Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Боге се мислеше дали да наврати во првото гратче за по еден варен ѓеврек или да стисне заби за топол бурек во првиот град, кога Кате проговори: - Одвај чекам да си дојдам дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред да навратиме на јазикот збор – два за времето, за ликовното за музичкото во поезијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Откако во куќата на Спира Клечев влезе Паца, не остана жена во селото што не сакаше да наврати да се изнагледа и да се изначуди.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Инаку, остатокот од денот, по завршувањето на часовите, без да навратам во одајчето, го поминував на клупите во градскиот парк.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)