да (сврз.) - објаснува (гл.)

- Тука, во затворов, има еден човек од Македонија, - почна да објаснува Ѓорче.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Драги ученици! - започна да објасува директорот. - Денеска е родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И што порача? - праша Даме. Ти ја праќа оваа книга, - почна да објаснува служителот, - и рече: да ја прочиташ и да му пратиш друга книга, за читање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Даме го фати Гоцета за рака, влегоа во одајата, клучот скрцна и тие се заклучија... - Тоа е поштата! - тивко шепна Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И почна да објаснува дека ракијата од овој балон ќе му траела цели три месеци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наликуваше на доктор, на учител, дури и на свештеник, повеќе спремен да објаснува и да убедува, отколку да казнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна морав многу да се бранам и многу да објаснувам што ми значело тоа, кому треба јас да докажувам и кој треба чиј бог да биде!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Петко се врти кон пенушката. Задоволен е што знае повеќе од другите и расположен е да објаснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се чинеше дека тие од високото раководство немаа потреба повеќе да објаснуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Како што бев на стража - почна да објаснува Горјан - дотрча Трајче и почна да вика: „Командирот... чичко Анѓеле... Германците...“ и падна во несвест.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ме пратија Горјан и Огнен - почна да објаснува Трајче - да ти ги донесам дрвата, да ми дадеш сол и да ми го закрпиш самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Откаде го познаваш? - праша Горјан. - Како да не го познавам - продолжи да објаснува Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Патем ме сретоа Германците - продолжи да објаснува Трајче, - ме претресоа, ми ги истргнаа ушите и ме пуштија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не би можел сега да објаснувам која беше причината што токму во тој дел од разговоров решив да спомнам дека посредно и јас имам учествувано во жалниот настан со Раде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од купот весници, тој извлече еден и ми ја подаде вашата приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во секој од овие три случаи ќе мораш да објаснуваш од каде ти е.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)