Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мораме да се делиме. Олкава олелија не ќе можат селата да кријат и хранат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За мене и не беше многу страшно, јас и не морав да кријам ништо, сѐ мое беше во идеални пропорции.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
(Нели, чудно јачат зборовите кога шетаат по одаите на сонот).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едниот глас ќе викнеше: „Еј, Ведране, сврти се“, а другиот некако од поодалеку ќе одговореше „Не, не сум Ведран! Така ме викаат другарите! Иван сум јас!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Отсега нема што да криеме од тебе, Трајче - рече командирот Планински.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сега, Трајче, нема што да криеме од тебе. Знаеш дека сме партизани.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога тој ги праша, тие и не мислеа да кријат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како да криеше нешто под дланките. Меѓу прстите ѝ стоеше угасената свеќа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А може и да сум умрен, вели, ама луѓето заборавиле да ме закопаат, вели и се притиска на градите, како да крие жива потполошка под дланките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)