Јас требаше да наредам да се продолжи со работа, но продолживме дури откога се возбудивме и се напивме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Судот, со парична казна од 2.500 до 5.000 ЕУР во денарска противвредност, ќе го казни вештакот, трговецот- поединец вештак, вештакот вработен кај друштвото за вештачење или вештакот вработен во орган на државната управа – кој нема да дојде на рочиште иако е уредно повикан, а изостанокот нема да го оправда; или ако до судот, во определениот рок, не го достави стручниот наод и мислење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ги отспрегна воловите и тргна да си оди дома. Треба да нареди да се меси леб за утре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ќе се најде кој да нареди – да ни цркнат козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Можеле да наредат да бидете камшикувани со нешто што се нарекувало „мачка со девет опашки“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)