Беа наседнат пред огништето во готварницата на Котета Милјанов да појадуваат:Коте и братучедите Србин и Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
По неколку дена кога седнавме да појадуваме Ели праша: - Тета Вера засекогаш ќе биде наша?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Што сакаш денес да појадуваш, мило мое?“ ѝ шепотеше на уво додека онака сонлива и топла ја притискаше на своите гради будејќи ја рано, пред да замине на работа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таа само го остави лебот на масата, го префрли шалот на столицата, ги изми рацете и молкум седна да појадува со наведната глава.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Погледна низ дупчето и ја виде како стои пред вратата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога ќе станеше да појадува, бабата стоеше на прозорецот од кујната и ги гледаше минувачите како одат на работа или безобразно ѕвереше во прозорецот на соседите отспротива.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Е, па, затоа е тишина. Затоа никој не ме вика да појадувам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Да појадувам... Помислата за појадок предизвика глад.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тогаш почнува да појадува, а подоцна и да руча и да вечера, сеќавања. Да! Тие му стануваат најслатката па дури и главната гозба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еднаш или двапати во неделата сукаше зелник и кога ќе станев, тој веќе го испекол а јас ќе го најдев уште под вршникот, топол, за да појадувам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Време му беше веќе да појадува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)