Мита со широко отворени очи, сврте лице кон Циљка, подигна рака и, давајќи знак да прекине, ја праша: - А да те опитам, Циљке...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во миг сакаше да прекине со сѐ. Сакаше да избега некаде далеку.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Токму како некој маѓепсничар да прекина од некаде од зад сите тие волшебни дрвја некоја игра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ристе притрчува и се обидува да прекине еден од каишите што му ги стегаат напрегнатите вратни жили.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му викам на Ристета: - Ристе, да и помогнеме првин на Огнена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Морам да прекинам. Пискливиот глас на водникот ја пара утринската тишина. Одиме во напад...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сакаше да прекине со „испитувањето” поземајќи книга од библиотеката, но Мајка продолжи: – Пред да втасаат грчките војници во куќите каде што се вееја италијанските знамиња, тие беа заменети со грчки знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)