да му исплати надомест на штета 41 и придонеси од задолжително социјално осигурување, беше заменета со обврската работодавачот да исплати бруто-плата која работникот би ја земал кога би бил на работа, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Седи со здравје, татко. Пуцко да си! Пари ќе ти праќам секој месец: прво, да исплатиш секаде каде што борчиш; после да ја омажиш Кате.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Променет е и начинот на пресметка на минималната просечна нето плата под која работодавачот не може да исплати, кој на работодавачите им овозможи да пресметаат и исплатат пониски просечни месечни нето плати на работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Спорот завршува позитивно за Б.Н. – со пресуда туженото МВР, како работодавач, да исплати сума од околу 40.000 МКД (о. 655 ЕУР) на име недоисплатени трошоци за пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во случај на отворање на ново боледување, во рок од три дена од престанокот на претходното боледување, работодавачот има право да побара од првостепената лекарска комисија да го потврди новото боледување или да го продолжи прекратеното старо боледување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот може да исплати, на товар на другиот обврзник, надоместок за платата – исто така, и во случај ако така е одредено со закон или друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)