Плус, може лесно да полудат ако целава ситуација не е проследена со широки осмеси од вработените на чело со менаџерот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Да можеш да бидеш ти моето ти, да одлучуваш место мене.... да полудиш до болка да сакаш се што не смееш, и правиш се што не мораш...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)