Погледнува во ќерка си, која немо ја гледа. „Не плаши се!” - ѝ прошепотува Хана и полека се лизнува на килимот со еврејска шара, по кој сè поизобилно почнува да истекува нејзината ариевска крв додека во ушите ѝ шуми топлото море на Ориентот и здивот на Леон Голдблум кој, таа чувствува, ѝ се доближува нежен, заносен и страствен и по толку години... Фотографии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Онисифор Проказник се истанчуваше како да истекува од маслосаниот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И огромен куп очила: со метални, коскени рамки, цвикери, монокли, понекој бинокл, различни диоптри.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Останаа уште триесет и четири запреги, без бегалецот со обетка - еден терач помалку од таа бројка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)