Сакаш дружината да ја разбиеш!? А-а-а!? Тоа сакаш!? Или сакаш ТИ да командуваш?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
— Јас су Толе Паша арамиата. Да не се вате некој за пусат оти загинате сете! — викна Толе силно и застана да командува: — Станете сете простум и рацете горе!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во општество без стил и вкус, меѓутоа, можно е полковници и мајори да „филозофираат”, т.е. да командираат со филозофијата, генерали да историзираат, т.е. да маневрираат со историјата, а неквалификуваната аграрна работна сила да литературизира, т.е. да ја „обработува” литературата, да ја „преорува” книжевната „ливада”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)