Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А Венеција и понатаму нека потонува
приспивно.
Некој мора и да исчезнува
бавно.
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секаде наоколу, меѓу урнатините, се пластеше магла, но сега во седум часот со новата виделина таа почна да исчезнува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)