Лудвик не сакаше ништо да појадува; рече дека појадувал во возот и дека одвај чека да одиме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Коњчето Дорчо го сопна со ортомчето на Велјановата Ливада, го зеде торбичето со леб и отиде да појаде на горското изворче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Орачите навалија лакомо да јадат и цели корки, голтаа, бидејќи и сношти беа без леб, та од вчера како каснаа, немаше сношти што да вечераат, ни да појадат сабајлево, а ете веќе 78 саати како ги тресат ралата и како запињаат гладни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Излезе наврапито од својата хотелска соба и со празното куферче слезе да појадува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)