Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На творецот не му е дозволено да суди за неговото сопствено дело.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
— Јас не можам да судам за други партии, вели Апостол Макаровски, иако сметам дека она што ѝ се припишува на југословенската партија е чиста клевета.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ревносен, склон да суди, да попува, да морализира, да лечи, буквален: Може ли да биде пострејт?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тројцата се силни и чувствителни. Умеат да се бијат но неспособни се да судат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Замисли си вакво нешто: Рајна ѝ изјавила и на Трајчеица, и тоа не дома или на улица, туку на гробот на Ролан Јоковлевич, на Новоселските гробишта, дека многу ја жали но не поради загубата на сопругот: "Многу те жалам Трајчеице", ѝ рекла,"само затоа зашто сè до крајот на неговиот живот не сфати оти нему Господ му порачал да избира помеѓу жените и да ги прави среќни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најверојатно без многу ризик можеме да тврдиме дека денес популарната музика со своите карактеристики е некаков основен модел на современата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе заради мојата “зависност од музиката” не можам (и не сакам) да тврдам дека написот што следи е нешто повеќе од субјективен поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)