- Ела, легни и ти, ми вели Јон, ела, малку да поспиеме. После ќе си одиме, ми вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ќе ги стасам, им рекол на своите деца. - Пуштете ме да поспијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да, тој ќе стори нешто, Јаков не останувал должен, ќе капне крв пред неговите нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сигурно ја прекинал. Можеби спиела. Можеби ја изнервирал.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А беше вака. Неколку часови пред нападот, на военото советување рекол генералот дека борците и боркинките по многу долгиот марш во многу лоши зимски услови се сосема истоштени и дека добро би било прво да им се дади малку време да одморат, да добијат топла храна, да ги исушат водените униформи и малку да поспијат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Денот се сопнуваше на суви грмушки. Најпосле, како и секогаш, ги освои просторите.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Време е да поспиеш, Пупи Паф, можеше да ми рече со мајчински глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сиот скиснат се враќаше во соба и се обидуваше барем уште еден час да поспие, но срцето му биеше во ушите секој пат кога ќе ја ставеше главата врз перницата и уште долго време или скоро воопшто не можеше да заспие.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)