Треба денеска многу да знаеш да цениш, та да можеш да проживееш како треба.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Бидејќи турските посестрими имаа бонлук накити, Јован и Толе и влегоа една ноќ на Велика Рошкова во Полчишта, посестримата на Селимбег од Прилеп, и ѝ го дигнаа сиот накит, та можеа да проживеат цела година од парите што ги зедоа за него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)