Верувајте, десет пати волкот се враќал од нападите, секогаш да земе здив, да присобере сили, читаше Чанга и покажуваше гордо каде е тоа напишано на книгата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Абе здравје за некоја година, да присоберам пари, па ќе земиме нешто ПОГОЛЕМО.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)