да (сврз.) - ја (зам.)

Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да го отстраши и од смртта, татко му пак го викнал вајарот и му рекол да ја изваја смртта онака како што му ја опишал синот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ова сакав да го сторам не за да го обескуражам во неговите несфатливи настојувања докрај да ја разоткрие вистината туку за да му укажам на мојата но и на неговата улога во тој ненужен кошмар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Прво - прифати Барѕотас - во таа смисла, што ти добро го познаваш теренот и располагаш со способности да организираш еден таков потфат кој бара преземање сериозни чекори за да се спречи евентуалното праќање војска од Костур, која би можела да ја пресече колоната...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега кога поттикот што го даваше болката беше отстранет и изгледаше како да ја загубил сета способност за интелектуален напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зошто луѓето се обидуваат да ја убијат оваа нова дисциплина со таква енергија?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој очигледно е од оние луѓе кои имаат смисла да ја проценат својата повластена позиција и, за да ја задржат, не престануваат да се жалат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А во тихите вечери, кога над реката се вртеа јата комарци, а рибите скокаа по нив, дедо Гога стоеше на дрвениот мост очекувајќи да ја види и необичната риба што скока повисоко од сите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти треба книги да пишуваш, ќе им помогнеш на луѓето да ја заборават маката, додека ги читаат, - му рече еднаш на велгоштанецот мајсторот Трајан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам дека се шегуваш, ќе ѝ речев за да ја приземјам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Буш му одговорил дека треба да ја остави судбината на Арафат во рацете на Бога.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му отиде Тане на самиот ден кога почна да ја гради куќата, кога започнуваше да се прави адетот, кога требаше да се заколи јагнето за курбан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гимназиските капи, имитација на бившите бугарски, со ознаката на класот врз сенката, не можеа да ја скријат ветвата облека.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мозокот, што да кажам за мозокот? Не може да ја допрежива испасената празнина, па ја плука на полето на уметноста.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Цвета беше немажена, на возраст кон педесеттата година, незаинтересирана за светот долу, во Метрополата, и често остануваше да ја преспие ноќта во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
22. “Комитетот не сака да ја направи Македонија бугарска; тој сака правина за сите Македонци, без разлика на вера и народност”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Смирен и цврст, свесен дека води тешка битка со некакви сили во себеси, дека победува, Бојан се засолни зад една карпа, за да не им пречи на орлите, се свитка врз сувата трева, потпирајќи го грбот до топлиот камен и се подготви да ја помине ноќта на Орелска Чука, со орлите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кај колковите, на бутчињата, гледам сета се ишарала. Небаре коприви да ја журкале. Ме пројаде јанѕа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Враќајќи се кон куќичката Пелагија се обидуваше да разјасни зошто дојде Чана, дали да покаже дека е лута што не е повикана на армасот на Деспина, или едноставно да ја потсети на оној дамнешен црн ден што никогаш не се заборава, или навистина сакаше да се распраша како ќе ги носат децата до на школо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со очај ја вратив обетката в џеб и решив таму повторно да ја заборавам. Извесно време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Единствено стравуваа од јужното ветре, од топла издишка која Севишниот еден ден требаше да ја прати, од капката која можеше да им го наруши сонот на сонувачите или да ги разбуди.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
(Една жетварка почнува, а другите ја прифаќаат, исто така и куќните.) Прошетав горе, прошетав долу За да ја видам таа што ја сакам, За да ја видам таа што ја сакам, Таа што ја сакам и што ме сака.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Трим Тоска беше искрен и отворен човек, си ја кажуваше директно вистината, можеше и да ја одмолчи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крвта не течеше толку колку што набабруваше и тој употреби една ролна тоалетна хартија за да ја запре.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оттогаш, таа си остана во чеизот, за нашата прва невеста, ако даде бог да ја дочекаме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ЗПП судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката (чл. 81, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
VI Илко често одеше на брегот, седнуваше крај сулфурната вода, се собуваше и ги пикаше нозете во топлата вода да ја лечи реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Заминување -пасија- Веќе немаат број деновите: веќе со години се мислам дека морам еднаш одовде да одам и принудена, „за последен пат да ја поздравам Александрија која се губи“.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ама некои покрупни или понезгодни, како ногалките или летвите, не можеше, па почека домарот да дојде од селото и да ја отклучи главната порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко и Камилски, пред да се препуштат на мисијата на нивното чистење на мајчините јазици од опасните османизми, не можеа да ја завршат со заеднички заклучок дискусијата за балканските граници како лавиринти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го сакам пишувањето, зошто пишувам и кога молчам, зошто молкот нема заби да ја откине сегашноста.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Судот е врзан за својата пресуда веднаш штом е објавена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Згора на сѐ таа е и дисциплински казнета, за наводно непочитување наредба од претпоставен, со парична казна наместо отказ. 4 Целта на новата директорка, според зборовите на Билјана, беше да ја понижи и омаловажи, бидејќи кон неа таа манифестираше и „изразена нетрпеливост“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Верувањето дека ја сонувала змијата, а не дека вистински ја видела, целосно почна да ја опседнува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но растовари го коњчето, дрвата нека останат тука и помогни ни да ја однесеме муницијава и митралезите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Велиш генијалноста е скапа курва која не можеш да ја платиш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се сеќавам дека, кога стрелките на часовникот, оној истиот што се уште ми одѕвонува во главата, се споија на дванаесет, за една минута стасав да ги бакнам сите тројца - дедо, баба и Александар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Спрема странките пресудата има дејство дури од денот кога им е доставена (чл. 323, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со очите и мислите ја барав СОЊА. Ја здогледав меѓу група девојчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Капетанот ги опомена: - Да ја заборуваат вистината и само вистината!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таложат омраза што не знаат каде да ја истурат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не го праша за содржината и за авторот, едноставно посака и тој да ја прочита.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не можеш да ја најдеш земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегуваа надвор, ја гледаа, ја проверуваа. И секој ден продолжуваа да ја потпираат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но, за жал, и второстепената постапка исто така завршува со несфатливо негативен исход за него!? *
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одново на птиците, помислувам, на полското трнарче, помислувам, на тоа одлучно и полетно пиленце на македонските полиња кое не знае за кафезот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На нејзино викање, почна да се кашла некој и да ја кара кучката која, како верен стражар, навистина осети оти некој тропа и стои на малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, колку и да ја критикувал Борис, беше ѝ го фрлил меракот на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се мачи ли да ја разбуди, одново да ја оживи или ја убедува да не ја прогонува по смртта?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој намек во зборовите треба да ја нагласи двосмислата на нивното живеење...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тешко би ја познал да ја видиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сака да ја кренат секирата, иако можеа, ако ја одвоеја од медот, требаше некаде да сечат со истата таа секира, да променат нешто, а медот да го напуштат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Постојано го терав да ми раскажува за бонбончето што го лижеле сите тројца заедно..
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Гоце го забележа тоа. За да ја скрие забуната, господски им со поклони и се поздрави.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А пак да го натераш да ја прецапа реката!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Јас не лажам, - отсечно рече дедо ми и запали цигара, свртувајќи ја главата кон прозорецот за да ја смири малку лутината што му надоаѓаше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одам да ја прашам Маса Ќулумоска, да барам ум, помош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секако би бил исмеан од народот што, наместо да ја отплатам крвта од татка ми, земам внука негова од сестра за жена“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бремето што Рада го носеше со себе беше преголемо, па реши да ја посети црквата во градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да ја носат главата, ексик нека е, велат, и за умот.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мислиш е нафрлена со нешто, а не сака да ја видиш да се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И оттогаш не преставаше да ја подгрева омразата кон Турците и мислата да се ослободи од нивните синџири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според чл. 9 од ЗРО (1993), работодавецот беше обврзан јавно да ја огласи потребата од работници.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И Кети почна да ја објаснува приказната што веќе ѝ ја имаше раскажано на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Даскалов, побаравте да ја видите изјавата на другарката Басотова.Па еве, повелете, прочитајте ја“ ми се обрати иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Исчистени од гревовите и ниските страсти треба да го бараме со сетилата за перцепција она место од телото каде што се сконцентрирани сите моќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само да дојдеше ... Не знам кој враг ќе можеше да ја одбрани ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште мајсторите да ја бојадисаат фасадата во бело, и тој, со жената и двете деца, конечно ќе може да се пресели од оној мравилник во ова спокојно, тивко местенце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Го врзав Чако и колку да ја изминам воденицата, чув како тропа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Алхемијата извлекувала од пената на ракијата разбудување на машки соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бог да ја прости, умре, не кажа за ова, тајната си ја зеде, но јас морам да кажам, зашто ми тежи на душава...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Киријата му ја плаќам преку некоја негова братучетка, која тука доаѓа да ја земе еднаш месечно – му објаснува Л.А. на патникот меѓу два забиберени залци – Дај ми го палецот да ги го посолам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Бегај сега. Ти можеше да ја оставиш последната за себе и да се распаднеш во нејзиниот тресок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Моево го знаете. Лекарската одговорност е голема а платата мала! – се уфрли со своите жалопојки Љубомир. –Одговарам за човечки животи, кој може да ја плати таа одговорност?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така дишеше, со целото тело, што се чинеше како во себе да го впива целиот воздух.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Учесничката во шоуто се обидуваше да ја имитира Мараја Кери.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Кондом за цело тело.“ Бев навреден. Признавам. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 156
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тодор Кикирезовски — така се викаше терачот на магарињата — им одговори на сите и се позачуди, гледајќи ги наметнатите сакми, а го позна Трајка и го виде со пушка на рамото, но не му стана чудно, бидејќи Трајко секогаш носеше пушка, а во темницата не можеше да ја познае што пушка е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, овој второстепен орган кај работодавачот воопшто не се произнесе, по што тие поднесоа пријава до синдикатот на претпријатието – за да, по 15 дена, добијат усно известување од истиот дека тој „нема ингеренции да одлучува по тоа прашање“ и својата правда да ја бараат пред суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Донеси да ја коваме на Крали Марко сабјата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
РОЛНИТЕ НА ДЕТСТВОТО НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но згреши ли тогаш помила му е секаква заблуда зад која може да ја сокрие грешката од колку и најголемата вистина, што го обвинува!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе се постарам да покажам појасно како реформите можат да ја побугарат Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Посакува да го обнови Просветителството „без дијалектиката” и посакува да ја обнови дијалектиката „без негативноста”. Маргина 34 131
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа те подучив да пронајдеш начин како да ја ослабиш сомничавоста, што сите ние ја носиме во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Скопската шмизла може да ја препознаете како личност на која освен коли, пари, гардероба, накит и останатите пратечи материјални елементи за друго и не пројавува посебен интерес.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На авторот му е оставено да ја состави таа материја, да ја исполни со богатствата и чудесиите на безбројните мирудии со кои животот штедро нѐ дарувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Камилски побара да ја види. Праша за цената. Имаше доволно пари да ја купи кутијата и купи уште плус една лупа за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми доаѓаше да ја прегрнам силно, силно...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
…по третата можеби четврта чинија салата четвртата можеби петта чашка лоза го прашав како ти беше тој одговори сосема мирно голтајќи сочни резниња домати се префрлав на свој терен густирав лоза со салата од домати тоа беше убедливо мое мечтаење моја игра само јас можев да ја одречам а не бев луд да го направам тоа нели…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нормално, се поставувало прашањето пред солунските конзули: Ерменците само се заканиле дека ќе ја дигнат Банката во воздух (истата таа банка што требало групата на Мерџанов да ја минира), значи, не испукале ниту една бомба а тоа го платиле со неколку десетици илјади жртви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ уште е рано да ја прими новата светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што велиш ти, Петре, која страна да ја фаќаме? — му се обрна Јордан Ацев на чиј реон беа собрани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никако разделбата да ја довршиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Турците видоа зорт додека да ја покорат Србија и името Србин означувало за нив разбојник.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Британскиот пристап кон герилските борби и саботажи бил во согласност со визиите на Донован за офанзивно дејствување во кое диверзанти, герилци, командоси и агенти зад непријателските линии би го помагале напредувањето на армијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
При сето ова од трохејот до јамбот – сѐ е ставено во припомош за да ја донагласи возбудата или сосема да ја смраќи тагата на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веќе споменавме што се случува: 1. Ориентацијата на сопственото јас е примитивно орална; обземено со недоумица како да ја одржи својата животност, додека при тоа е престрашено да се впушти во што и да е. Тоа е очајно и прежеднето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
15. КОЈ ЧЕСТО СМРТТА ЈА СПОМЕНУВА, ПОМАЛКУ ГРЕШИ - човекот со тоа на животот повисока цена му давал, уште ако е и бавчованџија тој напросто би решил и кромидовата главица да ја смета за човечка глава...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Без никаков воведен збор, дури и без да го поздрави, Марија го замоли да ѝ даде цигара. Ѝ даде една, ѝ ја запали, и ѝ ја подари речиси целата кутија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние ги наполнивме шкембињава и за нив не ни текнува! А и кравата ни остана немолзена. Пак ако се пушти телето да ја исцица!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чита, коментира. Мора да ја исполни предвидената норма за брза, инстант индоктринација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
САВЕТКА: Никако не кинисуваше... Но после, како што ти кажав, дојде еден човек и кажа, дека, Селман-ага имал собрано дома си Арнаути да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак ќе пиеме добро бело вино, мезетиме грчка салата со потпечени лепчиња и чекаме да ја добиеме работата ципура на жар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
РАЈНА: Ама, Јордане, Симка да ја прашаме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На Пеливарската чешма Јордан застана. Тука ги сретна трите товари барут, испратени од Битола, и почна со неговото распределување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Папците на козата ѝ овозможуваат слободно да застанува на задните нозе и да ја вклешти гранката што ја брсти, а нашите нокти, слични на ќерамида, служат за потпирање на образите при пофини допири...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа, за да не ја исплаши, само нежно ја допре до крилцето, за да ја разбуди.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Состојбата на современата свест можеме на таа основа да ја збиеме некако вака: веќе од ренесансата наваму дел од „духовната елита“, litterati-те, почна да размислува формално-калкулативно наместо дискурзивно-историски и започна да се изразува во алгоритми наместо во литературни текстови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тишината траја неколку секунди. Никој не се решаваше да ја прекине, бидејќи не наоѓаше збор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Запознавајќи ја со допир, тој би ја препознал и да ја види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некои уште се мачат да ја испуштат душата. 69
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со книгата не смее да се постапува така. Треба да ја барате! Да ја читате! Да ја почитувате!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Но, да ја видиме поканата“, услужно се насмевна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Капакот летна по вториот удар - дедо Васја седна во гробот во свечениот црн костим, крчеше со устата без половина заби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Една недела пред пладне, веројатно следната, отиде да ја однесе колата на миење кај Воената болница, пред семафорот кај Александар палас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
-Во својот страв тие создадоа големи армии на тајни полиции да ја шпиунираат приватноста на мирољубивите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ПОКАНА ЗА АКТЕРСТВО
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ноќе и дење, постојано под чешмата имало садови и многу пијавици. Воопшто не смеевме да пиеме без да ја процедиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една голема вистина која не сакав да ја понесам на моето патување кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа се случило петнаесет години пред патот за Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакаше да ја снајде судбината на несреќниот Караман.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Огнот да го разгориме. - Да гори - да не би да ја одмине домаша наша момчето со огнено име и со длабоки очи - во кои се загледала Ѕвезда наша - и во нив пропаднала - небаре длабок вир...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зградата на „Балкан“ во Пајко Маало – Стварно? – закочи. – Дај да ја видам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Проникливоста и бистрината на Рада сакаше да ја обезвреди со своите јасно кажани погледи на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е чудо Турците да дојдат да ја бараат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа не беше многу далеку, но се чудев како можеше да ја носи в раце Ели, која беше доста дебелка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога клинците кои ги познававме ќе добиеја нервен слом или ќе извршеа самоубиство, луѓето зборуваа: „Гледаш! Ете!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виделината нераскинливо ги поврзала раѓањето на синот и смртта на мајката, и додека растел, тој чувствувал како во него разгорува некоја жестина наследена од непознатата жена, која не стасал да ја нарече мајка...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За пријателите има секогаш време. И разбирање. Си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега почувствува мирис на праз и кромид, а зад затворената врата во кујната го слушна шиштењето на шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ралф Валдо Емерсон, Природа Зборот „кибернетика” го смисли Норберт Винер (Wiener); во 1948-та тој напиша: „Решивме целата област на теоријата за комуникација и контрола, сеедно дали на машини или животни, да ја наречеме кибернетика; зборов го изведуваме од грчкиот збор за кормилар (сиц!).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којо Пипиле кога дозна дека ќе се венчаат, му рече да не ја зема Марија за жена, зашто во неa има нешто кобно, фатално: досега ѝ умреле неколку мажи што ги имала. А пред да ја земат биле здрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Очите ѝ биле поинакви кога погледнала во дојденците; го оставила јамакот пред возбудениот Куно Бунгур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам. Не знам, како да ја решам дилемава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Виљушките на обајцата завршија во чинијата со кавијар од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ами, ако не можам да ја познаам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше да стигнат побргу, да ја зарадуваат грижната Бојанова мајка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни да ја кренам раката кон некое од копчињата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зграпчив една близу до главата, ја стегнав тупаницата и тргнав да ја вадам раката.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како да одеа во средиштето на животот за да ја одградат браната на реката на запрениот животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој својата ситничка, дробничка баба Митра може исто така да си ја стави под мишка и да ја носи каде што ќе си посака, а не пак да ја послуша кога го кара.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, чувствував дека ме гледаат со некоја скриена почит и срам од восхитеноста што не можеа да ја сокријат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Борко замижа, не можејќи да ја поднесе глетката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зошто да ми е срам? Срамота е да лажеш, а не да ја кажуваш вистината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеше да биде каков сака, оној, можеше да биде и еден од оние, што крадат, требаше само да ја сврти пушката кон она ѕвере, да ја насочи кон неговите ребра, или нишанејќи во нив, барем да го закачеше во задниот колк, сандакон сега ќе ни беше полн така што ќе да ги викневме нагости дури и сите оние волци надвор, и пак да остане за нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во МОМА, 3 табли беа поставени на штафелаи, додека останатите беа расфрлени околу платформата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега татко ми сака - од една страна поради бизнисо и опстаноко – да ја мажи Томето со него, од друга страна, ми се чини дека не сака да ја става фамилијата во ризик да биде изложена на евентуални пониживања од страна на гркот, во иднина, со сево ова шо се случува Грција.“ „А Томаица?“ праша Петар тивко.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вера почнаа да ја фаќаат овие зборови на Пера, но истовремено како да чувствуваше некој стреж.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во почетокот ја задеваа Нешка девојчињата — врснички и — кога одеше на вода, на река или на свињар да ја истера маторицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако веќе ме дупат у здрав мозок почнав да размислувам како би можел во таквата ситуација да профитирам, односно да успеам да ја наплатам таа мозочно сексуална активност.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еве оваа глупост ми се откачи, и тоа токму пред мојата Јана, но толку спонтано ми дојде што морав да ја изречам. Иако горчеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Биди умен, куме, покори се. Онисифор Мечкојад ја извадил десната рака од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И четврто, со ЗПЗСО е утврдена обврската работниците да ја известат Управата за јавни приходи доколку работодавецот не им достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси во рок од 15 дена од денот на исплатата на плата, дел од плата, надоместок на плата и друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај до 15 февруари наредната година (чл. 22).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпосле тој мораше да ја прифати навиката просто со наведната глава да излезе колку што може побрзо.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но мислата која сега ја глоде потаму нема да ја следи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но само да ја префрлат Слива и да ја прегазат Црна. – Нѐ изигра кадијата со измама!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Рибата ја држам, не помислувам да ја пуштам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Морав да ја земам! – Убаво си сторила, мила!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оние што доаѓаа бараа да ја видат неговата одаја, и неговите шејови, а јас им велам дека во одајата има само една преслека од момчето, другите алиштенца се од мојот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Проста жена, ама мајка ти е не можеш да ја смениш. Таа прва ти дала да јадеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Акција е хартија од вредност [којашто може да ја издаваат АД и КДА] во којашто е претставен дел од основната главнина и во која се отелотворуваат правата на акционерот кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото (чл. 3, ст.1, ал.2 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАНЕ: Да ја утепам вечерва месечината за тебе.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Клетата таа, иако шест пукоти чу, не се мрдна од местото – таков е адетот, - туку чекаше со Трајанка на раце да тропне мажот, да ја отвори вратата и да рече: „Ме чекаш ли, о невесто!“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сметаме дека токму неговото творечко испреплетување на разни медии е она што Ле Гак го прави интересен и, во крајна линија, го квалификува да влезе во ова хибридно и „копиљско“ списание кое има тенденција да ја руши „светоста“ на медиските канони.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И, прва трчам и се натпреварувам со него кој прв ќе стигне да ја отвори капијата, кога како кутре ќе го препознаам звукот на моторот на првите гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кој беше тој, Јоханес Гризебах, со осквернета рака да ја симне маската и да открие дека зад неа нема никого?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И Мустафа Кемал Ататурк ќе ја објави на 1 ноември 1928 година лингвистичката револуција за да ја замени арапската азбука со латинична азбука.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш го споменува Волкојанецот кој, и покрај тоа што знаеше дека е врзана за креветот, имаше храброст да ја побара за жена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
РИСТАЌИ: Се разбира дека е така. Јас имам право да ја дадам кому што сакам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја советуваа да држи диета, да пие лекови и тревје за слабеење, да се движи, да работи, но пак ништо не помагаше, ја ставаше Дукле на вагата да ја измери и гледаше дека се здебелува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Клекна крај него и намигна во мракот. „Клинец, можеш ли да ја викнеш Јана од дома?“ „Зошто да ја викнам?“ праша детето. „Кој си ти?“ „Еден поп“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Брзав да ја завршам апсурдноста на оваа случајна децениска средба во која прашањето „како сте“ сосема природно изостана.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дури во пролетта во 1942-та дојдоа, од Прилеп, со џип, потпоручникот Куцаров и двајца германски офицери; го собраа Крсте Јанчески од дома, го качија во џипот и го одвезоа на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но кога се стокмија тоа да го сторат, на вратата од куќата најдоа напишано: „Никој да не се осмелил да ја гибне куќата!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сакала да ја оставам во тревата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом ќе си легне до зазорување ниту рофја не го разбудува - поначесто си помислува, ама не му кажува да не би домаќинот поинаку да ја разбере, па да се навреди или да ѝ се налути.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Надвор, низ отворениот прозорец, достигаа зборовите на учителот: - Бузо, значи, ти се обидуваш да ја прикриеш причината за она што станало...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Кажи ги еднаш тие околности“, нестрпливо и вреснав во слушалката, но не за да ја исплашам туку за да ѝ помогнам, но таа изгледа воопшто не беше подготвена да слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми зема крв, се разбира - за да ја тестира виталната органска функција и отпорноста кон болести.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Ууу, братко, — се јави невестата Менка, која што се спремаше да оди да ја вика Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се плашам и да помислам дека ние, луѓето, одвреме навреме се повторуваме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не бев сигурен дека сакаше да ме навреди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ја пронајдеш каде било и да и се предадеш од глава до петици.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чекај, чедо, не брзај, земи збогум со сестра ти, таа нема да дојде со нас, не чини да ја затвораме куќава сама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Што да чинам, сѐ е господова повелба, и јас останав сама ноќе со солзи да ја топам рогозината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Настојуваше Јана сета болка да ја прикрие со изнудената насмевка на своето лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да џвака нешто, да се залажува. Ја подзема сламата со јазикот, почнува да ја врти и да ја крцка со забите и мене ми дојдува убаво дека ѝ ја погодив мислата. Магарето само стригнува со ушите и се свртува кон другата страна. Налутено, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Записите на патописците досега ги сфаќав како литература која може да содржи произволности, но денеска на камбаната во црквата ја сретнав годината 1861 и имиња на луѓе со име и со презиме кои дарувале во свое име од доброчинителни побуди и за да ја стекнат милоста божја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не му беше срам на сред игра да се издели од децата ако ја заушеше негде во дворот невдоапно да ѝ скокне на половината, да ја счепчи со нозете, со едната рака да ѝ ја раскопча блузата ас со другата да ѝ ја извлече едната цицка голема како фуска и веднаш да почне да смука.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа сега одеше постојано подобѕрната, сѐ дури тој не се свести да ја наполни пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш Марко Крале ја натрупа неа в торба и посегна да ја подигне барем до својата брада.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пред да ја постават двајцата снажни болничари пред нејзиниот кревет, таа не заборави да им се заблагодари.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се измивме на јазон, фрливме вода преку рамена, и се токмам да разотворам врати, пенџериња, да ја сменам водата во стомните, да заметам, да проветрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ондин на тоа почнува да ѝ удира шлаканици и да ја навредува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
СТОЈАНКА: Еве, уште малце, да ја исплакнам чашава...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но не сакав да верувам дека во срцето на тој што го сакав имало место за такви чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АНЃЕЛЕ: (се подбива со Ката.) Требаше оваа година да ја избриче за да не паѓа снег.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таму нашите каурски царови извадиле голема војска да се бие со Турчинот, но како рекол господ да ја загубиме царштината, од сите парчиња на кои бивале раздробувани Турците никнувале нови Турци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред да ја изгради таа увереност, веќе ѝ говореше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Џулија, меѓутоа, како да не беше во состојба да ја спомене Партијата, и особено Внатрешната партија, без да употреби некој од оние зборови што се среќаваат испишани со креда по клозетите. Не му пречеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ја отворев уште тогаш таа врата и да го минев нејзиниот праг јас ќе ја задржев посилно во меморијата на мојот живот таа храбра таткова Мајка, Хазбије анм со силен инстинкт низ своето постојано жртвување во животот да ја спасува својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакам да ја закотвам! да не мрда веќе!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Требаше само да седнеш и да ја слушаш. За тетките. За нејзините братучеди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Биди мирна, биди кротка! - шепотеше Бојан, настојувајќи да ја смири, трудејќи се животното во неговиот глас да насети добронамерност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А поарно беше да не го правев тоа и да ја сонував зелената влага на долината во која ми призна гледајќи празно дека со мене те сврзува нешто повеќе од љубовта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше куса коса извиткана во ситни јазли, не мораше да ја чешла, ниту пак ја чешлаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го зафати желба да ја види час поскоро гредата што требаше да биде неговиот срамен столб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои држави им дозволуваат на месните власти да ја забрануваат продажбата на пијалок во баровите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додека вечераа мајка Перса не престана да зборува и да ѝ се восхитува на Роса, а Пелагија ја поплати чувство на вина што таа и нејзината Пеличка имале среќа да ја сретнат мајка Перса, а мајка Роса со толкаво јато сѐ уште да остане во подрумите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Даниел цел ден не можеше да ја заборави девојката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
_______ 1 Неколкуте раскази со постмодернистички клуч од Црни овци, сепак не се доволни за да ја пополнат потребата која е очевидна во Република Македонија за издавање на една антологија/селекција на современиот, постмодернистички расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само да ја отспиеме зимава предвидлива – ние капетанот и ти, и уште едно ти. 09.2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дури и да успееше да ја разбуди Кетрин, да можеше да го постигне тоа, тоа ќе беше нешто како заведување, сеедно што му беше жена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разбудена од бакнежот, просветлена од необјаснивата убавина што може да ја предизвика простата физиологија, тогаш, во далечната летна вечер, таа почувствува носталгија за тој чудесен свет што никогаш пред тоа не го доживеала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со гусочкиот клун како да ја спобркал сенката на смртта што кришум, без тие тоа веднаш да го сфатат, ги поклопувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИЛИЈА: (зема збогум со Антица и сака да ја бакне, кон баба Анча).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таквиот предлог според нив "може да биде поздравен од Бугарија како краен договор за нејзините претензии кон негрчка Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Напиши го твојот сопствен Најнов завет, имајќи на ум дека доброволното мачеништво е невкусно, а распетијата, како и нуклеарната војна, можат да ти го расипат денот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и секогаш, високите требаше да бидат истерани од власта од страна на средните, кои потоа ќе станат високи; но овојпат, со свесна стратегија, високите ќе бидат во состојба да ја задржат својата позиција засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според него, луѓето уште не созреале толку за да можат да ја утврдуваат причината за она што постои како и причината за она што не постои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Очигледно беше распаметена од страв. Помислата да ја одбие не му ни падна на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас уништив, нападнав, критикував, жртвував еден прекрасен народен обред за да ја добијам, да ја привлечам Луција со спротивно мислење; јас бев готов да ја продадам државата за неа; јас, во суштина, лажев; на сила бев предавник на народното, само за да ѝ го свртам вниманието на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа, разбудена од неговите вознемирени движења, се обиде да ја сврти работата на игра - го заскокотка по стомакот, а тој скокна од болка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- И секој воденица, а? - Секој. Не можат мајкојдците да јурнат како на една воденица и да ја урнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ај, не мочај пругоре! Оној како да ја собра ногата, бог да го прости!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го употреби вчера, како коментар на оној мој предлог, мајка ми да ја погребеме ние двајцата со две-три момчиња што ќе ни помогнат да ја качиме на ридон.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа пот што ја даваше таму, да ја дадеше како помош за носење материјали до гробот на брат му, ќе беше работата што ја презедов јас, каде-каде напредната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Континенталната мисла беше и продолжува да е богат извор за сегашното феминистичко теоретизирање; токму проблемот со „ние“ може да го наруши Холандиното барање континенталната мисла да ја игра улогата на философско сидро, повеќе отколку што таа претпоставува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Штом е така, - рече баба ми, - ќе можам да ја искористам за правење пинџури ајвар уште есенва, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа му го фрлаше тенџерето и бараше кибрит да ја запали куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Деспина ти е на ред, а колку што заушувам ѝ се чакнуваат очите со на оној што ја накитил така убаво книгата за пред Одборот! и на овој дел гласот на Пелагија како да ја разбуричка крвта во образите и на мајката и на ќерката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Никако да ни тргне од рака таа тешка и мачна работа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немаше правила. Заробените мисли се ослободуваа од оковите, летаа некаде кон бескрајот, итаа да ја соопштат веста за победата на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Писмото го завршуваат вака: - Низ целата година ќе ги подржуваме еко активностите, со цел да ја разбудиме свеста кај загадувачите, па конечно да превземат мерки за заштита на локалната средина, зашто тоа е еден од најважните услови за еден здрав живот во нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поентата која би сакал да ја нагласам е дека во споредба со интенционалистичкото гледиште, експланаторната моќ на обете опции до извесен степен е намалена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште повеќе вознемируваше обликот на неговата глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има една планина на лицето од земјата“, рече Филозофот, „што се вика Папок. Одиме да ја посетиме“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бргу го свртува листот, да ја покрие.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се најдов во позиција да ја бранам земјата во туѓина, која однатре беше жестоко напаѓана и оспорувана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Немој да ја малтретираш ќерка ми... да ја тормозиш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога би имал камера и кога би зумирал, човек би можел да ја види мојата отворена дланка и грчот на лицето во настојувањето да ги видам поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да можеме да ја подобриме позицијата на работничката класа и аналогно на тоа да обезбедиме носење на позитивно - правни прописи кои ќе го штитат работникот, мора да создадеме клима во која законите кои му даваат привилегија на трудот ќе бидат почитувани!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сакав да ја смирам, да ја предупредам дека јас сум сигурно во првата третина ученици која ќе го помине класот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Немам ништо убиено, рече сапотничанецот, мене сакаат да ме убијат. - Кој, праша војводата. - Браќата на Доста, вели дека сакав да ја грабам
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Хана, соземи се Хана ... па зар ќе дозволиш една ваква шеговита игра да ја растрои твојата личност?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неговата формула, ќе може да ја репродуцира и обновува природата, и во услови да биде уништена...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ништо не можеше да ја поколеба во одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми дошла облечена во руво невестинско и ме моли да ја спасувам...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бевме да ја демонстрираме брзината, што се вели, да нѐ покажат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И одеднаш пред него се испречи бушаво планинско човече, непотстрижено откако е родено, со чпртав нос, со очи на див елен, човече кое чека само да му тутнеш нешто в муцка, па да ја смагли во шумата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. А која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сѐ што правеа тие беше да ја одржуваат во него вербата, или надежта, дека и други покрај него се непријатели на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покрај нејзиниот Стојо, три сина и две ќерки, сите како од вреќа истурени, малечки, ѝ се наметнаа на главата и двајца девери —вдовци. Црна Митра, место не може да ја фати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Појава која не можам да ја поднесам повеќе од два часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бевме приморани со брод да ја вратиме дома.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Не повеќе, рече Лу, сега ја следи книгата за бела магија, која зборува како да ја реконструираш структурата на своите ќелии - се занимаваш со своите ќелии и пиеш, да речеме, јогурт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Турција не може да ја зачува таа своја провинција без содејството на месното жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А колку е очајна состојбата на ова поле покажува и податокот дека дури половина од вработените месечно не заработуваат за да ја наполнат т.н. „потрошувачка кошничка“ – за која, според статистиката, се потребни 12.200 ден.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во состојба меѓу јаве и сон, борејќи се за секоја молекула воздух, Томо цврсто ја стегаше раката на Рада, како и самиот да чувствуваше дека мора да ја добие трката со времето, а тоа како да сакаше да му избега оддалечувајќи се молскавично.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше ред кој кога ја зема зашто сите сакавме да ја имаме со нас, не толку заради учителот, колку заради неговите дечиња, кои рано останаа без мајка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дино престана да ја цица коската и ме погледна, и тоа ми се чини дека ме погледна многу сериозно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Утробата на Креклајт се распаѓа а неговите животни соништа се распрснуваат среде физичката убавина која ниту режисерот ниту снимателот не се обидуваат да ја намалат, туку ја слават.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттаму и неговата изрека „Sapere aude! Имај смелост да дознаеш!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, на тој пат, како што пишува Г.Пирински, „покомплицирано е прашањето за Грчка Македонија, каде што силниот прилив на Грци од Мала Азија и протерувањето на голем број Македонци очигледно го промени етничкиот карактер на тој дел од Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја жаба или мува можат да ја променат стратегијата во обид да ја максимираат својата прилагоденост која може да се определи како шанса дека организмот ќе опстане доволно долго за да се размножи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И да ја влечеш по земја мајката, со кукачка да ја влечеш, таа пак ќе те жали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очигледно е дека таквата реклама, како и онаа за лаковите „Саполин“, би можела да ја заскокотка Дишановата фантазија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа успеа. Највеќе од сѐ мразеше кога алиштата се простираа закачени на сите страни така што човек мораше да ползи под нив за да ја мине собата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да ја распалам твојата болна душа и да ја разбудам својата. Таа имаше мал белег под десната дојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Прва работа што треба да ја сфатиш е дека на ова место нема маченици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сакам да ја согледам слоевитата текстура околу која се преплетува она што се нарекува судбина и случајности“, велеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оттогаш, секое утро се разбудувам пред муграта и ја гледам. Ова ми е прво утро да ја видам вака валкана, градска.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ова проткајување ни овозможува за првпат да ја видиме врската помеѓу философското барање за чистота, гледиштето дека жените на некој начин се непрочистени, подреденоста на жената, и „вирилната хомосексуалност“ (вид машка сексуалност која што Ева Сидвик ја нарекува „хомо-хомосексуалност“, јасно предочена со тврдењето на Жан Жене дека „мажот кој ебе друг маж е двапати маж“).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се сугерирало „југословенскиот офицер да не знае каде е спуштена втората група“, која требало да се спушти по враќањето на првиот авион.73 Меѓутоа, непосредно по спуштањето Моргановата мисија не успеала да ја изврши поставената задача.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Го наполни бокалот од една од помалите бочви и, сеќавајќи се на Милановата опомена добро да ја затвори славината за да не капе, извесно време клечеше и гледаше дали славината капе и, кога беше осигурана дека не капе, стана чувствувајќи ја вкочанетоста на зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одвреме навреме знаеше да ја потсети Рада дека истата плата што ја заработуваше како наставничка може да ја заработи продавајќи јајца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Штотуку се беше вратил назад на првата глава, кога ги слушна чекорите на Џулија по скалите и стана од фотелјата за да ја пречека.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пресудата беше спроведена доброволно, без да има потреба да ја иницира понатамошна извршна постапка, на која беше решена. 77 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Застанат така, речиси неподвижен, покриен со смрзнат снег по телото и по лицето, наоблечен и наоружан, потпрен со раширени раце на вратата, беше како некој столетен даб, што мрачен и инаетлив ѝ се истопорил на зимата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овој марифет и Бегот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Одговори ми!“ извика таа. „Зарем си луд да ги трошиш парите, тукутака, на облека што нема ни да ја носиш?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Впрочем, и денешниот облик баклавата го доби откако влезе во големите кујни на царската палата Топкапи во Цариград и стана култно јадење во царството и надвор од него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеш да ја видиш опачината, не можеш да продреш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се растревожил, па наместо да го засили гласот, ја променил станицата и потоа не можел повторно да ја најде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш почнавме полека да ја насетуваме прекрасната вистина, односно причината за нашата тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тогаш согледав дека можам да уживам во љубовта и во радостите на стварниот свет и почнав да ја мразам болницата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но на крајот заклучуваше дека сепак е најдобро, веќе да не ја отвора касата, а да не дава повод други да ја отворат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислите му шетаа некаде по Трибор, по Рожден и ја бараа солунката која треба да ја замени неговата Стојанка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми требаш како на поетот болката за инспирација во сонот да ја вратиш насмевката .... да ја снема тагата во моето срце.... да заспијам мирно, тивко...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Што ти направи, братче Јоне, со страв му вели Уља, јатрва ми, што ти направи, вака да ја мачиш? - Прдна, викнува Јон и луѓето се засмејуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само тоа, синот и нејзе да не ѝ каже за својата намера да се замонаши, плашејќи се, сигурна сум во тоа, не дека таа нема да ја разбере неговата обземеност со верата, уште помалку дека ќе го негира неговото право на избор на свој светоглед и начин на живот, туку дека ќе моли да го поштеди татка си...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе треба само уште Мајка да ја убеди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ја сретнав ВЕРА се заљубив веднаш во неа но знаев и да ја изневерам а таа знаеше да прости
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се сеќавам: спиевме на една падинка, стрмно место. Одвај да ја задржиш снагата, да не се истркалаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сликата за поезијата има една посебна функција: се чини дека во изразниот комплекс најсилно од сѐ може да ја одрази имагинацијата на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе ја фрли зад некоја грмушка, зад некој камен и со лазење ќе појде за да ја земе, да ја украде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако во некој, и за мене самиот непознат дел од мојата помисла можеби и постоела некаква намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Митра и сама сакаше да оди на вода, но се решаваше дали да ја води Доста. Може ли пак да не ја води?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако уште млад, тој мораше да оди на дрва во Караорман, сам да бере дрва, да ги продава во Струга и да ја издржува целата куќа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Ајде, боже, поможи, — се провикна Тренков и тргна напред, пред оваа собрана армија, за да ја одведе на бојното поле — селото Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бојан полегна, па почна да ја пребира откосената трева, да бара јаготки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Пријателе, ние ја носиме лагата во себе и едно не знаеме: дали нѐ одржува таа во живот или ја негуваме за да ја забрзаме својата смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Сакана и почитувана писателке, Ката Мисиркова - Руменова, почитувана директорке и мили наставници, драги соученици и соученички, имам голема чест да ве поздравам и да ја отворам денешнава долгоочекувана средба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба да ја смени собата, вели Маса Ќулумоска, или треба да ја смени куќата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Исто така, престана да постои и одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен потребата од приправник да ја пријави на организацијата надлежна за работите на вработувањето, заради јавно огласување (чл. 6, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И ќе нарачам две сарсапарилји за нас, Кора, а потоа ќе се одвезам со нашиот Форд од 1910 до Ханахан Пиер за да земам спакувана вечера и да ја слушам лимената музика. Што велиш на тоа?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некој друг, пак од социјалистите рекол - доста страдала оваа старица, да ја оставиме на мира. Нека остане во куќата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Старецот претпазливо го крева шишенцето до мустаќите и се врти кон мене. - Лута, оган да ја сотре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговиот живот мина близу или далеку крај неколку балкански владетели од последниот султан Рашид V, Мустафа Кемал Ататурк, Кралот Зогу, Енвер Хоџа, на крајот Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цела планина да ја запалиш не можеш да собереш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеше да ја види целата белка околу ирисот во очите на Џулија. Нејзиното лице стана млечно жолто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- И пак, со сета сила и со сето сребро и злато, од меџидии до лири, не можеле да ја победат судбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го чекав, со по некоја мисла што ми заминуваше и се враќаше, а беше густа и леплива, како летното пладне, и не можев да ја расточам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бургиба ја забележа зачуденоста на Арафат и продолжи: Но јас овде денес дојден да ви кажам, во името на мојата организација, Ослободителната палестинска организација, која ги претставува Палестинците и ги брани нивните интереси дека јас сепак ја прифаќам поделбата за да се избегнат новите страдања на мојот народ и на нашите соседи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сите почетни сукцесивни фази од почетоците на минатиот век, па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел: да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност самиот ти си тој што треба да ѝ ја погодиш мелодијата за да можеш да ја чуеш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Диктатура на потсвеста, која е фатена таму каде што ни самата, можеби, да ја потпрашал некаков филозоф- планинар, не би признала дека сака да биде, за таква, крута и грчовита, историски да се претставува како некаков, не дај боже, сатрап.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зад нив снегот се пластеше. Ќе ги завее трагите... Ама тагата чемерна не може да ја завее...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со чувствата создаваме магија, мигови на очовечување, ги отвораме сетилата за да ја впиеме страста, надежта, мирисот на животот, патуваме низ некои непознати, волшебни, езотерични простори, сосема нов свет на поспокојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во почетокот, всушност, не успеа да ја сфати поентата на приказната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да ја снема Мила, нашиот учител доби тужба од судот поради недозволено чување кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пенис Се продолжува себеси за да ја продолжи врстата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не ми се закануваше. Можеби се лутеше на себе што ме остава навреден и понижен, можеби ја сожалуваше недозреаната младост во мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш навистина како да ја поклопила магија на пролетта што не можела да биде далеку од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„На местото на кое никогаш нема темнина“, рече тој, како да ја препознал алузијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Измачувањето ќе си го чува за себе за да може да ја направи поднослива тагата на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Смокот носи сукцес за куќата, велеше баба ми Нача, бог да ја прости“, рече Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Синдикатот и сојузите можат да бараат од судот да ја забрани дејноста која е спротивна на правото на слободно здружување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На излезот од грнчарницата ја удри некој топол воздушен бран што ѝ помина по коските како земјотрес. За малку да ја кутне, да ја онесвести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како што јас посакувам да ја вкусам нивната земја, мажот сака да ја види убавината што се крие под кимоното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Таа го мразеше тоа, но ништо не можеше да ја спречи да го прави.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојано се шегувавме околу одењето таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Обидот на Симона да ја преземе улогата на Бог, демијург којшто ќе „донесе“ вода, е презрен и „закопан“ без вистински причини, со наполнувањето на бунарот како симболичен чин на каменување на самиот Симон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И затоа ќе одам во Рим, Богу да се исповедам оти и јас гледав со очите на нечестивиот и согрешив; оти сум видел нешто што привид е, а привидот е дело на нечестивиот; одам да ја уцврстам вербата своја во Бога, ако веќе не е предоцна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев уверен дека немам од што да се бранам а знаев дека нема поголема глупост од онаа, да се бориш со замислени ветерници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекаше самата да го одреди мигот кога расцветана ќе дозволи да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се ужасуваше од помислата дека може да ја изгуби Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го молеше свети Ѓорѓија да ја убие со копјето чумата како што ја убил змијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во една прилика, на мојата сопруга Гзиме, со тон на доверлива добрина рече, да ја чува секогаш жива нејзината насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пардон. Пардон, пријатели. Тоа е само Еди Бакс, Брзиот Еди увозник, со неговата професионално неодредена спортска торба и ве молам, не обрнувајте внимание на овој прорез широк колку за да ја пропушти десната рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овде задачата не беше доделена како наметната наредба, туку како заеднички оформена вежба која Џон би можел да ја користи како потенцијал за промена, доколку сака.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Во таква несвесна состојба јас се обидов да ја извадам испуканата чаура и да ја пренаполнам пушката со цел да пукам во себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Те гледам тебе во неа, насмевката... не можам да ја лажам љубовта, таа ја чека својата за сон...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Наведнат над листот, се напрегав да ја следам мислата и да го дофатам зборот со сиот волумен, широк и дрочен како големата дрочна месечина што виси ноќва над Маказар, „селото со седумдесет куќи и двесте и осумдесет жители“, како што пишуваше во својот патопис Јохан Барт, сместено одамнина крај стариот пат Виа Игнациа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И јас тоа го почитувам, го почитувам вашиот избор, само ве молам и вие да ја почитувате мојата работа и да не се мешате во неа,” рече доктор Гете, и продолжи да го плете долгиот црн шал. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ти е жал да ја гледаш жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
159. Незадоволството на Мисирков од „македонските пишувачи” од XIX и почетокот на XX век може и да се разбере, но несфатливо е како не можел да ја согледа појавата барем на еден В.Чернодрински, чии дела беа печатени или претставувани на сцената и пред напишувањето на книгата „За македонцките работи”, додека самиот Мисирков беше негов личен познаник.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Парацелзус го испрати до работ на скалата и му рече дека секогаш е добредојден во неговата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од излет човек може да донесе дома и освежување, да ја скрши монотонијата, да ја раздува зачмаеноста, да ја разбранува жабокречината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој нивни правилен став за улогата на Европа и на масите во ослободителните борби не им пречело на луѓето од МТРК и на гемиџиите слободата на Македонија сепак да ја очекуваат од интервенцијата на Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Ние се спремаме да одиме во Бугарија, да ја поразбистриме работата, но во тоа прашање не сме едногласни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мажите, повеќе на подбишега, а и за да ја проверат јунаштината негова, го прифатија облогот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да го ставиш комарникот, па дури после да ја покажеш главата, да се појавиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Процесот на лаицизацијата на државата, пред да го постави Margina #32-33 [1996] | okno.mk 83 за темел на политичката заедница индивидуалното право на поинакво мислење, го утврди компромисното решение на допуштање на верска и морална заблуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Земете, ракијава нема кој да ја пие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За прошетки и забава избираше места и друштва каде сигурно знаеше дека нема да ја сретне.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, сега стариот прв стануваше: одеше на пазар колку да го покрие дното од торбата со поевтин зеленчук, па се враќаше дома да ја исрка попарата од млак чај или кисело млеко.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На цела една генерација на психијатри веќе не им е познато какви се тие луѓе кога се без медикаменти... разговарал: Anthony Liversidge: OMNI, април 1988, New York
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Не“, реков јас, повреден што таа гледаше во Земанек и разговараше со него, како јас да не постојам, иако јас бев тој што требаше да ја изведе точката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој и Бојан беа дојдени на Рамни Ливади, да ја започнат годинашнава косидба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вилиците на кловнот се вкочануваат. Сака да каже нешто, со водопад од зборови да ја измие страшната клевета, да докаже дека не е така.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Напротив, без збор мораше да ја средува куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој друг ќе знае. (Вади да ја дарува, а другарките почнуваат обредна песна за свршувачка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Но Мајка веднаш му ја расчисти дилемата: – Решив да ја продадам, дури и за вреќа брашно!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мечката силно се навредила, ја здоболел грдиот збор, па му рекла на човекот да ја удри со секирата по глава.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во испратениот допис тие се осврнуваат на телеграмата на амбасадорот Рендел од 13 јануари 1941 година во која тој сугерирал дека Британците „би требало да ја употребат ‘Македонската револуционерна организација’“ и дека „сега тој е многу поубеден во својата сугестија отколку претходно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помисли дека и без да сака дозволува необичниот дури и срамен оган од играта на Радуле и Стојна да ја зафати, поточно на посреден начин да ја помилува и неа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги виде во модрите ниви голите страшила, нивните очи полни со страшна празнина и рече - попе - не - попе, душата ти е празна а можеше на неа на три ката да ја сместиш малата Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ - добрина, смирение, љубов и прошка - да ја скротат злобата! Сегде да има помин... ****
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Чавката скокна и нервозно леткаше како некој да ја жегнал со вжарена гламја. – Ако нешто ти треба, мораш однапред да ми кажеш!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Гостивар е: П.бр. 139/96; а во Врховниот суд на РМ: Реб.бр. 189/95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете зошто тој се согласи уште пред три четири години да ја земе Сивевата посестрима Велика за жена, та да си остане доживотен момок кај Сивета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги подавав рацете кон компјутерот, сакав да ја гушнам твојата слика што ја имаше ставено на Фејсбук. Плачев и плачев…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Трети ќе најдат оти јас проповедувам некаква надеж за поправување на Турците спроти нас и на европските реформи во нашата татковина, кога досега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сака и ќе сака реформи во Македонија, ни големите држави се наклонети да ја принудат Турција за да ни даде некакви, па и најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но за жал малкумина се оние кои се спремни да ја запостават личната корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сигурно затоа месноста околу секоја вода не настојуваат да ја претворат и во населба за летување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Козарот со своето поведение и страв покажуваше дека надежта е инстинкт што може да ја убие само мислата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На патот секој ден работиме. Од зори излегуваш и цел божји ден не смееш да ја испуштиш казмата, лопатата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можеше да се контролира.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Боге од Бањи го носи сандакот - јавуваше Даскалов. -Сега можеш да ја запалиш големата свеќа. Погледнав повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дувнуваше со устата за да ја исчисти.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Силата на прочуениот балкански фанатизам ги разделила и тие дури и не се обидувале да ја осудат причината на разделбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Низ измачување се обиде точно да ја разбере идејата за ликвидирање на Рози која му беше вкоренета во мислите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе биде тоа време на деколонизацијата во светот и нивните идоли ќе бидат водачите на ослободителните борби на своите народи како Кенијата, Лумумба, Хо Ши Мин, Бен Бела и други.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека песната одекнуваше, Џеки гризеше на картонската кутија и си правеше отвор за да ја протне муцката да дише.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се отсели Тане, а Оруш долго време размислуваше што да прави: да продолжи ли да ја гради куќата или не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Во неа јасно стои дека никој досега, ниту од името на власта ниту пак од името на некој поединец, ниту случајно, ниту намерно не и ја одземал скапоценоста околу која толку жестоко се зазедовте.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или едноставно не сакал да ја сподели со жена си. Зар беше в ред тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сум чула толку неубави работи за неа и сега ми дојде назгодно да ја прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Втора работа што треба да ја разбереш е дека власта е власт над човечки суштества.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
” •Да, се согласувам, но во овој филм психолошката ситуација е пред сето останато и малку им се посветува внимание на сцените кои објаснуваат, токму затоа што тие и не тежнеат кон тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тука особено е важна одредбата на ЗИТ (1997), според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Делењето е вештачки создадено од балканските државички со намера да ја делат Македонија со стекот на околностите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука дојдоа Толе и Андон. Но не да ја поделат радоста со Маргара, ами да ја опфатат со своите соколови очи својата земја во која стенкаат нивните браќа и другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Уште повеќе се вкопа во земјата и чека и не може да ја истера лошата и злокобна мисла. Се залепи како лишај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни омајничкото ветре не можело да ја избрише насмевката од лицето на Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го унаказија човечкиот лик Агостини Ремело (1531-1600) напиша една денес мошне ретка книга: Le diverse et artificiose Machine. Да ја погледнеме неговата машина за читање. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 191
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Не знам“, рече таа тргнувајќи го погледот од него и фаќајќи се за копче од блузата да ја призакопчи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Полнета кокошка со компири и сос слета под мојот прозорец. Дали да ја изедам?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зар нашата болка е неколку сантиметри поголема од вашата?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но тоа беше само интелектуална одлука, донесена затоа што знаеше дека треба да ја донесе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако Партијата може да ја подаде раката во минатото и да рече за овој или за оној настан дека никогаш не се случил - тоа бездруго е пострашно отколку обичната тортура и смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас знам шо ќе си посакам! Знам! Сакам да ја запознаам мојата љубов, мојата животна љубов, оној со кого ќе го поминам целиот живот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
СТЕВО: Јас сум син ти Стево, а ова е мажот ти Димитре и аман кажи му да дозволи да ја продадеме куќава за да стокмиме пристојна пара и да се скрасиме на некое друго место.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Тоа е кондом”, липаше и плачеше толку силно што кимоното ѝ се отвори и можев да ја видам контурата на таа работа врз испапчувањето на нејзините пупки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се гледа дека не му е достатна дотогашната љубовна игра и сака да ја продолжи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Розова, со многу нијанси, во длабочината темна, а по рабовите станувајќи сè посветла, нежно зрнеста, со нерамномерно засирена крв, отворена како надземен рудник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разбра? Наредба на политичкиот! И немој да ја жалиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На сите прашања молчев, стоев со наведната глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама не, децата како да ѝ лазеа по мислата, туку се нафрлија и неа да ја гушкат и бакнуваат, а таа тогаш избликна во едно Оф оф оф миличкте на тетка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Нејзините гради и детулето вредат исто колку и оние на вашата хероина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Аха, ама се зафркнале! – се обиде Лета да ја игнорира новонастанатата ситуација.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури по неколку часа Рада во чекор тргна да ја следи жената на која годините ѝ беа оставиле видлива трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали е точно, на пример, дека сте морале да им се обраќате со „Сер“ и да ја симнувате шапката кога минувате покрај нив?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина, од тоа можеби никаква помош не ќе дочека, ама сепак кога ќе те ислуша пријател сочувствувајќи ти, ќе ти лекне како половината од маката да ја снемало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никогаш не ѝ го простив тој нејзин каприц да се покажува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шкорпија -елегија- Живот-инка што не би ја зел никој в скут да ја гали гал-гал, гуш-гуш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Штом го испија кафето Вера стана и се ракува со сите по ред. Татко ми тргна да ја испрати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога луѓето ги учат звуците (или фонемите) на Англискиот јазик на пример, тие не ги имитираат, туку се обидуваат да ја достигнат нормата, да го повторат стандардниот звук, и мораат да успеат во тоа ако сакаат да бидат интелигибилни во заедницата на говорниците на англиски јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сонцето згасна на запад, во морската вода, и веќе немаше кој да ја храбри.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излеговме со Сталинка и другите кози крај реката небаре сакајќи да ја провериме најновата историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— На лицето ѝ се оцрта задоволство, дамарите ѝ се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако јас морав цел живот да ја чувствувам твојата јамка, не мора и таа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А најглавното беше Бојан да издржи, да ја победи снежната опсада, да се зачува од сите зла што сакаа да го потчинат, да го скршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но внатрешната принуда не може да ја поднесе очигледната мрзливост, која тешко може да се одвои од статистиките за невработеноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така купуваа станови и џипови па фрустрацијата од нудењето сексуални услуги на старите пастуви мораше некаде да ја истурат, а тоа најчесто беше преку незастанување на пешаците низ скотските улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се доближи да ја види посветата, потписот беше негов.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Старецот ја зборуваше вистината: сеел цело време, а очите не ги отвори да ја види вреќата!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека вечеравме, раскажував. - Мамо, - ѝ реков, - што имам една случка да ти раскажам, вреди да ја ставиш во романот повеќе од сите што досега си ги смислила, само да знаеш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ПРАШАЈ СИ ГО СРЦЕТО
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тесен црвен појас, амблемот на Јуниорската анти-секс лига, и беше неколкупати обвиткан околу половината над комбинезонот, доволно стегнат за да ја истакне облината на нејзините колкови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едното дете живееше во шпанија со љубовникот, другото студираше на еден познат универзитет на Источниот брег.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А понатаму работите се одвиваа сами од себе, како водата кога ќе си пробие пат до ледината па никој веќе не е во состојба да ја контролира.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Судбината сакаше да ја продолжи борбата против овдешните паразитски микроорганизми, спасувајќи ги луѓето од вековната маларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Налет да се парите што ги спечаливме, рече во една нервоза, во една паника Анастас, сѐ в џенем нека фати, кога излез одовде ни нема, и почна да купува пијалок, да пие, да ја труе душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И верував на интуитивноста, кардинална појава чија причина за постоењето не можев да ја откријам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мора за сето време да знае дека таа е тука, но не смее, сѐ додека не стане потребно, никогаш да ја пушти да му се појави во свеста во која било форма на која би можело да ѝ се даде име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Треба да ја свршам оваа работа уште сега“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претходно, во 1985 година, беше предви- дена помалку експлицитна одредба (која е преземена во Законот за работни односи од 1993 година) според која работникот, за заштита на своите права, може да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Да ја сврти главата и да види какви се, би било незамислива лудост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја грабнав да ја тресам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ти и не можеш да бидеш минато, зошто научивме да се грижиме за светот околу нас, да ја балсамираме гордоста, да го делиме животот без да бидеме себични.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашата цел во оваа книга е да ги разгледаме различните видови сложени структури и поведение што ѝ се спротивни на интуицијата, внимавајќи при тоа на заедничките особини што би можеле да ја сочинуваат основата на некаква „наука“ на изненадувањето и сложеното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И колку тие да ја сардисаат четата, ти удираат на овчарот Ристета и овој, колку ги видел, почнал да вика: „У ош, ош, ош! Мрчо, Шарко, Лиса, кај ватите бесот да ве вати!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од градите ни се откинува тешка воздишка и заедно со неа и прашањето: зошто, Богородите, Ти, што на студ и влага, биена од силните есенски дождови и зимските ветришта, печена од летната жега, на карпа преспанска со векови траеш, не чуваше и не бранеше со Твојата рака да ја спречиш раката која Преспани ги избриша од Преспа?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Куршумот да помине покрај главата моја и да ја погоди неговата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Етнички народот во Санџак е многу сличен на црногорскиот, но нивната ориентација е многу повеќе спрема Србија, иако нивниот силен муслимански елемент инклинира кон Босна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од кога сум дојден во Скопје се немам качено на тврдината?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некој патем го прочита хартијчето што му падна од челото, го одбележа во книгата, ја тутна молитвата во џебот на дедо Васја: „Немој да ја загубиш“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чудната почит спрема О'Брајан, која изгледа ништо не можеше да ја уништи, го преплави повторно срцето на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПРВАТА ЖЕНА: Добро, тогаш сите напади нема да ги опишувам, само оние што мене ми значеа, односно оние што можат да ја објаснат мојата животна приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќе му објасниш да вози колку може позаобиколно, така што и стар софијанец да ја загуби ориентацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Предметот на љубовта мора да може да ја прими фантазијата за бучовската пожелност која благонадежниот љубовник ја проектира врз неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Има среќни денови, има тажни денови, има несреќни луѓе, а постојат и такви кои можат да ни го сменат животот засекогаш, без да се покаат за последиците, без да ја платат цената, без да се соочат со резултатите, зошто полесно им е да заминат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега тој мрмореше полугласно, како во себе да повторуваше лекција која подоцна требаше напамет и наглас да ја каже пред некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А сместувањето на ваквите податоци на страниците на божјите книги имало за цел не само да ја потврди, туку и да ја гарантира, вистинитоста на записите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така дојдов до „Чај за двајца“. И така се случи да ја прочитам вашата приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дење не можевме да ја минеме границата макар што немаше граничари, ниту од едната, ниту од другата страна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Парацелзус ја зеде розата и, зборувајќи, си играше со неа. – Лековерен си – рече. – Велиш дека сум способен да ја уништам? – Никој не е неспособен да ја уништи – рече ученикот. – Се лажеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новинарите најчесто сакаа да ја посетат „јужната република”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шетаме по селата, организираме: им кажуваме на луѓето која линија да ја држат, да не ја пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, А пак Силјан ќев имаше пазарџибашија да бидит; да беше кабил катаден да ојт на Прилеп на пазар, да купуат вино и ракија и друзи слатки работи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но да ја оставиме нашата судбина. Да апнеме од мезето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Каде, кај кого во Прилеп, не му кажуваа, но отворено му се заканија дека ако одбие да ја изврши заповедта, не само што ќе го затворат веднаш, туку овој пат нема да го пуштат жив да излезе од затвор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Плакав кога ја читав. Сакаш ли да ти ја дадам да ја прочиташ?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сакам да ја разбудам мојата Штура, им рекол, да ми отвори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој сосема реално расудувал дека „ништо не може да ја извлече“ Југославија од „руската прегратка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не сакам да ја видам, му вели татко, а не сакам и тебе да те гледам, му вели, и си пие цигара, се пули в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да знаеше каде живее и во кое време си оди од работа, ќе можеше да среди да ја пресретне некаде на патот кон дома; но да се обиде да ја следи додека си оди дома не беше безбедно, зашто тоа ќе значеше шуткање пред зградата на Министерството, што сигурно би било забележано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Режисерот од нашата делегација, кој не беше Албанец, го погледна непомирливо директорот, но сепак не рече ништо, не сакајќи да ја расипе претставата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оче Симеоне, кога тој човек би лежел на калдрма, ситен да ја сокрие под себе темната дамка што никогаш не личи на малинов сок, што би видел низ дебелите стакла?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ептен бев во небрано, јас и матев нешто околу јазикот, мене тоа ми беше професија, ама оваа директна атака врз мене, врз мојата концепција за животот, би рекол, не можев веднаш да ја сварам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така некојси кадија грешен врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака, да ја обесчести решен . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дури, при една неочекувана средба, на Елена ѝ се стори дека Марија сака да ја одмине. Да не се поздрави. На улица. Зарем нешто ѝ се замерила?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И родителите од Милчо отидоа со друштво да ја пречекуваат Новата година. И тој остана сам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но, ова е бесмислено. Секој мора да ја презема одговорноста за својот личен живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дома не беа ни татко ми, ни мајка ми, па морав сама да пробуричкам низ нивните фиоки за да ја најдам адресата на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете зошто македонската интелигенција, ако ги проучи подробно своите интереси, тогаш на прво место треба да постави и за себе и за својот народ: со сите свои морални сили да ја зачува целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Време кое го користеше за да ја куди Рада и нејзините постапки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеа ниту ќеркичките да ја разберат играта со оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И за сосема да ја изгони сликата на Пела уште неколку пати се бореше со вителот под врбата и на крајот сосема исцрпен одеше да спие под некоја сенка со полн стомак од праски набрани од самото дрво под кое легнуваше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како трета солуција ја нуделе можноста да се „направи возобновување на предлогот даден на Бугарија од силите на Антантата во 1915 год. за отстапување од Србија на Бугарија на неколку области источно од Вардар“ што ќе зависело, пред сѐ, од „размената на делови од населението од југословенска Македонија кои сакаат да ја преминат новата гранична линија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И колку таа ќе ја охрабри изненадата Најиспробаната метода што треба да ја навести победата. (Упатените ја паметат опсадата на Троја. Огромниот дрвен коњ.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури успеав да средам да ја поминеме последната ноќ заедно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Никогаш не успеав да ја излажам за ништо. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш Демијан не сретнал Ром во животот, ништо не знае за нивниот танц и нивната музика, ништо не знае за балканските ритми, никогаш не бил во Европа ниту пак знае мојата земја на карта да ја покаже...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој беше осамен дух кој кажува вистина што никој никогаш нема да ја чуе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не смееш ни шамијата да ја преврзеш, ни скутината да ја преопашиш, ако ти избегала настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку ја запизми оваа жена, дури на патот не сакаше да ја сретне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа и не си се потрудил подобро да ја запознаеш - ми врати Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кревалката е да ја крева маглата од полињата на страстите да не им пречи на сите кои во занес плетат корпи за брање свежи воздишки
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Како резултат на тоа политичката креација е највисок облик на креација зошто може радикално да ја менува структурата на општеството и природата па и директно да влијае на нашите сензори за бол и пријатност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И овој пат ѝ подреков нешто двосмислено. Нешто во врска со складноста на фигурата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш, 1965-та година, тој објави дека се повлекува од ликовната сцена и дека сосема ќе се посвети на филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Витгенштајн е единствениот меѓу филозофите со тоа што создал две потполни филозофски школи во текот на својот живот а втората од нив потполно да ја побива првата!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Тој што не умее да чува пушка, не заслужува ни да ја има“, рече Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога за првпат ја посетив таму, видов дека во погледот, во држењето на телото, во гласот, полека ѝ се враќа некогашната сигурност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очекуваше, всушност, да ја види гола. Но не беше гола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И од поткопаната мисла, како од поткопан брег од водите, во моментот на уривањето многу непредвидени зборови па дури и цели реченици може да се истурат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаат да ја ценат убавината, доминацијата, фраерската гестикулација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со помош на убавото упатство отидоа да ја бараат таа река.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Академиците од МАНУ се бркаат и тоа доста сериозно преку допирот на другиот да ја пренесат својата несреќа, шугата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можел да загризе и во врат на ѕвер. И сепак ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот и на зима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, тие луѓе не можеле да се откажат од своите стари верувања, од своето семитско многубоштво, а секој што ќе се откажел од вербата во новиот Бог бил казнуван, по Мојсеева наредба, од неговите блиски приврзаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Лесно ви беше, Боге, да наредувате додека траеја борбите: дај ова, направи она.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но отвораше тоа пат во еден свет на чудесни доживувања, што како и вистинскиот свет бара да ја потврдува човек едностојно својата сила, но го бара тоа не грубо и делнично, ами во занесна и благородна устременост на духот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш возвраќа на телефонските повици и никогаш нема да ја откачи твојата покана за средба, без оглед станува ли збор за дружба или за неволја.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И, местејќи рамо под уво додека со дланка си ги покрил очите во птичје умеење да ја заштити главата со крило, заспал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Добро, добро. Ете, крвта од оние јас што ги имам расипано може да ја бара и мојата крв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Столот, каде што сакаше да ја спушти, изгледа не му се виде доволно сигурно место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тој начин, сметале аналитичарите, "Владата во егзил, иако присилена да ја прифати идејата за Југославија и идејата на федерализмот, не ја напушти својата примарна цел, нејзините аспирации да обезбеди повоена српска хегемонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Не коби, врагот да те земе! - му викаа луѓето и фрлаа кофи со вода по засирената крв да ја измијат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се чувствуваше како споулавена. Кај да ја бара?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лембик (Alembic), од арапски al-anbīq, алхемиски сад за дестилација, од којшто подоцна се развила ретортата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веруваше дека е можен мирот со чесните што ќе му овозможеше враќање во родната земја со Палестинците во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер. Не малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука „Гарван“, да грмат в грб на аскерот десетина манлихери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А тој, штом ја виде, заборави што уште сакаше да му каже на Полжавот и летна да ја гони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Луција не сакаше да ја допирам и не ми го даваше своето тело, а јас горев да ја имам; не ми ја даваше ни својата душа, иако јас чувствував дека се бори самата со себе, дека е на чекор да ми ја подаде барем неа, душата; но гневот кај мене се јави кога таа одби јас да ѝ дадам нешто: мојата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не беше романтичар. Едноставно, го мрзеше да престане да ја сака.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Храброста нема што да ја фалите вие.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Како сте? Се радувам јас. - Ако го барате мажот ми, отидете утре во канцеларијата, тој таму прима - се одѕва таа мрзливо и гледам се готви да ја затвори вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бродвејскиот мјузикл, така, ги научил своите протогеј-зналци дека нивната восприемчивост за гејството на тој жанр можат да ја изразат само под услов на сопствена изолираност и скришност. [Ниедно момче] никогаш не било толку надвладеано од својата страст [кон бродвејскиот мјузикл] за да заборави да води сметка за тајноста во која уживало во него, а ако и заборавело, ако некогаш... нешто, ете, случајно доволно му го одвлекло вниманието, па да заборавело да ги превлече завесите пред својот настап [односно кога пеело и танцувало на албумите од првата бродвејска постава], поради што другите маалски момчиња успеале да го фатат на дело како сочувствително трепери со нумерите што ниту тоа ниту тие никогаш не ги гледале, бргу сфатило – и тоа предоцна – дека чувството на срам му било дадено, како и нагонот за повраќање во грлото, да му биде опомена да се варди од општественото понижување што, сигурно, ќе настапи ако некогаш му падне на памет да биде толку шашлив оптимист, што да го пренебрегне. (11) ‌Практиката да се слуша и да се пее во придружба на снимки од бродвејски мјузикли ги научила оние што уживале во тоа една претпазлива поука за срамот, всадувајќи им свест за невозможноста геј-желбата и геј-чувството некогаш да се преведат во јавен израз и во општествено одржлива стварност – како и изострено сознание за опасноста што ја повлекува и самиот обид да се стори тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
РИСТАЌИ: Ајде, да кажеме дека и тоа добро сторил што ја донесол горе кога била во несвест, не ја оставил на улица да се бере светот, околу неа како на исфрлена, ама не разбирам со какво право се осудил да ја бара за невеста!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Татко ништо не одговори, но почувствува дека дискусијата ќе застрани кон нов тек, кој би ги оддалечил од првичната цел да го запрат вниманието на уште некој збор со балканско и трансбалканско значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да ја објави во Органот на Ибе, во Букурешт.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш се развива анксиозност како резултат на сексуалниот однос, којашто индивидуата се обидува да ја избегне токму на тој начин што станува неспособна за оргазам, импотентна, фригидна или апстинент.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Холанд се колеба помеѓу еден радикален копнеж за субверзија на старата традиција и еден либерален копнеж за востановување на врски и можеби паритет со една традиција која не можеме да ја игнорираме.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се разбира, се обидувам раздразнетоста на Виктор да ја сместам во некои поприфатливи рамки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А мислата, желбата, жедбата, слободата на творењето да ја дофати на себесвојствениот начин само со творење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ако полека чекореше низ нивата без шапка, понекогаш довикнуваа: „Еј, сакаме и шапката да ја ставиш!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така е и со тагата. Тагата можеш да ја почувствуваш само кога ти е блиску до срцето, кога ѝ дозволиш да те опседне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доколку, пак, тоа воопшто и се случи, доколку пилето се најде меѓу решетки - првата грижа и на неговите родители и на сите птици од неговиот род ќе биде која од нив побрзо да му принесе стракче отровна тревка која да ја фрли во кафезот!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Колку би ја бакнувал и би се насладувал! Колку би ја допирал целата, би ја истражувал однадвор и одвнатре, за да ја вкуси потполно и да ја открие!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сеќава на козите сестри, на старата коза Ронда, која цела ноќ се бори со проклетиот волк, за утрото да ја изеде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се чудеше зошто не го праша брата си Тодор да ја пречека и подземи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- И јас така мислам, - по пауза рече Шишман и конечно после сите колебања, решија таа работа да ја премолчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Снегот продолжуваше да ја губи дури и онаа своја скржава светлина, добивајќи некаква сосема невистинита испремешаност на сите темници, што постојат, а секој нов заграб со раката низ неговата сива ронливост ја правеше уште потупа болката под неговите нокти, носејќи му го ова незнајно глупо чувство за некакви прсти, зголемени колку полни вреќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега се гледа. Сега само продолжуваа да се гледаат, а мечката, сфаќајќи дека тој може и на тоа растојание да ја јаде, стоеше на голината, далеку од секакво засолниште на белиот бришан простор, погодена и расколебана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Посебно за Ружа беше важно оваа жалопојка да ја чујат што повеќе луѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со машината и човек за да ја раководи, црн и тој, како и машината, и уште мешлест и, нормално, тром. Ја сместивме под сливата, на десеттина метри од бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
3. ГЛАСАЊЕ - Инструмент и симбол на моќта на слободниот човек да направи будала од себе и да ја упропасти својата земја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сликите - и пиктограмите - можат да имаат различно значење во различни контексти, задача на дизајнот е да ја обезбеди соодветната перспектива.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зар неа да ја увредам? Па таа двапати идеше во Стрелеско кај мене дома да ми носи апчиња. Не сум јас без осет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја немаше Јадранка, за да ја споделиме шегата за комшијата кој редовно, искрено речено, (а сметам дека тоа беше неговиот третман за расонување), рутински се расправаше со жената, која му возвраќаше со непрекинато заканувачко мавтање на показалецот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Една продавачка, жена која цел живот се трудела да ја забележам, ронејќи солзи, со усните сензуално потечени, ми вели: - А не, - ми вели. – Сите ние за него бесплатно делиме цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Децата играа во градината, му помагаа на стариот Раиз во борбата со дивите тревки и кревањето на големите суви палмини гранки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога и тој еден ден ја забележа каде што го ѕирка, почна и тој да ја ѕирка неа, да ѝ ги гледа белините кога ја запрегнуваше кошулата правејќи го тоа полека и споро да го дразни и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но како да ја изоставиме и сегашноста?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чана ломотеше околу тоа како бабата Петра сакала големката да ја задржува крај себе, ама сега вели И двајцата влизеа у црнта земна, устанаа самички, ни ти мајка, ни јаска татко!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се разбира, додадов дека тоа е и нејзина желба, се разбира во колку јас, или ние (додадов) не одлучиме поинаку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бонети ја фати и почна да ја повлекува кон себе, но таа замавнувајќи силно со рацете и телото му се оттргна и избега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа моментално истрпна и се уплаши да не врви некој по улицата да ја види, но во мракот и да врвеше некој, немаше да познае дали е таа или мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Исто така, ми пречеше овој нејзин однос кон Вера, пред уште да ја запознае, или макар да ја види.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И покрај тоа што два пати се случи да ја заобиколам зградата, не наидов на никаков влез.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Ти првин да ја тргниш маскана твоја да не подава глава преку река, па сетне да зборуваш“, викна Коте Буџе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во другата соба некој се обидуваше со чешел и со парче тоалетна хартија да ја следи мелодијата на воената музика што сѐ уште трештеше од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во писмото имаше и една фотографија на Фаерабенд, облечен во престилка и искезен, наведнат над мијалник полн со чинии.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За тоа не сакав да ја прашам ни тетка Рајна, зашто знаев дека таа нема да ми дозволи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повремено мораше да повторува иста реченица неколку пати пред да успеам да ја разберам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислев дека нема сили да ја држи гитарата в раце, зашто такво чувство се добиваше од нејзиниот снемоштен глас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
11.  Впрочем, кај нас има и посебен Закон за волонтерството (Сл. весник на РМ – 85/07, 161/08) којшто, во пракса, не се почитува дури ни од страна на државните органи!? 18 време не подолго од три години, со тоа што содржеше и одредба која имаше намера да ја намали опасноста од злоупотреба на засновањето ваков работен однос: „Работен однос заснован на определено време станува работен однос на неопределено време ако работникот продолжи да работи, најмалку пет работни дена, и по истекот на периодот од три години“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако успеам да ја „отворам“ како прозорец, нашето дружење е вистинско, прекрасно, ако не, ништо од тоа. Божем – дружење!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Може ли да ја земам твојата перница?,“ праша. „Многу убаво се спие на неа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На моите баби: Велика, Милка и Севда, наместо запалена свеќа на нивниот гроб, иако знам дека ова е мало пламенче за да ја угрее нивната бескрајно испустена душа. П. M. А.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Силно го потресе судбината на козата која зборува и бара од својот господар да ја пушти да оди в планина, на слобода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Небаре кучето да ја носи болеста, небаре останало за да остане и болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Онисифор Мечкојад испратил стројник со јаболко кај татко ѝ на некоја Донка, домаќинот се согласил да ја омажи ќерката зашто мислел дека ја бара миленикот на игуменијата Минодора, Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа најмногу предначеа нејзините врснички и другачки, а од нив најмногу Тасија Ризеска Дртма, мајка му на Алекса Ризески Дикса, и Илинка Јанческа Талеска Кривата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овие неколку зборови јас сакав да ја појаснам содржината на предложената на македонските читачи книга за најважните за нас прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никој неа не можеше да ја разубеди во тоа. Еве и сега се случува истото!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кристина рече „пис!“ уште неколкупати, ја затвори вратата и сета зацрвенета од возбуда седна до татко ѝ и таа да ги гледа вестите, како да е возрасна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одвреме-време проговорува, го предупредува големиот син да ја тргне чорапата од близината на огнот оти почнува да смрди на скрумовина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неголема црна и немногу густа брада, онаква каква што можела да ја има некогаш, во подалечното минато, некој велможник под чие чудно око се градел овој или оној манастир , широки подочни коски, светкави заби - таква беше живата икона во рамката на вратата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но секогаш се будеше без да открие што е тоа: на некој начин, меѓутоа, тоа имаше некаква врска со она што го кажуваше Џулија пред да ја прекине.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Водичите се подготвени да ја изречат беспрекорно научената идеолошка молитва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако личеа на музејски експонати тие и понатаму успешно можеа да ја вршат својата функција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Немаше веќе приказна која можеше да ја нарече своја.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Која ли рака, кажи ми, ќе може да ја позапре која ли сила варварска ќе може да ја изгаси?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговата теорија не прави така остар и радикален прекин со традицијата како што понекогаш се прикажува, и Дерида е во голема мера дел од модернистичкото, христијанско, и Западно наследство од кое тој толку многу се гади.26 Превод: Ж. Трајаноски
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да ја пренебрегнува човек положбата што ја има заземено Србија во македонското прашање и нејзината улога во македонската национална преродба е лекомислено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Баш ме интересира да ја видам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Биди храбар да ја употребуваш сопствената интелигенција!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знаејќи како да ја смири, безволно ѝ ја подаде на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но таа си остануваше сѐ иста: навикната да ја гледа само опачината на работите, сурово одбиваше сѐ што би можело да повее радост, надеж...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Продолжив да размислував за пораките што ми ги упатуваше стариот Раиз, со кралско име, а со обична, минлива судбина. Во мислите ми се вплеткуваше анти-телеграмата за маргиналниот јунак на Картагина со содржината на телеграмата што ќе требаше да ја пишувам уште вечерта во амбасадата, по приемот кај новиот владетел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не блескав нож ја воздигна неа на небесата – туку јас, самиот, пресоздавајќи се во Бог, зашто праобликот е мое исходиште па – вината да ја искачам горе е само моја.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Имаме четириесет и три воденици и ни беа нужни осумдесет и шест тркалезни плочи за мелење. Сега сме помалку. Останавме најтврдоглавите. Дваесет и деветмина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мене не ми текна што сака таа. Помислив дека сака да ја галам по бутините и слабините.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тишината со кама можеш да ја сечеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Волшебникот Димче попусто очекуваше да ја види во ново палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
До пијалаците се – сусамките, печени бадеми, кикиритки што Ескимите не ги виделе ни во сон, прженици од печурки, па и тортата, толку убава што ти е жал да ја чепнеш, а не да и ги наковаш забите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Секој неконтролиран гест, секоја неупатна постапка може само да ја влоши неговата положба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Азра се ослободи од тоа што ѝ остана во устата, отсекувајќи со јазикот од густото фрли полна плунка на чаршафот, го залепи левиот образ на предниот дел од бутовите на Андон кој сè уште, замижан, стоеше отпростум, го заграби со двете раце за задникот и силно го притисна кон себе, како со тоа да ја допразнуваше устата од која сѐ уште истекуваше сперма и се лизгаше по неговите нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ете, од овие причини — за да ја засили б'лгарштината по Мариово — Егзархијата отвори третокласно училиште и пансион во самото Витолишча, но, тоа таму не можеше да се одржи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со години наназад не можеше да ја види светлината на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во овој темен круг со хоризонтот затворен во густиот грб на боровите мансарда сум на една починка Од ноктите ќе исцицам трошка храброст да ја поделам есенва.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На девојките обично им недостасува малку заборавеност, па за препорака е онаа која може да ги загуби клучевите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Недела е, мирен ден. Размислувам, каде да ја потрошам креативната енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не треба тој да брза, вели едно време, треба добро да ја сработи работата, а не да брза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имајќи ги пред себе овие основни елементи, човек лесно може да ја разбере, ако веќе не ја разбрал, структурата на Океанското општество во општи црти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
VI Татко ми, пред да ја купи козата, долго и темелно се размислуваше за последиците од „класната борба“ на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете затоа дедо Гога се трудеше да ја фати рибата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Да ѝ го најде челото и да ја измине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако не беше седнат уште ниеднаш со мајсторите на скелето да ѕида, тој го имаше така научено мајсторскиот занает што немаше работа којашто сам не би можел да ја сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко, поради шеќерната болест што почнуваше да го нагризува, повеќе се задоволи да ја гледа баклавата и само да ги лизне позлатените слатки кори од своето парче, додека го слушаше Камилски, веднаш помисли на улогата на овој драгоцен десерт кој постоеше во целиот тек од постоењето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Засрамена од таква мисла дури нејќе да погледне во снаата, да не би да ја открие. - Душа човечка - лакомштилак!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Заборавен вишнеам на овој црн каменест пристан со крепкост за да ја хранам неизвесноста врз мене на мојата кора пластје напластиле заплашувањата но секојпат суров бев кон слабото.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Витомир завиткува нова цигара и почнува да чкрапа за да ја запали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Калуѓерски долгиот врат на недоопијанетиот Лазар Аргиров се танчел. Усните безгласно му се движеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долга и широка беше таа историја со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Да, кога ќе ја доведеш Катерина ќе ѝ објаснам колку си ѝ верен и на колку начини може да ја злоупотреби твојата верност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ене сум јас, извикувам, ене сум, залепена метална плочка врз мермерот која не ќе можам да ја допрам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мислам дека уште во тој момент, додека го образложував овој дел од мојот исказ, знаев дека ќе бидам погрешно сфатен; дека моите соборци ќе помислат дека се обидувам на нашата борба да ѝ одземам некои од нејзините основни вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во пазувата и вади писмо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„МаргинА“ одбра три раскази од таа антологија; Медведев и Терехов не се многу познати ниту во Русија, а Пјацух веќе е етаблиран, иако стилски прилично неформален автор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Така би побратиме! - се огласи најпосле Татко, не толку со намера да го прекине, туку го охрабри побратимот да ја продолжи мислата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Набргу престанавме Сталинка да ја викаме по име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласови, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затвореници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На изгладнетите не им дошло до срамови ами сакаат да ја отворат черупката за да каснат нешто.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Аха, да. Рибата ми ја отвори вратата, јас ѝ кажав дека ми треба дел од нејзиниот задник и ѝ ги треснувам оние дваесет зелени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Порнографијата со својата дословност и занимавањето за сексуалниот ефект (еден од најстарите примери за интерактивен однос меѓу гледачот и изведувачот) му се заканува на митот за симболичката форма и естетската дистанца на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Низ авто-пазарот лутав цел ден. Пред фајронт, пронајдов еден пријател, кој што буквално ме принуди да ја погледнам заставата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа е порака од пред сто години, ако човек умее да ја прочита.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
--Јас верував дека ќе умеам без ничија помош да ја сместам во таа празнина што самиот ја обезбедив -.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Среќа што се сетив на неа, споменувајќи си на тоа кога бев мал и кога дедо ми Баџак, исто како сега мене Бреза, го терав да ми ја кажува безброј пати за да ја запаметам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како храната за бишката, како што на времето би се изразила мајка му, Бог да ја прости...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја вртам главата, во ограничениот мисловен свет на овој старец би ме обзела мачнина; само поради тоа го одбивам пијалакот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За доказ на својата теза во интимното друштво, во залезните години на животот, кога луцидноста не го изневеруваше, Бургиба им ја читаше на убаво негован француски јазик на свои пријатели и познати политички државници кои го сакаа и почитува, поемата на Алфред де Вињи Смртта на волкот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вие пишувате реченица за некој да ја прочита. А никој не може да ја прочита - се изгубила во многуте чкртаници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како дојде до таа промена? •Хичкок: „Дејвид Селзник ме извести дека го променил мислењето и дека ги купил правата за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Којзнае дали ме познаваше тогаш. Ме гледа како смртта да ја гледа пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој го улови мојот поглед и рече: „Сакаш да ја видиш?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За да ја сфатиме треба да го имаме предвид нејзиното сознание дека со смртта треба да се однесуваме како и со животот: да не се избрзува со решенијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во напуштањето на излолационизмот во САД, кој бил една од главните пречки за влегувањето на САД во војната, голема улога одиграл американскиот печат, којшто го мобилизирал јавното мислење околу настојувањето САД да ја напуштат таа политика и директно да се вклучат во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но не веруваше во прогресот во цивилизацијата, ниту во некаков морален прогрес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По ова, како да се потплаши болеста и луѓето продолжија да ја собираат летината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Токму тие зборови ги употреби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можеше да се одбрани од ритамот, немаше контрола над играта, а и да ја имаше, не ќе ја користеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури после можел да ја пушти стапицата да се затвори празна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Девојката, како некој да ја викна, ја затресе главата и застана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не ја пуштаме сега по овој снег оти ќе заглави и лиот може да ја нападне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ајде, скокање, миење и на татка да му помогнеме со јајцето вапсано и светена водица да ја поминеме домата и имотот - со здравје и радост родна да ни е годината! - небаре песна пее си ја разбудила челатта.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Лекум, како секогаш, појде кон дворот за да ги види козите, ама веднаш се сепна и се сети дека козите се оставени со козите на Чанга да ја делат заедничката судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако со око погледнам око е — да го ископам, ако со рака посигнам рака е - да ја исечам.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не го измислив јас ова, туку во религијата која, според мене, највеќе ги почитува жените и секој маж има обврска да ја облекува и кити со злато секоја, бидејќи може да има повеќе, треба да ја опслужува неа и нејзиното тело додека не остари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така, на 3 јануари 1941 година, агентите на ДХ42 го известуваат СО2 дека „Иван Михајлов, кој сега се наоѓа во Унгарија, стапи во контакт со мене, со сугестија дека тој ќе одреди неофицијален претставник во Лондон за да ја известува Британската влада за македонското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XI. Се чинеше како човекот што стоеше на вратата сосема да ја пополнил рамката со корпулентноста на своето тело и со него ја засолнил ноќта и студот на снегот зад себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колкава била неговата болка, која низ дрочните води од подземните стерни на Деринкују не можеле да ја стишат и исцелат?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Убаво сте ја свршиле, џанум! Мошне убаво! Токму тоа и се бараше од вас да ја растурите Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што се однесува до намерата што се обидува иследникот да ѝ ја припише на мојата помисла, не можам да ја прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни онаа подигната рака, ни онаа тупаница, што се трие по челото, сакајќи барем на некој начин да ја оттурне физички таа слика од себе, тоа сеќавање, таа мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка ја беше оставила отворена, пред да замине засекогаш, својата книга на животот, каталогот Ла Ринашенте за италијанската пролетна мода од 1949 година, која успеваше да се носи со сите Таткови книги, да ја одржува рамнотежата со нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дојде в куќи да ја опита Марија за некои шишиња во станицата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А пупката, која ја гледаше пред себе не сакаше да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само пораките за смртта можеа да ја минат границата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа велам дека постои свесност за публиката на некое ниво, некоја претпоставка за комплицираноста на публиката на Raw, што не можам автоматски да ја претпоставам за публиката на The New Yorker.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сардисан од овие неведри мисли одненадеж реши да ја посети својата Срцка, единствената светла точка во ова тмурно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А додека да се случи тоа, можеби по илјада години, тие ќе продолжат да живеат, наспроти сѐ, како птици, пренесувајќи ја од тело на тело виталноста што Партијата ја нема и не може да ја убие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од друга страна, продолжував да размислувам, објавувајќи ја својата неприкосновена волја. тој наш Создател, зарем требаше врз едни народи да ја истури сета своја љубезност а другите да ги одмине, или пак, во оние, најлошине случаи, дури и да ги зачади со темјанот на проклетството, му реков на Никола Леко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Глупоста на возрасните не може ниедно дете да ја измисли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таквиот литературен анахронизам дарежливо го смести во интерпретативната фигура НЕИСТОВРЕМЕНОСТ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Волчицата почна да се прикрадува кон трлото, полека, нечујно, речиси не допирајќи се до земјата, за да не биде пак изненадена. Но знаеше, ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тоа е таа, паштерката, која тогаш, во 1859, кога е датиран исечокот на весникот, се обидел да ја соблазни, а не прислужничка, како што стои таму.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И му остана тага на душата и неисполнета желба, што потоа во животот непрекинато се трудеше да ја исполни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трчавме кој побрзо ќе стигне. Цела работа беше да ја фатиме сенката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да, неа уште не ја оставаше надежта. Таа сепак беше толку паметна да процени дека Пискулиев е исти страдалник како неа, да го промери и да го сфати како што тој можеби не би знаел да ја сфати неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Така се случи мојата коса да се престори дом за зборовите што ги шепотеше милувањето - се трудеше Јана да ја прераскаже приказната за една љубов што Зрновски веројатно ќе се обиде да ја игнорира со своето молчење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Продолжи да ја разработува темата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јас не сум повикан да давам мислење за воспоставената процедура. А уште помалку да ја осудувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си замислуваше да биде исто онаква каква што имаше во градот Бристол во Англија каде што често одеше да ја лечи реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Значи ти им свириш на србомани, му вели на старшијата, не, господине, велиме ние, дали тој бил за господин, ама велиме, правиме лице, а старшијата зина, држејќи ја прегрната гајдата, не му текнува да ја пушти, 204
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ристе ме погледна како првпат да ја слушнал порачката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше сили уште колку да ја отвори вратата и да се отпушти на леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете затоа дедо Гога се трудеше да ја фати рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дневната светлина се губеше, но не му беше тешко да ја препознае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останал и обичајот рози да паѓаат од небото, кога се раѓа убавината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За народната српска интелигенција рускиот историчар и етнограф П. А. Ровински во минатиот век ја напиша оваа дијагноза: „Недоволно просветени, малку работат, не се грижат за целта, во ништо не сакаат да се задлабочат, склони се да ја фаќаат површината на работите и веднаш ја покажуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Абе, тој ја заградуваше Лена. Како пиле ја затвораше, сакаше да ја стави во кафез.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
-Тие на секој начин се обидуваат да наметнат роботска униформност а да ја скршат различноста, индивидуалноста, и независноста на мислењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ПЕТНАЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но да ја разбереме како што треба намерата на нараторот кога тој го форсира овој парадоксален предлог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Само за да ми напоменала дека сѐ уште ништо не било завршено; дека тргнала да ја сподели воодушевеноста со другарот Сираков и дека веднаш ќе се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ве молам да ја имате предвид и желбата на селаниве... - рече кметот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ете, понесен од анархичниот дух што тој балкон го всадува во мене, решив да ја преземам судбината во свои раце, па конечно да ѝ пријдам на комшиката Џун.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Го виде ли и ти бабо во чајот она што го видов јас?“ – мислев да ја прашам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И кацига прекрасна, на моторот има, да ја носиш Давиде, во лето и зима.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се сврте токму навреме за да ја види г-ѓа Парсонс како го вовлекува својот син назад во собата, додека момчето го ставаше чаталот во џебот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во општество без стил и вкус, меѓутоа, можно е полковници и мајори да „филозофираат”, т.е. да командираат со филозофијата, генерали да историзираат, т.е. да маневрираат со историјата, а неквалификуваната аграрна работна сила да литературизира, т.е. да ја „обработува” литературата, да ја „преорува” книжевната „ливада”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Секој може да ја чита Етика ако му се препушти на тој ветар, тој оган.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да ја види човек, пак да ја види. Око да не одврати од неа од убавина!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога таа, сосем скапната, безнадежно ги склопи крилјата, простувајќи се со животот, тажна дека не ќе може да го види своето родно гнездо и да ја сети пролетната радост на децата, одеднаш забележа на темната плоча од морето некаква светла точка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Второстепената пресуда на Апелациониот суд – Скопје, и покрај нашите обиди, не успеавме да ја прибавиме.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некако успеваше да ја врати пак кај еден од браќата, таму, под прозорецот со нечисти пердиња, не можејќи да заспие од нејзиното мешколење и од лутите комарци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Македонија веднаш даде согласност за поддршка на Глобализацијата и спроведување на капитал- систем, при тоа сочувувајќи ги сите свои национални обележја, уште повеке од тоа успеа да ги истакне и покаже сите национални културни способности, докажувајки му на светот дека уметноста, црквите, природните галерии кои подзедно ја украсуваат, пештерите кои се своевидна атракција според староста и божјата дарба- сето тоа нема цена што некој може да ја плати!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Буден, само колку за да ја сфати сета острина на својот пораз, една проклета, нерадосна будност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го прашам Иван дали мајка му некогаш одгледувала цвеќиња. Можеби ги имало.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И цело време после самата да се карам: што ми требаше да ја прашувам, што ми требаше да се будалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму претстави се случуваат инцидентно, а публиката не можеш ни со добро проверениот метод на партиите (со закани, со јавувања по телефон, со гарантирано вработување на еден од фамилијата) да ја внесеш во салите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одвај чекаа да ја завршат куќата, последната од групата, зашто тие, односно Компанијата за изградба на Идн Парк, имаше потпишано договор да изградат еден отворен паркинг за илјада коли, само на неколку милји од Идн Парк, општината во која живееја тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И никој не овчи кола, никој не расточува за да ја натовари со греди, со платици, со плужици, со литри, со страки, со рала, со плетени кошови за Полјаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Без неговата помош не ќе можевме да ѝ направиме мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба210а“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дојдов да те ослободам, да ја примам на себе опасноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Поглед на едни очи во една соба за двајца... солзи за да ми го измие лицето од секојдневието.. една прегратка за вечност за да ја чувам во себе себично додека дишам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Лазор престанува да ја скубе тревата од пред себе; ја исправа главата и го гледа Јосифа право в очи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
7. На отец Стефан, по понижувањата што му ги нанесе Филозофот, само една мисла во главата му престојуваше: да ја здроби, да ја уништи, да ја спали, прав и пепел да ја стори штичката што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога виде дека никогаш не ќе може да ја напише оваа историја и во проектот му останаа големи неиспишани празнини, во неговиот живот и книги, стапи Климент Камилски со своите книги и илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А Захаријадис, кој не учествуваше во движењето на отпорот во Грција, не можеше да ја проџвака улогата на ЕЛАС, бидејќи отпорот го водеше без него...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Михајло, викам, а човекот ни да мрдне, да ја поткрене главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На крчмарот и другите „трговци" им нареди да ја бележат вересијата на броевите од работниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бидејќи вечно барал едно топло тело кое би му “пасувало”, уште од самиот почеток на својата кариера тој бил опседнат со телесноста, испробувајќи различни тела, животински и човечки, женски и машки, или идентификувајќи се со нив на еден протејски начин во своите дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Те сакам – ми шепна во слушалката пред да ја спушти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Конечно сум среќен во Дантеовиот пекол вечен, и не се тресам како прут во блудниот осми круг!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А не беше ни способен да ја разбереш деликатноста на женското срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Па, зар можете да ја мерите болката, маката, тагата во метри?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првпат видов тоалет со теписон, но не реков ништо околу тоа; тетка ми го забележа восхитот на моето лице и задоволно ми се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во весникот Вечер на насловна страница излезе текст со наслов „Македонија увезувала сперма по цена од 1000 евра” па оваа тема ми даде за повод да дадам една идеја која оди во спротивност со онаа на државата да ја увезува таа течност која живот значи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Треба да почнам да ја симнувам шминката. Ух, колку е здодевно!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Климент Камилски беше првиот човек којшто дознаваше во тоа време на Балканот за Татковото сродство и блискост на Татко со еден од великаните на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога половина час по „разговорот“ со дедо Иван, Бојан излезе од колибата за да ја нахрани Стрела, која, откако ја пронајде пушката, ја оставаше да спие под стреата, Бојан забележа црвена трага во небото над Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
136. Таа задача би можело да ја исполни западнобугарското или шопско наречје, да не беше малку распространето и со многубројни оригинални особености што се немаат во другите наречја во Бугарија, Тракија и Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Што значи тоа, Филозофе?“, праша логотетот. „Самиот можеш да откриеш, господару, и самиот можеш да ја научиш уката на читање записи ини оком и духом.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А свршеницата не се огласува на неговото довикување зашто тој е во темнината, а таа е таму откаде што блика светлината, нема да дојде, а тој нема очи да ја види... останува само во неговата душа...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЕФКА: Вие ќе одите на лозје?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Веројатно сум мислел дека станува збор за желби што се јавуваат сосема случајно без некоја намера или однапред одреден план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаат да заофкаат зашто така ќе им е полесно да ја истрпат болката, можат да се молат, секој на свој јазик и на свој господ, и молчат: православецот ќе му се посмее на исламецот, исламецот на православецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како и оној ден кога бевме кај тетка Рајна ми се чинеше дека таа, Вера, неосетно ми го одзема татко ми, а јас не можам да ја спречам во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
КИРО: Му кажав која цена ќе мора да ја плати. Око за око, брат за брат, сирење за пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа беше за мене исклучителна привилегија, покрај претставувањето на неговото поетско творештво во Катедралната црква Света Софија во Охрид, да ја дополнам живо, вон јазикот на енигматичните медиуми, празнината што ја имав за настаните по напуштањето на малата палестинска држава во Тунис и збогувањето со Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наеднаш сфатив дека со талкањево по страничните нешта се обидувам да ја одбегнам суштината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да ја затвориш устата ти велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седнува само да ја движи рачката на мевот и да ги извлекува торбите со земја. А всушност целиот е кај карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Слушнав домаќинот ѝ велеше на ќерка му, таа беше на возраст од околу четиринаесет години: Сите, утре рано да станете, ќе ја викнам тетка ти да меси леб за партизаните а тебе ќе те разбудам водата да ја згрееш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Прво: Ако се вистински актери, би имале потреба, како што би рекол Гротовски: „Да снесат јајце, да ја испразнат или промовираат креативната моќ, онаа што не ги остава мирни ниту дење ниту ноќе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А можеби тогаш првпат се појави, вели, за да ја реши мојата недоумица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред пространството кое ќе го здогледаше пред себе, само требаше да ја пружи мислата широко, колку што му досегаа очите и умот, да вдише длабоко заради подобра аеродинамика и да прескокне во вечноста.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можеле никако да ја извадат пијавицата, туку преку некои направи и огледала ја отруле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но таму не можам да ја најдам сета помош токму заради тој постојан разум, наспрема сложеноста и непостојаноста кај нас луѓето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Кој може да биде ноќново време?“, се зачуди стариот учител и прекинувајќи ги своите мисли, стана да ја отвори вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не го почитував правилото дека никогаш не знаеш што може да ти се случи по пат велејќи си „Плин имам, само да ја земам, вртам крукче и се враќам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сликарот со потсмешливост се обиде конвенционално да ја заврши неговата прикаска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа, по сево ова е убедена во фактот дека менаџерите, вработени во претпријатието, сакале – во тоа време – да ја искористат приватизацијата на тој начин што ќе го разработат претпријатието, ама на вработените нема да им даваат плата!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој добро ја познаваше оваа идеја од западните извори, но не можеше да ја поврзе со гладот, хроничната сиромаштија на овие луѓе, кои немале фабрики, пруги, задруги, но кои никогаш не биле гладни, гладни како во овие времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ноќи копнеев да ја помирисам, да ја допрам, да ѝ ја расчешлам косата; со ноќи замислував дека Луција ми е жена и дека не се делам од неа, дека правам сѐ да ја заштитам од сите; и целиот свет го замислував непријателски настроен кон нас двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И денес сметам дека токму тогаш кога посакав да ја понижам спомнувајќи го трезорот всушност постигнав сосема спротивен ефект.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знам, треба да ја слушам интуицијата. Но, можам ли да ѝ верувам целосно?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас не можам да допуштам Турците да не се поучат од него: јасно е за секој, па и за Турците, оти Турција не може повеќе да ја зачува Македонија ако продолжува со истата политика кон нас што ја водеше досега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немаше друг со кого можев да ја споделам радоста од таа мала дипломатска среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште вратоврската треба да ја ставам. Црна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа ја означува состојбата на антрополошката нерешителност; можеме да ја споредуваме - на друго ниво - со состојбата на транссексуалност како и со радикалната нерешителност во микронауките во поглед на статусот на субјектот и објектот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се надева дека нема да ја одбие.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
— Така го слушаше тој еднаш дедот Никола Дарков кога прикажуваше за мечки и кога се фалеше дека отепал пет, фатил три мечиња и една стара и им ја продал на Ѓупците да ја шетаат по селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако бев многу приврзана кон тетка Рајна и многу ѝ должевме, во тој момент како да ја отсакав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последниот пат Клементина ѝ напиша на својата Ервехе да си ја прифати судбината, кога веќе не може да ја одбегне.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маруш олцкаше до ковчегот од Висар и сакаше да ја скрши главата од неговите рабови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А, вие, да не сакате да умрам за да ја „лапнете“ куќата во Влае, а? - шеговито додаде и ми намигна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Даниел беше готов да ја заѕида тулата, кога една сенка падна врз неговата глетка и некаква интуиција го задржа да не ја стави тулата на местото каде што требаше да ја заѕида во ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ќе ја чуваш затворена?“ „Мртва е. Ја прибрав за да ја фрлам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но тоа беа денови на среќа кога ситните недоразбирања не се во состојба да ја растурат примамливата палата што ќе ја крене заслепеноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе не дете.  Небаре си ја постигнала крајната цел во животот: да бидеш сама.  Не, туку да можеш да опстанеш - смртно сама.  Обратна положба: враќање Се враќаш таму кајшто не ти е добро - ни малку, никако како и да ја свртиш работата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во секој случај, пред да ја реши таа дилема, Баге посегна по трненките и тогаш откри дека тие му се достапни само затоа што трновите го штителе од непријателите однадвор а не и од непријателите однатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Врвот и не е така далеку, зошто да брзаме да ја достигнеме целта, кога сѐ уште растеме заедно со животот, се менуваме, го надминуваме секој предизвик, потешко или полесно повеќе и не е важно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повторно со рацете си ги притискаше градите и со неверување си ги принесуваше поблиску до очите, а потоа нервозно разгледуваше околу себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Доста се предаде на душата на Илка, а тој си ја зеде грижата да ја однесе дома и направи од неа домаќинка „каква в село не се наоѓа".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во животот не го добиваме секогаш тоа што го сакаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да му довикнам дека сочувствувам со неговата спремност ако затреба да скокне и низ обрачот со оган, но за да го стори тоа мораше да ја игнорира ироничната насмевка на Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, преку трудот и излеаната детска пот во големата нива требаше да станеме поцврсти и похрабри во издржувањето на горештината и жедта и да ја челичиме нашата подготвеност за големите идни дела.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па вие сте како онаа печена гуска од приказната што јас ја најдов фрлена на мостот од богатиот за да ја најдам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И на овој начин требаше да ја гледаат моќта на народната власт.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утрото ги собраа мажите на срецело и пред сите нив му заповедаа на Ѓорета Дамчески да ја натовари бомбата на воловска кола и сам да ја отера во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога помина лошотијата, кога Бандо и жена му се посмирија, по неколку ноќи преспани кај пријатели, се вратија во куќата и започнаа да ја поправаат, Бандо ги извади камењата од езерото и одново почна да го ѕида ѕидот од куќата на истото место каде што и си бил.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Знаеш, можеме да купиме куче, па секогаш кога ќе се шетаме низ паркот, ќе можеме да го поведеме со себе. (Морам вака ублажено да ја наметнам темата за детето).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ова е само првата порака до Рајхсфирерот, којашто Ве молам да ја испратите по бежичен пат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Го слушашеше како џбара низ фиоките по нож, како ја бара штицата за сечкање кромид, како се чуди со што да ја исцеди половинката лимон - но не му помагаше, да види дали ќе се снајде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Милка сакаше да рече дека е нејзино но таа никогаш не лажеше и затоа мораше да ја каже вистината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Кучке! - ѝ свика тој и се обиде да ја удри. Но таа му побегна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќерка ти никако не можам да ја разбудам. Како да е падната во кома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Патеката до изворот, која беше на дваесетина чекори пред колибата, онаму во бавчичето крај потокот, беше завеана како и сѐ друго, па Бојан се зафати да ја исчисти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Е ... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Малку по малку стануваа сѐ послободии и поблиски еден до друг без да ја наѕираат причината. Почнаа слободно да се гледаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но главниот адут на Палигоров, за да ја смири оваа непогода со Донски, остануваше главниот составувач на предлогот, историчарот Сокол Мечевски, инаку близок пријател на Водачот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа ме моли да ја оставам, а јас ја молам да пушти барем една жичка, колку да им го наквасам јазичето на децата. За лек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Германија настојувала да ја искористи предноста во наоружувањето.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За очите во кои се гледа суштината на животот, душата скриена зад пределот, а која ниту еден не успеа да ја одземе.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
А и самата ми имаше подречено: „Даскалов, Даскалов, нели неизвесноста како и да ја сфатиш останува најблиску до темнината?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Митриниот Брле не можеше да ја напушти колибата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арсо немаше сили да ја продолжи таа жестока игра.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Иако таа волшебна кутија му ја презентираше војната и порано, тој дури сега, кога самиот свесно реши да ја облече оваа униформа и да го земе ова оружје, целосно ја разбра онаа изјава на новинарот од раскрвавеното Сараево од пред десетина година: „Кога сфатив што е војна, ќе ја заменев целата телевизија за два тенка“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во плевната биле четири жени, сите како од еден јагленен калап извлечени во шума на ќумурџии- волшебници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ете, јас му предлагам нови, побрзи и поубави начини за работа, а тој, стар вопер, сѐ по неговото си тера и само едно мисли, да ја забави куќата, да го излаже сопственикот...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам како - но веројатно поради целата возбуда, замор и јадење, веднаш сум заспал и така сум заборавил на мојот ноќен план.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше нешто што личи на Гарбо во оваа ненадејна одлука да ја напушти својата публика која сѐ уште дигаше врева за неговите слики со Кемпбел-супите и скулптурите на „Брило“-кутиите; и имаше нека­ква логика во начинот на кој Ендиевите филмови полека се доближуваа до пародиите за холивудската неумереност - импровизираната екстраваганција со која ги претставуваше андерграунд „суперѕвездите“ како Бригит Полк, Еди Седвик и Вива. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа знаеше дека тој ја следи, веруваше авторот, но претпочиташе да ја задржи слободата да му даде замав на говорот на своето тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѝ реков дека мора. Дека ми е преку глава да ја шетам по лекари.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам и на однесувањето на претседателот на Француската република Франсоа Митеран, кој во последните години од владеењето, дури под притисокот на неизлечивата болест, чинеше натчовечки напори и усилби како да остане во историјата, макар што во граѓанска Франција, вечните мандати беа ограничени, а демократските традиции силни Минував близу претседателската палата, близу улицата, кога Бургиба, пред неколку дена продолжуваше, добро облечен да ги врши своите утрински прошетки за да ја убедува нацијата дека е тој жив и здрав и дека ведро чекори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каква глупост, да ја земе Ели, и тоа сега кога тато се ожени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, не би така. Првин морав јас да ја исполнувам нормата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа е апсолутно прекрасна и чиста и она што би требало да го направиш е да ја уништиш првата и да ја покажеш втората“. 24 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од каде па сега дека смрдиш? - мајката се заврте да ја погледне Ема и прашално се размавта со лажицата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Патем, Перо не престануваше да брбори: „Не знам која е таа река, но како да ја знам“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се најде во голема дилема.. не, Нина е многу зборлива, може не сакајќи да ја открие пред другите неговата реакција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да ја напушти куќата на мајка му, татко му, баба му, дедо му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја слушав искинатата прикаска која не можев да ја поврзам со почеток што до денес го паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од трите групи, само ниската никогаш, дури ни привремено, не успевала да ја постигне својата цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И се разбира за насмевката моја, за која трагаат да ја одземат, а која мене ми се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но соочени со сивата реалност ова е невозможно. Тука е контрастот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сети се само на сардисаните кај Крупиште. Колкумина беа?“ „Богами добра бројка“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, подобро, тогаш нејзе едноставно да ја нема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Раскажаниот сон остануваше како закана и тајна која не можевме да ја растолкуваме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По ова, работодавачот – иако претходно е информиран за ваквиот потег кој би следувал –  сепак, беше видно изненаден кога судскиот курир му достави примерок од тужбата, заедно со поканата за подготвително рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија и Перса, секоја на свој начин, ја подготвуваа за есенскиот миг кога требаше да ја однесат во училиштето Браќа Миладиновци за да ја запишат во прво одделение.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко ми предложи да ја купиме средната, затоа што е поефтина, и затоа што за неа имал пари; но јас, гневен и бесен, побарав тоа да биде најмалата и уште го убедував дека таа е најубава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го викнав болничарот, па со се инфузијата ти помогнавме да седнеш на столицата до креветот, сестрата ти го мереше притисок и излезе низ вратата, јас тргнав по неа да ја прашам колку ти е притисокот, а таа немоќно ги рашири рацете и одмавна со главата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Стоеше исплашен на една нога како штрк и не се осмелуваше да ја откачи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но пак се плашеше да се извлече од под креветот и да ја запали сијалицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува“ Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си излажал дури и пред да ја дочиташ приказната! Ти воопшто не си ја нашол обетката...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сега ќе мораме и Огнена да ја носиме на раце - вели тој додека ја ослободуваме приклештената нога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трето: сакаше да ја скрие својата сенка зад едно буре пред зградата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И потем се појави Земанек однекаде одзади, од задните редови, и за да ја спаси ситуацијата, почне да пее некаква народна, шегаџиска песна; сите прифатија и набргу и Луција, со солзи во очите, пееше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога еднаш мајка ѝ рече дека кој ќе научи писмо ќе може да му пише на тоа момче што го сака, таа се зацрвене до уши, избега од рацете на мајка ѝ која сакаше да ја избакне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Предложи на работа да ја сликате како маскота за вашите публикации.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Господинот Гроздановски, набљудувајќи го истражувачкото поведение на кучето, малку се разочара плашејќи се дека кучето е рамнодушно кон него и дека е во потрага по нешто што треба да ја задоволи неговата себичност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Арсо сѐ повеќе се губеше во својот болезен сон. Глигор брзаше да ја раздвижи крвта во тоа смирено тело, да го поттикне срцето да излезе од своето опасно смирување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој­ тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дозволи ми и натаму да ја гледам пепелта. Ќе се вратам, кога ќе станам посилен и ќе ти бидам ученик, и на крајот од Патот ќе ја здогледам розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не можеш да ја зазборуваш, што се вели, сосема е загубена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За среќа на полчивци, на самиот јузбашија, а најповеќе за среќата на Толета и Митра, овој јузбашија се погоди некако разбран и „кретен" човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше чувство дека ако ја крене раката, ќе може да ја види светлината низ неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега во прв план беше бунарот и со него можев да ја оправдувам немоќта и растргнатоста во врска со пишувањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И покрај сета нивна остроумност, тие никогаш не успеаја да ја совладаат тајната како да дознаат што мисли друго човечко суштество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие, всушност, самите си го полнат бурето со барут, за некој од далеку да го активира и да ја предизвика експлозијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, власите во градот одлучиле, за да заштедат пари, тревата во парковите да ја „поткаструваат“ со две стада овци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поттикнат од тоа што ми рече Лена за гневот на Симона, онака како што таа го сфатила, јас сакав да ја заокружам претставата за односите меѓу браќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, тече рок од 15 дена во кој страните се обидуваат да изнајдат решение по што, ако нема позитивен исход на преговорите, синдикатот или штрајкувачкиот одбор може да донесе одлука за стапување во штрајк, која се должни да ја достават до директорот на јавното претпријатие најмалку 7 дена пред отпочнувањето на штрајкот (чл. 32, ЗЈП).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не е болката река да ја препливаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се обиде да ја бакне, ниту пак разговараа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За мене со Ели обврските беа сосема мали: ако сакам да ја прошетам, кога немам за учење, ако сакам да ѝ раскажам приказна, или да ѝ прочитам од книшките.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа ги израдува селаните, но за кратко време, бидејќи по неколку дена се дозна дека Англија и Италија не се согласуваат да се менува Одлуката и дека Албанија незадоволна што се одолговлечува спроведувањето на Одлуката, започнала да трупа војски на границата за да ја заземе со сила зоната.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Навистина беговите сакале да му помогнат, да го извлечат од батак, се сеќавал Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре ќе заминам да ја видам Лузија Земанек, да го земам она што е мое а што остана кај неа, и потем ќе се оддадам Богу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали да ја пушти да отпатува сама или не.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да ја принудував и неа на мојата дипломатска среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, се надоврза Татко по Riconquista исчезнаа и последните живи заедници кои би можеле да продолжат да ја негуваат андалузиската муслиманско-христијанска синтеза?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој момент го мачеше само едно: Што мисли таа? Дали ќе може да ја кандиса?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ми збунето го погледна татко ми. Немаше време да ја види неговата реакција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Не ја примам...“ „Како рече?“ „Тоа...“ „Мораш да ја примиш! Тоа е должност на сите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сакам, некако, ако може, да ја најдам и да ѝ речам еден збор, да ѝ речам да ми прости на мојот простотилак, да ѝ кажам дека не сум таков.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Водата никој не може да ја запре! Да не тече кајшто ќе посака!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- А една воденица - ништо. И дете од колепка ќе ти ја урне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Донеси и смокви, вели Григор, смокви имам да ја натепам и Бугарија и Германија и... и си го поткасува јазикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најлакома, најалчна, беше пингуикулата која секој ден испушташе по еден нов лист; за да ја нахрани, учителот во нејзините свиткани лисја ѝ фрлаше секаква храна, секакви отпадоци; лисјата постојано ѝ беа подзинати како усти од полиња кои чекаат да се нахранат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бев депримиран, и, глупаво, за да ја избегнам депресијата, многу пиев.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А ако успеат да ѝ се спротивстават и нејзе со своите вивнати заби, или ако успеат со нив да го фрлат под нозете барем еден од нив, тогаш знај дека тие толку далеку ќе ја однесат својата рана, што не ќе вреди да се обидуваш ни да ја замислиш таа далечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цела Русија можеш да ја оставиш без работа, ќе вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трпеливо да ја бараме причината за живеење, да станеме родители, да се заљубиме, да доживееме ултимативен хедонизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе излеземе, таа заповедува да ја фатам под рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој фатил в раце едно парче коса, ја врти меѓу прстите и вели: барем не ќе морам под капа да ја кријам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бошковица, офкајќи од староста, се ведна над огништето да ја врши работата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сликата успеав да ја симнам и да ја притиснам на градите, како крадец некаква скапоценост, за која долго мечтаел да ја присвои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За време на една седница на тој собир, тој се појави, енергичен и речит, полн со снага и неуморен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога бијат ровја, тој ја подготвува колата, со двата пара прелесни коњи, за да ја стаса ламјата, за да ја убие.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дали сакаше да воспостави барем некаков разговор со мене или повеќе сакал да ја нема куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си успеал да ја промашиш провалијата и тоа ти дава огромна надеж.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие се набележани во упатството што треба да пристигне! - им довикна таа пред да ја затвори вратата!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можев да се смирам од влијанието на амбицијата, колку и да ја потиснував длабоко во својата потсвест Гзиме ја поставуваше масата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие чекаа туѓа несреќа за да ја заборават својата. Беа гладни дробноимотници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата од мозокот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Чикаго имаше една анкета што се направи меѓу луѓето што сакаа да се женат: им дадоа фотографии на разни жени за да си одберат која би сакале да ја земат за жена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако нема некој да ја буричка, таа ќе лежи. Бавноста си трае.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Надежи на патот за неговото целосно решавање содржеле изјавите на Владата на отечествена Бугарија за нејзината „готовност да ја отстапи Бугарска Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Телекранот - можеби за да ја прослави победата, или за да го забошоти сеќавањето на загубената чоколада - удри во „ Океанијо, ова е за тебе“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Даме го фати Гоцета за рака, влегоа во одајата, клучот скрцна и тие се заклучија... - Тоа е поштата! - тивко шепна Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Целата куќа да ја наполниш со вода, велам, до гуша да ми фати водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ја беше забележал како лежи во излогот на едно запуштено дуќанче со стари работи во еден беден кварт од градот ( во кој точно кварт, не можеше да се сети ) и веднаш го обзеде неотповиклива желба да ја поседува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И го залепив образот врз стомакот, под папокот, го свртев другиот образ и потоа почнав да ја бацувам држејќи од страните и полека исправајќи се.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога се одбила нечујно од небото на јастребот верна и на безмерноста та си можел да ја чувствуваш одсекаде а да не ја најдеш. На тој неземен миг сети се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја здувнуваат како ветер пред да ја доречеш наредбата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Личност која е духовно сиромашна, соочена под дејство на дрога со своето вистинско лице, може да падне во депресија, бидејќи не може да ја прифати вистината којашто го навредува нејзиното самољубие и замислената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама и овие ги собираат на „Лалели“, по сокаците од десната страна и затоа не се шетам навечер ни со машко друштво, зашто млада жена и со друштво лесно може со наддавање да ја собере нов „муштери јабанџи“, ако му даде малку повеќе од овој што те капарисал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само можам да ја наречам вакцина против најголемата болест на сите времиња.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со втората измена на ЗРО (2005), од декември 2008, се определи максималниот износ на хранарината и патарината којашто можат да ја добиваат работниците – имено, трошоците за исхрана можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник, исплатена во претходната година; а, пак, трошоците за превоз – во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 4, ЗИДЗРО/дек.08); 23 стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
РАСКИНЕ - „Ти раскинувам!“, му рекла госпожа Сара на господин Рацин, додека овој мирно си читал некоја драма од Расин. „Раскол, значи?“, рекол Рацин, џиткајќи го Расин. „Расклатена сум...“, рекла емотивната Сара. „Раскомоти се, Сара, дојди да те раскопчам!“, рекол Рацин. „Срцето ми е раскрвавено...“, рекла Сара. „Раскрсти, драга моја, со оваа расквасеност и раскрили ги портите на својата раскош! “, рекол поетски Рацин. Така Рацин успеал да ја расколеба Сара.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но во вечноста сѐ што завршило во космичкото време одново ќе ја стекне својата смисла, која не ни е дадена да ја разбереме и доживееме дури сме во времето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку пати само сум се стегала и не сум смеела да излезам, главата да ја покажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гала со него се сплетка и потоа глава не крена – на многумина голем ќеф направи, но после тоа со Германецот, никој за жена не сакаше да ја земе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во својата опиеност да го привлечам вниманието на Баждара и да ја здобијам неговата доверба, не внимавав кај газам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како војска, што се вели, како на војна да ја испраќам. 40.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се почувствува како ѕверка заробена во стапица со вперени пушки спремни нејзината глава да ја закачат како трофеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа настана пауза. Паузата Италијанецот како да ја почувствува непријатно, испи уште една чаша вино и рече со поткренат, писклив глас, гледајќи во кметот и учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мораше да ја исече и едвај смогна сили да го направи тоа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа што толку голем дел од времето сме морале да криеме што навистина чувствуваме (гејство), сме морале да ја совладуваме фасадата на секое општествено окружување во кое сме биле – не сме можеле да си дозволиме никако да стрчиме, зашто тоа можело да ја оддаде скришноста на нашето гејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом нема луѓе да ја гледаат, таа свеќа се гасне, оти нема кој да ја фали.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој стоеше малку зад неа и ја фати за половината за да ја придржи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше и неа да ја испечам, да не го правеше овој пакост”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некоја птица, избркана од седалото, возбудено замавта со крилјата и се препушти да ја однесе длабочината на мракот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога утредента Бисера почна да припрема терен за да ја изведе работата на чистина, Крле веќе беше донесол решение и кратко и јасно ѝ одговори. — Вечер ќе ти кажа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Инаку, при пишување на желбите или тужбите немаше обичај да ги потпалува скараните странки, да потфрла „бензин” на огнот, да ја разгорува кавгата, но немаше обичај ни да ги смирува, да го гаси тој оган ако веќе вивнал...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сипаничавиот Јован-Стојче Столетников ја барал во својот појас секирата и не можел да ја најде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А војводата рекоа дека загинал од својата граната. Ја испукал гранатата, рекоа и истрчал да ја стигне за да падне на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Причината поради која ти реши да ми помогнеш, беше да ја откриеш тајната, што со години ја чувам во џебот, околу која ти се вртиш цело време – рече притискајќи го посилно џебот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кај и да ја шутнеа, топката, ќе се дотркалаше до мене. Просто ме бркаше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тааа!... речи, благодарение кај сум вака, што не се оженив на време, та сега да ја земам Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така опуштена таа почна да ја менува бојата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Балканските војни предизвикале длабока криза во односите меѓу Австро-Унгарија и Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Руската литературна сцена, многу витална и необична (виталноста ја градеше во самиздатските визби), „Маргина“ ќе настојува да ја промовира и понатаму.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Ене ги рече Дуко Вендија, без да ја извади цигарата од уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму не беше момата што сакаше да ја види. Таму никој не беше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ко некој уплав да ја одзел ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден негов расказ прочитав дека од Јадранскиот брег па се до Белград, минувајќи преку Сараево, се возел во кола што не смеел да ја запре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Солзите не можат да ја променат судбината, да го измијат минатото, да ги избришат зборовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Помислата го изненади па реши да ја запамети и евентуално да ја запише и да ја прокоментира.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кон нив јас го имам дадено и мојот опис: како клечеше пред нив, како ги молеше да ти простат и како им ги веќаваше главите и на Иванов и на целиот Централен комитет, само да ја спасиш твојата...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Границата сега повеќе не можеше ниту пиле да ја пролета.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бал во снежни виулици Утрово останавме сите изненадени од глетката што можевме да ја видиме од хотелските прозорци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сето тоа време тој можеше да ја држи во своите раце власта над својот оган.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеме и овде сега да ја примениме истата шема со букви или со конкретни имиња.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека Раиз тивко зборуваше, како постојано со цвеќињата, јас не престанував во себе да ја дополнувам градината на зборовите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сака да ја запали и цигарата што му стои на увото, ама нешто го запира, не му дава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стражарот со испружена пушка, збунет И збркан, е готов да ја прободе невидливата опасност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако застанеш на трапезот и мислиш на техниката со која треба да полеташ кон упатениот трапез од другата страна, ти си готов; услов да преживееш беше да ја заборавиш техниката, а таа пак, во тие моменти, кога ја забораваш, функционира беспрекорно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нема јагула што си ја видела челадта, а ниту челадта не доживеала да ја открие мајката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Силно да веруваме во себе, да бараме мудрост и знаење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа Густав реши да ја смести Клара во психијатриската клиника Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
-Тој е шиптар а притоа и женет. Неговата жена ме посети: ме замоли да ја упатам во намерите на ќерка ми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Додека се во училиштето, девојките ќе бидат среќ­ни, подготвени за животот, за да ја преземат семејната грижа, одговорноста!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кажуваат дека судските стражари го спровеле во едно далечно пусто поле, да живее како туѓинец и да ја издржува казната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас трчам да ја спасувам архивата на НОФ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Пале, - свика накај кујната Живко, - подај од черешновицата, Гината сака да проба. - Јас да ја пробам, вие да ја пиете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„You knou English too“, уште понасмеано му рече и се повлече да ја наточи порачката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марко наеднаш побледе. Се фати занишано за шанданот и за малку ќе го турнеше. Немаше сили да ја крене Калија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оваа музика има такво својство што не можат дури ни сите кои се во салата да ја доживуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Мораш да ми објасниш, инаку ќе им кажам да знаеш – навалував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колата морам да ја извлечам од свињарникот; и доколку случајно нема коњи, ќе мора свињи да ја влечат мојата кола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тешко поминатите месеци ја научија да ги поднесува самотијата, стравот, гладот и студот, ама таа не научи да поднесува кога ги гледаше момчињата и девојките во излитени војнички униформи, парталави, гладни и вошкосани и не можеше да ја поднесе глетката на ранети и убиени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тоа е, со зборовите на алхемијата, coniunctio oppositorum, каде што на едната страна е Сол (Сонцето/Ергенот), а на другата Луна (Месечината/ Невестата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да удрам? Да се насмеам? Да ја кажам вистината?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не можеш и главата, што се вели, да ја носиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Птица си во слепоочницата на мислата ако катето изгори, на песната љубомори ако полуди на рамен круг ни поетот нема да ја препознае – во неа суша радоста и пости.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беа дојдени, некои други луѓе во власта кои не почитуваа институционален континуитет како и во други земји во транзиција на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затворена да ја држи устата, што се вели, пак ќе му избега насмевката, ќе му се украде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега што да правиме? Ќе одиме да ја прашаме Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не, всушност, тоа беше конференција на тема екологија, - се обидов благо да ја поправам грешката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија само ја подотвори устата и од што беше шокиран и разочаран заборави да ја излиже големата тегавица плунка што му се залепи за забот и усната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија: — Ете, пак!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И трпнежот почна да ја боли, да ја гори, да ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа длабоко беше потоната и ако само за неколку минути не дојдеше да ја земе, не ќе ја пронајдеше дури до пролет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој му ја подаде свеќата на Лествичникот, а овој, во суетата своја грозна, ми ја предаде светлината мене, за да не му биде на услуга на Филозофот, втор да не биде, лачиносец да не е, и јас помислив: „Ако. Нека остане светлината Негова кај мене, кога Лествичникот е слеп за да ја познае, а дадена на рака му беше“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Поарно да ја немам, да ја пресечам, кога е испоганета вака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Без да имам потреба да ја покренам ногата на нешто како другите мои врсници. Еве сега кога ќе станам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка мигум замолче. Нешто како да ја сепна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакам да зборувам во детали за тоа како ми беше кога седнав на шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Широка е за да ја пречекориш, а не знаеш колку е длабока за да ја прецапаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пупката одвај чека една корава рака да ја отвори. Да расцути, да сака.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прекрасно е да се запознаеш со животот на двете девојчиња - близначки - Лујза и Лота!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Томче почувствува незадржлива желба да ја овековечи оваа прекрасна слика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Е тука според интимното размислување на секретарот, се зачнала грешката која повеќе никој не можел да ја исправи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да не даде Господ да ја има мојата судбина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој не сака да ја доживее судбината на Че Гевара, тој има своја судбина која сака да ја раководи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седи со здравје, татко. Пуцко да си! Пари ќе ти праќам секој месец: прво, да исплатиш секаде каде што борчиш; после да ја омажиш Кате.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога најпосле Дукле дефинитивно одлучи да ја остави, таа, се пофати за мевот и му рече радосно: - Трудна сум... Дуклета радост го облеа, се возбуди.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Излегувајќи, свртен со грбот кон нив, Хрисостом ги затвори очите и ја изговори, малку изменета, кратката Исусова молитва што инаку знаеше да ја повторува по десетици пати уште како млад искушеник: „Господе Исусе Христе Боже мој, спаси нè сите!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чичко ми Трајко го стави чајникот со вода за чај, рече - со здравје партизани, се насмеа и замина некаде да ја чека Новата година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Самостојниот политички развиток на Македонија е неопходност, како нешто без кое ние не ќе располагаме со доста средства да се бориме со пропагандите за да ја зачуваме од нив нашата национална самобитност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и ѝ ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Страшно беше да се вратам назад, но, уште пострашно да ја оставам беспомошната Ели во сѐ ова што паѓа, што се урива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Некој навистина виси,“ реков. Утрото го симнаа Макс од една борова гранка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Кога би му кажала така, знаеше дека нејзиниот маж нема да ја остави да го стори тоа, да ја оствари таа своја намера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакаше да ја гледа додека таа лежеше со благо затворени очи, со бузите одвај одлепени една од друга откривајќи ѝ ги сочните бели заби, во постојан грч како пред голтнување горчливо апче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Веднаш Трајанка ја одведоа позади куќата зад амбарот покривајќи ја со еден голем плетен кош од прачки врз кој нафрлаа слама. За да ја сокријат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обично се пишуваше датум, плус местото каде што имавме чест да ја браните татковината.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И првиот ден немаше, вториот ден немаше, петтиот ден, пак така, ама после, кога ја слеков да ја замијам, нешто како да ме џишна, као да ме опрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу ова сино небо, кое ја одречува сета историја на земјата, со сите граници и храмови, со сите камени урнатини, и лицата на луѓето, загледани во вечноста на залезот на сонцето, нема никаде простор каде што би запрело нешто митско, историско, идеолошко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако ги следите внимателно затскриените зад тагата погледи што избегнуваат да се сретнат, или дланките што одвреме навреме се креваат кон челата за да ја симнат онаа леплива сенка која дури ни најупорната желба не може да ја избрка од челото, ќе го сфатите она што сакам да ви го предочам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сталинка, со силен напор, се ослободи од леко држаното јаже. Чанга ни даде знак да ја оставиме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Отстапив чекор - два од макетата. Сакав да ја проверам вистинитоста на спомнатиов привид или впечаток, но овојпат од друга далечина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И ден потоа ќе ме боли секој поглед рамнодушен, секој збор обичен, секоја ладна прегратка, погрешно и лажно искажана љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Да ја видиш мојата праска. Пуштила цветчиња!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одлучив да ја вклучам кон збирката ампутирани вести од весниците поради необичноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, таа сѐ уште не се чувствува добро и води борба со француското социјално осигурување да ја вратат во болница, да продолжат да ја лекуваат и да ѝ овозможат да го школува својот син.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но Скрче, кој сето време седеше на вратата и слушаше, го фати и го запре да ја удри Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Почнувате да го разбирате вербалниот излив полн со страдање, буквално, физичкото ползење, напнатоста на мускулите, очајот, анксиозноста и стравот кој се доживува во бескрајно многу видови, и можете да ја согледате врската меѓу овие реакции и различните средински ситуации, од кои некои се во доменот на архитектонското.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Товари си го магаренцето, Слези си долу во село, Слези си долу во село Там’ Милка да ја целиваш“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На ист начин, како што во христијанската традиција злото, поаѓајќи од своите обиди да го искуша Исус, делува на прикриен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- А рековме, покојницата била за цела глава пониска од тебе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите сакаа да ја видат убавата преспанка...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Настапува напнат молк. Луков го вади револверот, го проверува дали е откочен и трга да ја отвори вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А потоа, сфаќајки ја необмисленоста на забелешкава, побрза да ја забошоти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Требаше најпосле да падне завесата на трагикомедијата, да ја минеме границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И небото да плаче од среќа и со солзи да ја полива тревата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со почетокот на пролетта дојде и почетокот на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тука ќе го најдеш Гоце Делчев војвода!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откако ги изложивме двете спротиставени тврдења на мултикултурализмот и на неговите непријатели, сега мораме да ја расчистиме улогата на интелектуалците. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не сакав да ја распалувам повреденоста кај него, но тој во тие моменти не беше во состојба да разликува нијанси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Да извршите саботажа, која може да ја предизвика смртта на стотици недолжни луѓе?“ „Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Со Ваша дозвола, би сакал да ја поканам Вашата почитувана ќерка на пуримската забава во „Јеврејска касина”. - Да, да - рече збунетата жена и брзо се трга за да ја пропушти ќерка си.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Витгенштајновски кажано, секој таков говор не само што не објаснува ништо, туку во суштина создава философска збрка онаму кадешто не би требало да ја има; или пак има потреба од комплетна реинтерпретација во дескрипциите, кои потекнуваат од некоја трета личност, на усогласеноста на начините на кои се однесуваат членовите на една заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме сместуваа во сферата на граѓанскиот сектор и велеа дека таквата активност се коси со работата во нашата професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Па морав да ја прашам... - Што да ја прашаш?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
- Одам да ја посетам Анка, цела година не сум ја видел, - одговорил дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Токму тука во нејзиниот кошмар двете рачиња од Пела стигнаа до нејзиниот врат, се свија околу него и како да ја привлекоа во малечката прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се бореше да ја поддржи глобалната програма на сметката на своите чеда.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Си можел да го ставиш моето име таму, помеѓу името на сестрата на жена ти, и името на кученцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да одам барем на станица, таму да ја преседам ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но пред да ја напишам телеграмата за падот на бургибизмот и ставот на земјата којашто ја претставував, се сетив уште за еден настан кој можеше да има клучно значење за тоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со време, откривме уште една причина зошто Мајка не прифаќаше да ја напушти својата куќа и да живее со едно од своите деца, како што беше вообичаено речиси секаде, во тие времиња на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Горе татни пазарската бучава и двајцата настојуваат со сета сила да ја кршат карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дилемите ги прекина шефот на протоколот: - Господине, ќе ве прими заменик-директорот на политичката дирекција за да ја предадете пораката...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со истражувања откриен е голем број примитивни слики и знаци што личат на писмо, но им недостасува систематизацијата што секое писмо мора да ја има.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш можете пореално да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој е јунак, а ти најлошата тетка на светот, - гневно си мислев, посакувајќи да го имаме вистинскиот спреј од Љубета и да ја прснам за да заспие, па да спие сѐ додека се вратат моите од Кан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми покажа некои делови од нејзината моминска руба... Не знам како успеала да ја сочува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако решеа, можеа да ја разнесат Партијата на парчиња уште утре изутрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мојата генерација, со Мустафа Кемал на чело, можеби ја имаше најтешката мисија, по многу генерации во текот на пет века, да ја спасуваме суштината на нашето постоење како држава, нација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но еден ден сосема обичен, скоро совршен ќе се разбудам со нов сон, со нова мисла и ќе дозволам засекогаш да исчезне сенката на мојот најголем страв.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но се случуваше некој од чуновите, кога не ќе се појавеше змејот да ја мине границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа ми беше прво излегување надвор од земјата во кое собата морав да ја делам со друг, непознат човек.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
а). На пример: „Сонцето ја камшикува свеста“ Пред „Сонцето да ја камшикува свеста“ Сонцето и Човекот пред името - материјата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да го растрива Никола, да бдее над него, со Садие да ја реди бавчата, да ја учи како се меси пита, како се прави чомлек...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Требаше само да ја најдам автобуската станица за да си заминам оттука засекогаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можеше да ја преболи границата која минуваше низ семејното стебло.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ането! - се слушна машки глас. Ане се штрецна, како некој да ја удрил одзади по главчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ова не го реков за да ја укорам. А уште помалку за да ја намалам или да ја оспорам веројатноста на нејзината приказна. Сакав само да ја вразумам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Слушај“, се досетив јас, „да не сакаш да ја купиш?“ „Не јас“, вели тој, „Пере зетон. Тој сака“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога веќе ја изгубила силата, посакала да ја однесат во Рајчани.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе ја чекаат Бугарија да ја ослободи Егејска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не грижете се, знае Јана дека сакам да ја поттикнам! Нејзе не ѝ пречат опомените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се телефонираше, се телеграфираше на сите страни. Се будеа раковидителите. Не сакаа да ја вознемируваат Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не толку поради нејзината опсесија со вируси и зарази, туку заради тоа што по толку време таа не ми веруваше. Бев чист. До сржта чист.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговото ситно сестриче, премногу мало за да ја разбере играта, седеше потпрено на една перница, смеејќи се затоа што другите се смееја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да ја гледам постелата од мртов, од изнесен човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Морав да го ослободам - се обидов да ја смирам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Шеташе со својот поглед како да ја бараше проѕирката на спасот за да го закова во зелените очи на својата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Важно, Стрела е жива и знае дека во никој случај, дури и по цена на сопствениот живот, нема да ја прати во челустите на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Нема белки вака да ја носам?”, се прашува, „уште жива!”, замислувајќи си ја Горда како потскокнува од уплав кога ќе ѝ мрдне во рацете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој е вознемирен. Знаеш, не му беше лесно да ја прифати мојата мажачка за Даниел.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И таа толпа, како и мртовците, повеќе зачудена отколку исплашена, густа, исклештена, со ревење свртена кон истрелите, јурнала без сопнување и во скокови со таква ненадејност што третиот истрел ни го слушнале ни можеле да го видат - сега од нечија кола летнало само парче иверка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сурово е да ја разбуди, а мора да замине, за неколку часа лета за Варшава, а веќе утре се враќа назад, во својата јужна татковина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А што поседува тој: опустената родителска куќа (во која брат му, обземен од итрите планови на евнусите, ниту наминува) нема кој да ја чува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се врати наназад, се потпре на испружените раце, со широко отворените бутови силно притисната на мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Има само миризби, помешани спомени, човечка топлина, глад од утробата, радости, црни ирационални стравови коишто, наспроти сѐ, прават да се почувствува вистинското страдање, како што може Шагал, отаде фантазмагоријата, да ја насетува големината на еврејската душа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лутав цел ден, почнувајќи со прошетка покрај реката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ќе се врати, прашува Ѕвездан. - Ќе се врати, велам, отиде да ја навади градината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку со гајдата, сврши нејзиното, вели, ќе ја фрлам на черен да ја гризат молци... Нека прават глувците седела, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Барам нова ракија, а овие ме гледаат како да ја барам крвта нивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука го затече Андон; тој беше пошол по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако не сакаш дебела жена, тоа си требало порано да мислиш, кога си се одлучил да ја земеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред да ја отвори книгата, Сара ги погали кориците, на кои беше претставен есенски пејзаж, и кажа дека со години не била во парк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЈА НАПУШТИВ СОБАТА, оставајќи беспомошно да ја вее истурената утроба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Многу сакам да се запишеш во мојот лексикон“, ми рече и ми подаде една тетратка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оти јас мислам дека и така ти не би могол да ја оставиш Антица дома сама.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И за сето време мора да ја чува својата омраза заклучана во себе, како некоја топка, материја што е дел од него, а сепак не е во врска со останатиот дел од него, како некоја циста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред очите му излегуваше таа сцена што ја виде, а во ушите продолжи да му оѕвонува нивното кикотење измешано со силните звуци на аријата што идеше од радиото и заради која тие не го чуја кога влезе во претсобјето наоѓајќи ја вратата отклучена, која таа од силна возбуда, заборавила да ја заклучи, како што тоа и со него, понекогаш од силна возбуда, заборваше да ја заклучи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Те молам, му реков. Ќе одиме пешки, по пругата, до Велес. Морам вечерва да ја видам Луција!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ти, Аљоша, успокој се... Прибери се... Никој не жедува да ја пролее твојата крв...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми се чинеше дека не сака понатаму да ја прашам за таа жена и го сврте разговорот на други работи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Погодувате, тоа беше улица во едно сиромашно квартче, со накриво протегнати рушевини, со тела на куќи на кои пишуваше „куљар“ или „лимар“ на излижана и продупчена ламарина која ветерот може секој миг да ја подбутне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Исконските пориви, инаетот, сомничавоста, подлоста, интригите, се дел од средината која регресира на уште пониско ниво на психологијата на малата, селска заедница која како да ја мотивираат само поривите на борба за самоодржување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Ах, анасени! ах, авардини! — се изнапсува и начуди стариот мудур, изненаден од дрската постапка на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исплаши дека можеби си отишла засекогаш, па беше пресреќен кога се врати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја испи чашата вода, што таа му ја донесе кога дојде да ја прими нарачката, и сега беше жеден за кафе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие фатија да ја следат Револуционерната организација, создадена од Македонци со бугарско-српско образование, како и односот на Србите кон неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Скокам на јаже и сега, со моето заљубено мало (големите веќе не скокаат, носат штикли) и не можам вистински и правилно да ја посоветувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Тогаш, да одиме во Аугартн,“ рече брат ми, и Сара ја затвори книгата и ја остави на својата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но ако запалат некго од Турциве, или ако убијат некого, сеедно кого, вината можат да ја фрлат на нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та затоа и тој стана толку рано и реши прв да ја погледа Неда, за да не се исплаши или засрами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Доказите се толку очигледни, што дури е тешко да се забележат, налик на шума која заради дрвјата не можеме да ја видиме.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нема белки да ја пишевме „Карабуниште”? Тоа таму не само што нема да го разбереа, туку и тешко ќе го префлеа преку јазикот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ката, пак ниту сакаше да ја сретне, ниту можеше да ја трпи блиску до себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
8.  Второстепениот суд може да ја укине пресудата и кога странката бара нејзино преиначување, а може да ја преиначи пресудата иако странката бара таа да се укине (чл. 355, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука лежела таа, гола и жедна нива, и чекала да ја оплоди, да ја осмисли во нејзиното постоење, а тој, чувствувајќи го нејзиниот мирис повеќе од свест отколку со сетила, ги одморувал своите дланки на сомотски врелиот стомак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Мртва… Да ја фрлиш…,“ рече, па ги стави рацете на држачите од столот, како да сака да се поткрене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Во оној сон кога нарачала да ја оставиме под сртовите пелистерски... да слеземе до домата наша.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Бескорисни се тие кои не повредуваат, сите имаме соништа кои мораме да ги исполниме, да ја видат светлината на денот, да заспиваат мирно под месечината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие ти се тука, додека сум жива... тие остануваат и со тебе... со нас... ќе продолжат да го покажуваат татковиот пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колегата Вртанов и понатаму беше потонат во хартиите но околу неговите усни кружеше злочестото облаче на насмевката што јас веднаш можев да ја сместам помеѓу оние, одмаздничките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Велиш сум вулгарен, точно така е но вистината морам во лице да ја плеснам таа за тебе е непознаница тешка пропаѓај курво ја изгуби честа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но не престанувал да ја слуша приказната за чевлињата, туку сѐ сонувал со нив на нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А и како да замине?! Сето ова што се случи пред малку, нема да ја остави на спокојство. Ќе ја преследува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зборот „cyber” беше редефиниран (во Речникот на американското наследство) како „теориско проучување на контролните процеси во електронските, механички и биолошки системи, особено протокот на информации во тие системи”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Романтиката ништо не смее да ја прекине, дури ни мокрењето.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа, да ја отера бомбата во Прилеп на воловска кола, иако неексплодирана, намерно им го сторија на Ѓорета Дамчески, на Дикса и на Бориза Една, намерно им направија така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но не го постави, зашто над нашите глави профуча некаква птица, а Билјана мораше да ја види.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тука, турканицата беше поразредена па Едо пак можеше да ја потфати Летка през половина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А не знам што да правам со радоста, кај да ја ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Никако не можеле да се досетат како да ја заземат Земјата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реа сакаше да ја чешла - лесно, бавно, со часови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште малку и без уши да ја остават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ја криеш секоја горчлива солза, да осетиш како е да губиш сѐ, а не можеш да побегнеш, зошто ледениот здив на животот душата ти ја претвора во стерна, а пламенот од светиот оган телото ти го претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Цивилизирани луѓе сме. Да седнеме да поразговараме, ако сум направил грешка да ја најдеме.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во образложението судот ќе ги изложи: барањата на странките и нивните наводи за фактите врз кои се засноваат тие барања, доказите, решителните факти што ги утврдил, како и прописите врз кои судот ја засновал пресудата (чл. 327, ст.1-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само се обиде да ја заштити главата со дланките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите ние многупати зборуваме онака како што ни чини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Исто така, туженото претпријатие кое го изгуби спорот требаше да му плати и 13.080 МКД (215 ЕУР) за предизвиканите парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Даскалов го видов дури кога дојде доволно близу до прозорецот за да ми ја запре светлината и да ми соопшти дека колата со сандакот пристигнува; а јас пред да ја слушнам новината всушност го видов неговото, како што пред тоа се беше изразил, разведрено лице. (Или не беше рекол ништо слично?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изгледаше како да ја изгубила сета душа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вратија доцна вечерта. И утрината пак тргнаа да ја бараат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И Толе реши да не остане подолен од чаушите, па фрли очи во една русјачка, со која сакаше да ја замени Миша од Полчишта. Па и таа не му се спротиви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сомневања, немо смирување. Потоа здодевност. Луѓето се растурале полека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да ме спасиш мене, треба прво ластовицата да ја спасиш! – доби одговор од старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ниту да ја допре. Камоли да ја дофати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Се сетив на случајот прстен. Тетка Маца беше уверена дека остана без маж само затоа зашто свршеничкиот прстен ѝ падна в бунар.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа можеби и бев понекогаш екстремен во свои­те размисли за верата: или радикално го отфрлав постоењето на Бога или, во време на несреќи, кога ги губев најблиските од семејството, кога животот ми ја немаше смислата што би ја имал со нив, дури бев готов да ја проколнувам судбата што останав верски откорнатик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Знам“, реков јас, „многу ми е жал. Никогаш нема да ја заборавам онаа посета на гробиштата крај океанот, каде што лежат двајцата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А треба водата, затоа и се борев и се изборив, за да ја навлажниш испуканата уста и потта да ја измиеш од лицето и од снагата и да ја симнеш наслагата од меѓу прстите на нозете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има нешто жестоко кога се во прашање бунарите: не можеш да ја видиш опачината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Избегнував да се сретнам со децата од улицата и се прашував - како Пенчо успеал да ја обере недоверливата старица?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури помислив, кога веќе сфатив што се случи, дека можеби, сиромавиот сакал да си го исмее гревот, само за да може да ја пренесе гламјата со огнот во мојата печка. Она што не се случи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја вадев матарката со вода и пивнував, потоа го поткревав сенчилото на капата, која почнав да ја носам и дури кога немаше сонце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, таа ќе биде многу повисока“. „Четиристотини метри?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако такво нешто му рече на татко ми тој може и да ја истера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Праќаше абери да се сретне со познатите на кои можеше да им верува, го побара и Каламатија кај кого беше останала благајната со народните пари со кои беше и тој задолжен, но набрзо сфати дека многу работи се измениле додека беше отсутен па речиси неволно заклучи дека за жал нивната Организација потсетува на откачена карпа што се тркала од Исарот и никој веќе не може ниту да ја запре ниту да управува со нејзиното паѓање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, како што сфати сега, тој бил подготвен да капитулира уште долго пред да ја донесе таа одлука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој негов збор траеше долго и мачно излегуваше од него - Како да ја напушта библијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Татичко, кога ти би знаел, не би ме оставил вака сама во шумата, сигурно би презел нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бараше да му ја сликаат гајдата и да му ја пратат да ја има со себе, да ја гледа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брзам! Ја подигам гилотината... Имам токму само време да ја видам како претрчува на крајот на слепата уличка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лесно му било да го каже тоа, зашто потајно ја мразел својата млада жена и сакал да ја симне од врат за да може на нејзино место да донесе една млада Гркинка со руса коса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите сетила се отворени за да ја впијат во себе магијата на страста, како патување низ некои други димензии, непознати и езотерични простори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се обидов да ја скорнам. Но не успеав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја кутна еден војник под колена и зеде да ја удира, да ја гази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа следуваат и „вообичаените“ реперкусии за тужителот кој, нели „се дрзнал“ своите 148 законски права да ги бара преку суд: тој е викан на разговор „во четири очи“ од страна на своите претпоставени, со цел да му се изврши притисок да ја повлече тужбата; потоа, откако овие заплашувања на надредените не вродија со плод, тој е шиканиран како „нелојален предавник на фирмата“ и повеќе не му се давани никакви дополнителни ангажмани, коишто претходно вообичаено ги извршуваше и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. Дека како што е тој онака млад, убав, убаво облечен, ќе може да ја привлече.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Главата на Ѓувезија Дубровска со денови мирисаше од винска киселина. Но косата и понатаму ѝ паѓаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот меѓу нив, Симон Наконтик, со чувство дека е најповикан да ја мери правдата, веќе стоел со крената глава помеѓу пркосниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Таква ти е планината... Таква е таа. Никогаш докрај не можеш да ја запознаеш, - мрмореше дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
“ Вака никогаш нема да стигнам дома; мојата успешна лекарска практика е уништена; мојот наследник ме ограбува, но бескорисно, затоа што не може да ме замени; во мојата куќа беснее одвратниот коњушар; Роза е негова жртва; не сакам тоа ни да си го замислам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беа додадени 22 Повеќе за измените од ЗИДЗРО од септември 2010 год. види кај Д. Апасиев, „Правно мислење по повод Предлог - измените на Законот за работни односи (2005)“. 26 три нови става кои регулираа дека работникот кој доаѓа во контакт со материјали, податоци и информации кои се класифицирани е должен да ја чува тајната на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А тоа значи ѝ дал на полицијата индиции да затвори друг, да изврши провала, да ја уништи организацијата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако не друго, сето ова за мене ќе биде само уште една добра улична школа. Никоја диплома не може да ја замени уличната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе прашам по куќите, - рече Билјана, па го поведе малечкото да ја бараат мајка му.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не може да ја држи, не може да ја пушти. И почна да ја гали како мало дете по косата, по образите, по вратот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го погоди куршум преку носната 'рскавица и му излезе под десната веѓа, та можеше со левото око да ја види својата зеница од десното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Спрснаа и другите, малку како да ја прифаќаат играта, а малку како да му вртат грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вака си велев: „Тото, не се соблекувај... ќе можеш да ја киднеш штом ќе раздени...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеше да ја замолчи темнокосата девојка, само да дејствуваше доволно брзо; но токму поради екстремната опасност во која се наоѓаше, тој ја загуби моќта да дејствува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Разликата меѓу столот и Бога е во тоа што столот е една потреба на човекот која тој успеал да ја материјализира, а Бога не може.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Набргу вревата се смири, останаа само факлите здружено да догоруваат и да ја одржуваат радоста на луѓето заради големиот улов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
КЛАУС: Не, благодарам. Добро, ако на турската империја ѝ требале пет векови колку време ќе ѝ треба на Ристиќевата палата за да ја снема.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Втора фотографија.  Чекав долго, да се расклопи како женка да ја сликам во сиот нејзин сонлив сјај пропорција и хармонија.  Ја прекрив со себеси но таа кревка, тврд карактер ѝ се покори на сенката без поговор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рада се двоумеше дали оваа новост веднаш да ја сподели со Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во најголем број случаи од него се очекуваше самиот да ја измисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсутно ги погледнав, размислувајќи за содржината на телеграмата што требаше да ја составам, а за која ги немав неопходните податоци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следното утро замина за Монастир да побара адвокат и во судот да ја отвори постапката за наследството според договорот за догледување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гледај побрзо пуштај пари да ја омажиме сестра ти, да одбереме едно гајле, оти еве и таа дваесет на Митровден ги наполни.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел – дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од мишките му го сети чистиот мирис на пудрест машки дезодоранс кога тој ги дигна рацете за да ја соблече маицата преку глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тешко е да ја вратиш претходната страница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ја сфати и не исфолира за да ја привлече. „Занимливо“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
15 Гордоста, според Тома Аквински, најсериозниот грев од кој се раѓаат сите останати, (и навистина грев кој, како и логоцентризмот е поврзан со нееднаквоста и борбеноста) може да опстане и при самиот акт којшто е преземен да ја елиминира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На истото прашање, самиот одговара: „Ја гледам мојата баба како долго, долго си ги брише прстите од престилката пред да ја земе во рацете мојата ученичка книшка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таквото однесување како да ја правеше среќна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Земјата Дардаванија не мораш да ја сониш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
23. ПО УШИТЕ, НЕ ПО ОЧИТЕ, ИЗБЕРИ СИ БРАЧЕН ДРУГАР - првин ислушај што и како зборува тој, слушај, па испотрчи околу него илјада и триста круга да можеш да ја заобрачиш недосегливата му душа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тоа е лична заповед на генерал Деникин и јас ни мртов не сум спремен да ја погазам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Девојките да се тепаат по него, тој да не знае која да ја земе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никако да ја издржи потребата за независност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мене ми се чини оти сѐ она што човекот го создава со своите раце и со својот ум, со време почнува да ја следи судбината на сојот создател.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Претседателот внимателно ја читаше пораката за признавањето. Беше видливо задоволен. Му ја препушти потем да ја види и Еди Бакуш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си реков, па добро де, признавам, навикнав на нејзината точност, и сега ужасно ми пречи што јас морам неа да ја чекам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Молчиш и здржан си за да можеш да ја дофатиш оддалеченоста што ја создала смртта и во исто време да се одбраниш од нејзината блискост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Навистина, ние испративме човек од Кукулино да ви го каже тоа, со благородна надеж на разжабените усни рекол Каменчо Скитник; не можело да се разбере зошто никој не го поканува да ја земе гајдата и да им ги донесе сите птици на дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Моќта не можеш да ја запишеш на хартија, рече Фокс, не можеш моќта да ја снимиш на дискета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секогаш се будам пред да заѕвони алармот за да ја изгушкам и да се погалиме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Што бре за водата?“, праша Пере Катин, зетот на Сотира Лековски, кој божем, пред доста време, сакал да ја купи варта моја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но откако ја излечи, таа пак не го оставаше да ја соголи, пред да му го издраска лицето со ноктите и пред да списка како да ја коле некој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Извесноста исчезна пред О'Брајан да ја спушти раката; но иако не можеше да ја поврати, можеше да се сети на неа; исто како што човек се сеќава на некое свое живо доживување од некој далечен период од животот, кога бил, всушност, некоја друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бугарите пак станаа русофили, но тоа го направија не со чисто срце, а за да ја направат руската влада орудие на своите интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакав да ја опишам таа реалност со навестување преку нешто друго. Да зборувам низ метафора.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно пред мене со убедлив став да ја докажеш твојата одвратна лага нечесно копиле измамничко подло време е да ја симнеш таа проклета маска
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во намера да ја оствари оваа цел, изложбата не беше презентирана во линеарен, хронолошки манир, туку беше поделена на тематски сектори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак ако се одзве кога ќе ја повикаш И ако ја прифати поканата за заедничка вечера Отвори го пликот пред да ја кажеш нарачката Познат е големиот број невалидно изведени договори И лажни тестаменти Постојано мислиш: близу сум до среќата А сомнението ти шепоти: далеку си.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега повторно слушам како по терацото на ходникот стружат нејзините влечки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прага ја пресекуваат многу дијагонали, но некои од нив се најневралгичните точки и ако на нив не си стапил, тогаш не си бил во Прага, не си можел да ја почувствуваш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ништо што би можел да сторам или да речам, или да се воздржам да кажам, нема да ја одложи твојата смрт ни за пет минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Се сеќавам, многу добро се сеќавам - изусти тихо Филип без да ми дозволи да ја довршам мислата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Колата почна да се лизга и да ја губи почвата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шекната е!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример Хјум им се восхитуваше на стоиците, несомнено, бидејќи се согласуваше со нивниот атомизам, материјализам и морална филозофија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таткото на Ева, како едвај да чекаше да ја исече јаболкницата, особено по испраќањето на нејзиниот брат во странство, од каде никогаш не прати писмо и веќе го сметаа за исчезнат, бидејќи, и покрај сите обиди, не можеа да му најдат трага.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Тестираме антитела за околу педесетина болести“, рече додека очите му поигруваа зад стаклата на очилата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Последен пат го видов Борхес во Дикинсон колеџот во април 1983-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Многумина од ова тело, а и надвор од него, почнаа да водат филозофски дискусии за тоа кој треба да ја брани Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му врви, а не може да ја пушти, да ја доиспушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги затвори очите и ги притисна со прстите, обидувајќи се да ја истисне сликата што постојано му се враќаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стоеше така со погледот како фрлен во пустина и веќе помислуваше да ја батали оваа работа коа, зад себе, од левата страна, чу женски глас како му вели: „Ви треба помош?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога дојде тој ден и кога ја видов директорката јас така се стрчав кон неа што не се обзрнав да ја видам мајка ми и да се поздравам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Освен пресудниот критериум, квалитетот на напишаното, т.е. уметничката кохеренција, важно ни беше да ја оцртаме токму комплексноста и, пак, различноста во писателските приоди кон тој кај нас недоволно развиен „жанр” на тнр. „урбана проза“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа таа задача морав колку- толку пристојно, да ја извршувам јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Брзам да ја прочитам, зашто треба да ѝ ја вратам...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Барем не од тогаш кога го испративме другарот Благоја да ја доослободи нашата земја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чана се приближува до неа, ја префрла својата голема рака преку нејзините рамена, ѝ доаѓа да се расплаче од зборовите на Пелагија, а и силно да ја стегне, да ја внесе во себе, толку многу ја сака!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од друга страна, креативната личност ќе има богато и содржајно доживување, коешто може да ја поттикне подоцна да обработува нови теми на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Темни и заканувачки облаци се појавуваа зад планинските сртови, ама никако да ја поклопат скопската котлина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
9 Целиот процес пред Основниот суд Велес траеше половина година, а воопшто не беше потребно судијата (Ј. Лазаров) да носи првостепена пресуда – бидејќи странките, кон крајот на 2009-та, се договорија спорот да го окончаат на тој начин што тужениот работодавач доброволно ќе и ги исплати неисплатените испратнини за кои е тужен [во висина од 9.185 МКД / околу 150 ЕУР] – сосе парничните трошоци на постапката, без камата, а за возврат тужителката да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овојпат место јајца, ги броеше дечињата во паралелката што ѝ ја дадоа да ја води.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кажувајте, бре, тозлуци ќе направам од вашите кожи, од чабур ќе ви ја пијам крвта.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали на пример, државата треба да ја субвенционира „алтернативната“ култура? Зошто би ја субвенционирала? Или, кој е „вкусот” на државата?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Цветан Горски херојски се бореше, уште од првите дни на сталинизмот, да ја спаси колекцијата на животот на Езерото на својот учител, морален татко, во времето кога пајажината на сталинизмот го зафаќаше Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Попростачка точка во животот немам видено; и што има смешно ако некој не може да ја фати сопругата во блуд?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој обид на критиката, медиите, или на другите уметници да ја дефинираат оваа нова визија, беше попречен од уште едниот придонес на Ворхол во историјата на уметноста: неговата личност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Задачата на уметникот сигурно и денес не е неа да ја премолчува туку отворено и вистинито да ја кажува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неда ѝ се израдува на Митра, а Митра, кога ја виде Неда во мариовски алишта облечена, не можеше да ја пушти од прегратките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Денес голем број тинејџери се принудени, поради економската криза и големиот број разводи на нивните родители, да ја преземат улогата на возрасните во семејството.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Пелагија ѝ се чинеше дека е рано да ја дели од себе, ама оти во иста одаја, се согласи заедно со мајка Перса да ја облечат во пиџамките, да ја целуват во зацрвенетите обравчиња и да ѝ пожелат лесен сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Џемо, а да дојдете на по едно турско? После табла може да свртиме. Биткава за едно десет-дванаест дена да ја презакажеме“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Настојуваат да ја испразнат душата на посетителите со изнасилена вербална екстаза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило" и едно женско учениче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оваа раздаљина, ако сакаме да ја објасниме со свои зборови, би изгледалa нешто као: од Скопје до Хонгконг на исток, или уште посликовито - од Скопје до Венецуела на запад.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А ќе објават: исчезнатиот го смисли овој трик за да ја исмее вистината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можеш да ја дупнеш, да ја заграбиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тинејџерите во сиромашните квартови во земјата од седум – осум години тренираа некоја боречка вештина и фантазираа еден ден да ја облечат сината униформа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Па, се мислам дали здолништето да ми биде набрано и долго во „џипси“ стил, косата црна и сплетена во плетенка да ја зберам, а одозгора да се покријам со шарпа и во кугла стаклена да се ѕверам?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Сега крој го планот ти како да излезиш пред судот прав, а јас крив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
КОСТАДИН: Како да ја викнам, Зафире?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Како си думаш да ја избистриш, прашува Максим и вели Сите да слушнеме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше најголемата препрека на неговиот пат, беше една бескрајна угорница, што знае на човека да му ја дотера душата до носот и при летно искачување, но тој сега мораше да ја совлада неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакам да ја засучам ногавицата, ама ногата, гледам, ми избегала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Последната реченица што бев ја запишал гласеше: „Има нешто жестоко... Не можеш да ја видиш опачината. Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Не знам... На планина, - велам обидувајќи се да ја споредам планината со нешто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, за некои е доволно да минат покрај „Мулен Руж“за да ја задоволи суетата дека минале покрај оваа прославена париска витрина на голотија и што предизвикува повеви на разни асоцијации.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога стасала за мажење, се здебелила премногу и младичите ја одбегнувале, не наумувал никој да ја земе за жена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само да ја превалиме угорнинката, а удолу сам ќе се тркала.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога курвата сака да ја мине границата како уметник, таа излегува од рамката каде што била објект за самата да може да ја авторизира сопствената рамка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Војводата Јован Ѓуров и сега „погледна во торбата", и, бидејќи немаше друга Јованова глава, реши да ја спасува таа што беше на рамената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За ова на 22 март 1944 година била испратена телеграма од Одделот за Југославија до британската воена мисија Брејсиноус (Брасеносе), која се наоѓала на територијата на Македонија, при што се укажувало дека било договорено меѓу „Тито, Американците и нас, Американците да ја преземат мисијата при МАКЕДОНСКИОТ ГШ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посегнува да ја угасне ламбата, но се присетува на нешто и пак си ја прибира раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сосем во тој момент, туку дури некаде наредниот ден, му се роди идејата да ја изнајми собата од г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сега не ми е срам од Уља, вели Мирче, сега ми е срам да ја сретнам Маса Ќулумоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден човек од еден народ што нема писменост може да ја научи азбуката од еден народ покултурен од неговиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум сигурен која беше причината, но таа беше многу несреќна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш кога се случи да ја спомене, во некаков контекст, војната против Евразија, таа го изненади изјавувајќи незаинтересирано дека, според нејзино мислење, таа војна воопшто не се води.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но мислата?... Та тој не сакаше вечерва да ја опијани. Да ја потисне. Да ја направи бессилна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа молела да не бара такво нешто од неа. Тогаш тој рекол дека ќе бара нешто друго; пробал да ја прегрне, но тогаш некој лудак фрлил камен врз џипот, нешто се скршило и тие избегале. Ѝ реков дека тој лудак бев јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И пред да ја обори сонот врз црвеникавата куверта како да се утврди во неа одлуката сега засега да не се праќа глас долу во Скопје што е со дедото Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И тоа го стори мислам со намера да ја раздуваш нашата загриженост и уплав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Браќа мои, ние не можеме еден без друг, ниту пак има потреба да се кине еден од трите листа на детелината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше беспомошна, не можеше ни да ја помрдне.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас им реков дека само ти би можел да ја завршиш како што треба оваа работа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
КИРО: (Се прекрстува. Гледа во ковчегот на Султана. Тишина.) Бог да ја прости. (Пауза) Дојдов да ви помогнам да го ископаме гробот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не постоеше мисла што тој некогаш ја имал, или можел да ја има, а која О'Брајан одамна не ја знаел, истражил и отфрлил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нив ги измачува, ги боли таа празнина, тие очајнички сакаат таа празнина да ја исполнат, ама и ужасно се плашат од стварноста која може да ја исполни празнината, затоа што стварноста ја доживуваат како стравична закана, како нешто што ќе го поништи нивното празно Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме мереше со немирните очи и размислуваше, секако, што да ми прави за да ја покаже својата сила пред Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Следниот чекор ќе биде чистење на турскиот јазик од арапски и персиски зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајко моја, најмила моја мајчице, почнав да липам, каде си сега ти, да ја спасиш својата мала ќеркичка, знаеш ли што ѝ се случува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во спротивна насока можеш сосила да ја движиш, ама ќе го расипеш часовникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Е баш си крлеж, - го оттурна Горда, како веќе да се потпикува во неа, и заводливо насмевната отиде во кујната да ја подготвува ладната вечера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доста е сериозен, па затоа учителот можеби токму него го определи да ја има таа чест.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не се плаши, моме мило - не ги криј очите - колку и да сум огон - ѕвездата е многу повисоко над мене - не може да ја достигнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ете, нема! Нема да ја пуштам! Нека вика Мја-а-а-а-у!“ - се подбиваше Златко со мачката.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се штрекна. Постоја малку збунета, потоа почна да штрака со рачката на вратата со желба да ја отвори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите како да ја очекуваа козјата апокалипса!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да сака да ја „освести“ Неа и да ја одврати од тој младич, кој на Хорот не му е по волја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме сместуваа во сферата на граѓанскиот сектор и велеа дека таквата активност се коси со работата во нашата професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По краиштата на подиумот, на трите страни без ѕидот со каминот, крена миндери во козина колку за дузина гости, а на средето положи ниска софра од родната куќа, веќе фрлена во неупотребливи предмети, а сега светната со фирнајс, колку за да ја покаже староста, толку и трајноста на дрвото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Арафат изненаден, сепак не го запрел Бургиба, кој заклучил: Јас од вас барам да ја примените поделбата од 1947 година!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можеш да ја изнајдеш колку да сакаш да ја длабиш темничината со својот поглед, колку и да ја сврдлиш неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓепсница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Како мислиш да ја средиш? – се заинтересирав. - Моја работа – се правеше важен тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нивчињата ни се присојни, посни, колку да се вели дека имаш. И житото му е планосано од некои болвајци и глотежи. Класот му е празен, ама мораш да го собереш. Барем сламата да ја извадиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да ја наполнам душава со воздух. Очиве со широчина.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Пак јас сум, Пандели. Веднаш да формираш резерва и да ја сместиш во Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не можев да ја разберам нејзината промена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да не би после ние да ја плаќаме сметката?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
БОЖАНА: (Се враќа од црква, облечена во празнична црнина). Слатките пилци на мајка!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Овој извика некоја шифра место порачка во баџата на скарата и се наведна зад шанкот кај бочвето - и да го наполни бокалот и да ја испразни в уста маштрабата под чепот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Нема. Ќе останам овде до ден. И повеќе. Додека не ми дадеш. - Проклет да си.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ваквите настани придонесуваат да ја загубам рамнотежата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тивок, работлив ученик, не премногу омилен, но солиден и поверлив, тој од најраните денови почна да ја гради својата одбрана.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја земеш, за да доживее уште еден шамар.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но во 17. век Власите сточари, за да отворат пасишта, ја запалиле, а Турците сопственици на чифлизи, за да се одбранат од ајдутите што се криеле во гората, ги насрчиле жителите на околните села да ја исечат за огрев и градење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можеше да ја разбере врската помеѓу јаничарството во книгата на Леон Каин, личноста на Транк Спироберг и псевдонимот што Фаик Коница ќе го употреби во една меѓународна европска полемика за избор на универзален јазик за сите, наспроти моќта на секој природен јазик со милениумска или вековна традиција да служи како најдобар меѓународен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го пушти возот сам да ја однесе до целта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
25. Радев со својот “Movement Macedonien” мислеше да ја убеди Европа оти движењето е чисто македонско и нема ништо општо со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така ја сретнал својата жена. Тој ден, што бил необично топол за први ноември во државата Илиноис, младата Брунила Вексли излегла за да ја повика загубената крава.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тајната можеа да ја пренесуваат само со зборови и од ум до ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако не е излезена, ќе прилегне да ја дочека, та да оди в црква, да ги извести верните за големиот празник — воскресението на божиот син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не заборави да ми додели и една пофалница: „Остаревме а ти не престана да ја употребуваш самокритиката како средство за смеа и разонода!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Сѐ така восхитено зборуваше Елена, додека излегувавме на големиот одмор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Расположена ли си за Донг вечерва?“ ќе те прашав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наместо таа да ламентира заради ова, јавната уметност може да ја искористи оваа маргинална позиција во своја предност:
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во рамките на империите, националните граници немаат никаква важност, бидњјќи империите непрекинато ги мешаат народите за границите да ја загубат својата релевантност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми иде да ја гушнам кравата, да ја избацувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нервозно корнејќи ја сега и долната усна, Вера се прашуваше како е можно некој како неа кој важеше за најдобриот студент од групата, да не може да ја согледа разликата помеѓу него - големиот автор и некој обичен скрибоман.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А крмакот кус и фатен во вратот, велеше, не може да се исправи, да ја досегне, велеше, туку само ќе грофта околу буката, ќе тупа со нозете и под него ќе татни земјата, планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како да знаеше за нашата, интимна трагедија, најголемата загуба која може да ја има човек во животот, да го изгуби своето чедо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во телеграмата, и во овој случај, многу внимателно се истакнувало "дека таа одлука во никој случај НЕ Е насочена против Вас или Вашата мисија, туку е преземена од причини што немаат никаква врска со Вас или што се поврзани со Вас.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најпрвин ги слушнале нивните чекори, пошле еден кон друг, потоа ги виделе, нив и своите сенки што попусто им го сечеле патот: ќе се зграпчат за раце и со нозе и ќе се кинат со апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СИМКА: (Со насмевка). Од црква идам, Костадине. Бев пред света Пречиста... да ја дарувам... (Срамежливо). Костадине, денес многу, многу те милувам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Многу ми се моча, ама не смеам да ја расипувам песната. Дал да пеам, дал да ја стегам бешиката?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Поприлична бројка! И сите беа погребани во сандаци?“ „Точно“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие луѓе чекорат низ животот носејќи ја ужасната ледена пустош во градите, чекорат истоштени од доживувањето на таа ужасна празнотија, но во миговите кога ќе почувствуваат дека таму, наместо ледената пустош, може да има топлина и исполнетост, бегаат од она што може да ја донесе промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потпирањето на самите себеси, коешто овие хеленистички пилоти го развиле на своите патувања, веројатно довело до развивање на нивната демократска, истражувачка природа и во животот на копно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Решиле луѓето да ја изнесат својата несреќа од дома и на улица да ја исправат историјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КРАЛИЦАТА Катја болна лежи На кралот Милош во гради болка му тежи Секој ден со бел коњ шета и лекови бара Да ја излечи од болката стара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе му нарача дома да ја стават вечерата, да е готова, тој скоро ќе се прибере. Тоа секоја вечер станува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Х.Х. не заборава да ја обнови во нашиот разговор постојаната тема на бункерите, бездруго повторно разработена во Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега можноста за пушење го заинтригира, не само да запали цигара и да ја пувка, туку да ја пуши како едно потполно ново искуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но како се реши да ја заколе кога толку многу ја сакала?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кажи ми, Винстоне - и запамети, без лажење: ти знаеш дека јас сум секогаш во состојба да ја препознаам лагата - кажи ми, какви се твоите вистински чувства за Големиот Брат?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дел што никогаш повеќе нема да ја има истата форма и никогаш повеќе нема да го имам за себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
По три дена. Ноќ. После полноќ беше. Таа сети силни болови, толку многу силни, што преку неа како нож да ја исече.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На болничкото долапче болничарот ги остави златното синџирче со детелинка со четири листа, прстенот што и го имаше купено сестра ми и мобилниот телефон што јас и го оставив за да можам да ја контактирам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа јазикот може да се проучува гледајќи колку добро ја репрезентира таа реалност. 28 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се погоди утредента партиската ќелија да ни прати влезници за опера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бравите пред стап — ноќеска да ја прејдат Црна! — се врекна Толе со дебелиот глас и се фати за пушка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не ни дозволија да ја преминеме границата. Свртивме и трчаница фативме пат за Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како што одминуваше времето при долгото патување за Брно, така правеше напори што побргу да ја заборави, да ја истисне од мислите како и да не ја запознал. Правеше напори, но не можеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Овде е дома,“ ѝ велеше доктор Гете. „Не,“ велеше Криста. „Дома е онаму каде што е мојата ќеркичка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
-Тие упаѓаат во приватноста со нелегални истраги, апсења без налог, и постојано вознемирување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уф, срцево ми игра од радост! Ајде, Доцко, ајде, волку, стапицата ти е наместена, само да ја нагазиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој треба да тргне, да им го земе столот. Стани ти да седнам јас. И празната окопа треба некој да ја зафати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Господ и Богородица Мајчица ни дале сила невидена, небаре крилја ни дале - та со еден здив да ја минеме коријана - да ја искачиме планинава! - до трипати се прекрсти баба Петра. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сакав да му речам да оди по неа, да ја пресретне, но, сфаќав дека тој се плаши да нѐ остави нас повторно сами, да не дојде нешто полошо, уште пострашно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ништо не можеше да ја одврати од намерата да ја мине границата, да го оствари судбинското враќање во родната земја, откако стигна црвената виза, токму на денот кога таа наполни 70 години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не, не сакав да ја поткренам главата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го позеде текстот од масата и почна да чита: „‘Колку Хитлер мора да ја мрази психоанализата!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Соединувајќи се со стварноста, затоа што си дел од неа, ја прифаќаш како убава, почнуваш да ја гледаш како убава, вклопувајќи се како среќно камче во големиот светски мозаик на стварниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имаше една приказна која кажуваше како Волчарот голорак се фатил со некоја разјарена волчица, а во вистинска ѕверска борба, сиот испокасан, раскрвавен, успеал да ја задави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ветрот се повлекуваше пред мене. Пред да ја затворам зад себе вратата на својата куќа, погледнав кон студеното ведро небо и се зачудив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како по порачка, ритмовите се искршија (или така ми се чинеше), и скокав мафтајќи со рацете, во обид да ја излеам жешката лава.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дојдена беше да нѐ исправи на нозе, да ни помогне, да нè израсне, моравме да ја запаметите по добро иако не ни беше ни мајка, ни тетка, ни подалечна ни поблиска роднина, беше жена со благородна душа, со златни раце, со волшебно срце.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Постоеше дури и цела една потсекција - Порносек, како што се викаше во новоговорот - која произведуваше најдолен вид порнографија, што беше дистрибуирана во запечатени пакети и која ниту еден член на Партијата, освен оние кои работеа на неа, не смееше да ја види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нашиот водач, кој нѐ поведе во народноослободителната борба, ја доби и последната битка за да ја спаси нашата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оние луѓе гледаа да го искористат кусото време на одморите за да ја заситат малку својата глад, а тој - за да поработи, и тоа се повторуваше секој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тоа, порано, го правеше директно, без да ја предупреди Мајка. Едноставно, ја ставаше пред завршен чин.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навистина не видов кога излезе, не видов ни дали ја крена раката за да ја дофатиш прачката, но имам претчувство дека тоа се случило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ниту на телефон да не одговарате, ниту вратата да ја отварате, ако некој заѕвони.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
65 Во 1901 година Мерџанов и Соков, заедно со ерменскиот револуционер Бедрос Серемџијан, формирале чета и навлегле во Одринско со цел да го нападнат Ориент-експресот и да ја запленат поштата, за да дојдат до пари. Меѓутоа, обидот не успеал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„А да би могол да ја заборавам една навистина ретко убава девојка, каква што си ти, решив веднаш да се оженам за друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Минатата недела купив маса за билијард, ми рече, и јас и Стерл ја пренесовме на раце цели шест блока и тогаш со денови се обидувавме да ја составиме, но тоа никако не ни поаѓаше од рака. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 223
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го догризува земјана твојот корен на дланки да ја кренеш сите лобањи во неа да ти стежнат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Често дипломатското време си го претставував во споредба со минливиот живот, миговите на расцутената минливост, како една стуткана телеграма, која наместо да се фрли во кош ќе заврши во некој дипломатски архив, која можеби никој и никогаш нема да ја прочита.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И јас го изведувам телето, а кравата рика по него, пуста мајка, мачки да ја јадат! Рика, дали рика од пондилата кравата, а телето ѝ се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме –  правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов –  бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му пишуваше: - Чув, брате, си продолжил да ја градиш куќата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Таа се вудвоса во половината, со онаа безочна понизност што ја има само кај бедниот и кралски отпадок, а со жолтото здолниште како да ја смете земјата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тврдоглаво се удираа во шишето од ламбата за да го уталожи гневот, тој започнува да ја следи хаосната игра на инсектите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЕФКА: Јас верувам, Кево, знам колку пари имам в ќесе. Девојката е умна, мила.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И слушај и добро запамти - ми велат - кога ќе се врати од болница да ја стрелаш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бендот ја најави својата најнова композиција, за која што рече дека фановите ќе имаат чест за прв пат да ја слушнат вечерва. „Мара ми се скара“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Често сум морал да ја мијам и чистам од калта. А еднаш и се расцепи од опинците на Танаса. Тоа ми го скисели и лицево и душава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пак јас со таа љубов. Повторно проблем, морам некому да ја дадам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакав да ја стигнам... Но Мајка, вистински, овој пат нѐ напушти, за прв и последен пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му вели потоа да ја заклучи, и тој ја заклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Патрокле му ја грабна лирата од рака И почна да ја мазни меѓу прстите. - Триесет грама, - рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште пред да ја затворам вратата од собата чув како Вера го праша тато: - Жената што ја сретнав на вратата, која пред малку излезе од кај нас, сигурно е некоја роднина што не ја познавам. Некако чудно изгледаше, страшно налутена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со самото видување почувствував желба да ја насликам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да помине и таа рамнодушно покрај еден факт на кој не е можно веќе да се влијае.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не можевме да ја совладаме токму таа последна лекција од животот на Мајка, величината да владее со самотата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Раздвојувањето на сопственото јас од телото е болен процес и болниот очајнички копнее некој да му помогне да ја залеми пукнатината, но тоа раздвојување тој истовремено го користи како основно орудие за одбрана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Знаете, за денес не планирав да ја донесам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја чекав само да ја испразнам бешиката.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А, пак, извршноста на пресудата значи дека веќе безуспешно истекол т.н. „париционен рок“ кој судот му го оставил на оној кој ја изгубил парницата за тој самиот, доброволно, да ја исполни досудената престација – по што, оној кој го добил спорот, е овластен да иницира присилна извршна постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ја знам, стара сум за пеење, ама можеш да ја запишеш, јас ќе ти ја раскажам. - Да, може, сега ќе запишувам... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На почетокот на кариерата ми се нудеше шансата да ја напишам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така многупати сум ја гледал Велика моја да ја заметува печалката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа што ме прогонува мислата дека на некој начин јас ја убив!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но отпрвин пуштете ме да ја испијам сета роса од пајаковите лулки во шумата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше тука да ја подучува за да го научи италијанскиот јазик а верувајќи дека, играјќи со сефарадските дечиња, ќе го научи и ладино јазикот со кој, во Солун, се служеле шпанските Евреи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Реши љубовта да ја дарува со љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогашните моќници во светот, генералниот секретар на ООН Курт Валдхајм, Кисинџер и Громико, министри за надворешни работи на САД и СССР, беа во принцип согласни за среќна разврска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Воздухот како да ја бакнуваше кожата. Беше втори мај.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во „Којот: Ја сакам Америка и Америка ме сака мене“, 1974, на пример, живеел и се поистоветил со едно животно -којотот - настојувајќи да ја впие неговата топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
До каде најдалеку наназад вие можете да ја следите својата фамилијарна лоза?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Би сакала таа книга да можам да ја прегледам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Врз основа на таа реалност, во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В. Черчил, во втората половина на 1945 година, зацртал дека британската политика спрема Југославија требало да се одвива во правец на нејзиното „одвојување“ од Југославија, а да се „држи цврсто“ во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Излегував вооружана со касетофончето, да ја ловам, ранам и запленам приказната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му беше жал да ја изеде.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Според тоа, мојот став кон Југославија може да ја отежне само мојата положба, но не и положбата на Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеше да најде збор, да ја разувери.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— Верна неверна, тоа се стори, Луко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашата соработка беше службена, како што јас сакав да ја прикажувам со самоиронија, но гарнирана, како што ти ја дообјаснуваше, со жежок кревет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Нова Годино, - продолжи Дедо Мраз – посмирено галежливо – потруди се да ја исфрлиш љубомората.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе оставиш да биде што ќе биде. Ако не сакаш да ја расипеш магијата“, ѝ рекол тој учениот на таа царицата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кашламе, првкаме, заоѓаме, не можеме да ја смириме кашлицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тогаш оди, ама порано врати се! - рече мајка му и влезе во куќата да ја внесе солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Врагот да ја земе, ми го скрати животот за неколку години...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така, загрижени за она најитното, разговорот веднаш го сосредоточивме на акутниот проблем на распаѓањето на конвенционалните жанрови, и во врска со тоа, на кризата на литературната постапка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Интелигенцијата на тие народности треба да си подаде една на друга рака и секоја од нив да земе да ја популаризира идејата во својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој текст ја истражува оваа контрадикторна природа на границите, истовремено поставувајќи го прашањето дали е можно (и обидувајќи се да ја демонстрира неопходноста) да се надминат овие стари дихотомии на надвор/внатре, ние/тие, добро/лошо, ред/хаос и да се најде (конструира) трет простор, простор без ограничувања.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Камилски беше восхитен од Татковата потрага и го замоли да ја продолжат заедно...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настана тишина која, се чинеше како да траеше вечност. Никој немаше сила да ја прекине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ајде, да кажеме добро направил тоа што ја спасил, ама што му требало на раце да ја носи дури горе, кога ја дочекал жива. Тоа не го разбирам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пошто од селаните билките, печурките и боровинките ги откупуваа селските задруги, на Сврделот не му беше тешко работите да ги нареди така што стоката тие да не ја дават на некој друг додека прво не се допрашаат од него дали тој сака да ја земе или не.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ти ја навредуваш, Ана, она женското во неа го навредуваш, а ти не умееш да ја почувствуваш навредата за самиот себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трчам кај него, не можам радоста да ја додржам, што се вели, а тој ми вели: Зошто крадеш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од друга страна, неколку кози и биволи во минување, крај патот или шините, еден нерепрезентативен, покиснат јарец во јужните планини, додека брзаме да ја фатиме магистралата пред мракот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Си ја почна старата песна Крле и стана да ја бастиса старата маска, којашто започна да скубе некоја уст од Каматникова 'рж.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ниту пак зошто почна да ја смета за злонамерна – таа отсекогаш била за Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа е како најкомплицирана и најтешката задача по математика која ти ја даваат на училиште, а ти немаш друг избор освен да го земеш пенкалото и да го вклучиш мозокот за да ја решиш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега треба да забидеме две опасни стражарски места за да ја фатиме Жупанската Планина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа уште не беше напишана. Требаше некој да ја напише.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа, треба поусилено да работиме за востанието. Од темел да ја растресеме турската империја“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите млади коњарки беа дошле во дворот од Силјана за да ја гледаат радоста; сите се радувале и се веселеле; само Силјан штркот стоел на таткова си куќа омаудрен со главата в земи, од голема жал што му дошла, дека ја гледал од сестра си свадбата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Да ја испржевме и да го натопевме, па да видиш како ќе се лизгаше низ грлото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Направи еден полунапор да ја стигне, а потоа го забави чекорот, се сврте и тргна во спротивниот правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како пушачот кој од прибор имал само апетит и два прста да ја држи цигарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој миг, во тоа лудечко запрепастување на малиот крадец, Стојан Ванков се мачеше однадвор да ја отклучи вратата на својот стан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па тоа се слуги на кукавичлукот, издаици, неверници.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најчесто сакавме да ја слушаме прикаската за подводниот змеј чие живеалиште беше токму на линијата на границата која многу години, под различни окупации, но и во слободата, делеше две земји, народи, идеологии, вери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој „Илиос“, уште пред една две недели ги извика од земјата качунките, јагличките, петревите гаќи, момини солзи, а дренот го натера да ја облече својата жолта облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак го потиснав тоа и реков: - Тато уште кога ти ја донесе сликата за првпат сакав да те помолам да ја ставиш кај нас во собата, но не можев тогаш да ти речам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Набрзина, намерно, таа го препраша дали да ја прифати поканата од Хелвиг да оди во Германија. Да се сретне со детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ќе пораснам јас, ќе порасне и таа. Само треба да ја чувам, да ја поливам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За припомош, само додека ја натоварат бомбата на колата, му доделија двајца копуци, но силни мажи, како него. Алекса Ризески и Дикса и Бориза Енда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога авторот допатува во Торонто, Едо веќе беше во брак со Су која, подоцна, му роди две деца – едно машко, Дракче, на името на татко му, жртвуваниот туберкулозен партизан и едно женско – Енџи, име по желба на Су, но под услов Едо да ја вика Ангелина, Геља.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше сигурен во тоа и само таа сигурност го задржа да не ја земе за цевката, таа своја долга пушка, и да не ја тресне од стеблото до себе така, за да ја раздроби на сите нејзини ситни делчиња, од кои беше составена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што сакаше беше да ја има повторно фотографијата в раце, или барем повторно да ја погледне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татко, најпосле ја прифати идејата на Климент Камилски да ја започнат замислената операција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој за миг помолча, а потоа рече: „Ти си сакал да ја продадеш“, рече. „Така се слушна“, повтори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во времето кога таа му дојде до раце, Океанија не беше повеќе во војна со Евразија и тројцата мртви мажи мора да ја издале својата земја пред агентите на Истазија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секоја нова естетика, што тој недограѓанет селанец не може да ја препознае како гајда или опинок, како зурла или тапан, макар таа и да произлегла од гајдата, зурлата и тапанот, за него, господа, е комунистичка естетика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да ја делиш земјата, никогаш сите задоволни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оле! за иницијаторите за приватните театри, ако успеат точката да ја претворат во почеток на новата ера во театарското битисување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со секоја секунда бев подалеку од тебе но поблиску до вистината, не можеме да го сокриеме тоа што сме, ќе не пресретне еден ден каде и да е, по кој пат и да одиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веќе се стемнуваше и во собата беше полутемно зашто, заигран со малите автомобили, заборавив да ја запалам сијалицата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој не ја виде, не ни можеше да ја види, но ја чу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој и не ги креираше сликите што ги користише, едноставно ги наоѓаше, ready-made, целите обвиткани во својата светли­кава аура што ги правеше незапирливо привлечни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да сум го зел врз себе непостоечкиот татков аманет да ја продолжам потрагата, да ја довршам неговата невозможна историја, која сама по себе криеше една голема, глобална метафора, која ме доближуваше до филозофските размисли на Емил Сјоран за владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Господи, ги извртувал очите. - Никој мене не ќе ми донесе крст од бел камен. Никогаш, знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мораше да се враќа по втор пат.” •Изгледа дека на доктор Гебелс (Goebels) многу му се допаѓаше овој филм? •Хичкок: „И јас чув дека се зборува за тоа; веројатно од Швајцарија можел да ја набави копијата на филмот; тој филм беше фантазија, и како и секогаш кога се занимавам со фантазија, не ѝ дозволив на веројатноста да ја покаже својата грда глава.” 139
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таткото Теки со насолзени очи ја прегрнуваше својата ќерка Ервехе која повеќе нема никогаш да ја види.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога стјуардесата се обиде да ја врзе и неа, Марија почна да се брани, да писка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие сакаа прво да го завршам факултетот кој што го имав започнато и мислеа дека не треба сега да ја пропуштам таа ретка прилика која што ми беше дадена, за што сепак беа во право.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Гимназиски денови. (Нема начин тоа да се направи пред 1955.)/. (Ѕ) се занимава со јазикот. (И) со сакраментална структура (Тенисон). (Ј) прави планови кои не можат да се изведат. 188 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мурџо исто така видливо растревожен од далечниот глас на камбаните оти и покрај тоа што сака да продолжи со нив, онде горе, на крајот од улицава ќе се сврти Пелагија со еден молбен опул дека доста одел со нив, дека сега е време да се врати да ја варди куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакаше да го допре оружјето, да си поигра со него, не знаејќи сѐ уште за неговата намена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тоа беше врската клучеви која морав да ја оставам при излегувањето, на надлежност на вратарот, кој беше, исто така, на еден или друг начин за безбедноста поврзан со својата Централа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
НЕДООДЕН ПАТ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако беше помала, како што велиш, ќе се најдеше некој умен да ја откорне од земјата за да си ја одведе дома”, рече таа, но јас оваа нејзина досетка не ја протолкував како шега иако поштарот се смееше и кога го напушти тремот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повремено била толку жестоко воинствена, што морале да ја сместуваат во затворено одделение за немирни болни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вие не знаете, мене таа, втората мајка, морав да ја викам мама, секој ден ме тепаше и јас потоа плачев и цела ноќ си мислев што да направам и како да се насочам правилно, за да не ме тепа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Иако кога тргнав од дома бев спремна за разговорот со Филип, кога го видов како радосен што ме гледа пристигнува во кафаната, како и мојата храброст да ја снема.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги отфрли овие безобразни замисли и се задржува на една безопасна: ѝ го става дињчето под мишка, токму под носот - неговиот медовен мирис мора да ја разбуди со млечна насмевка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога мракот со сета своја моќ ја поклопи долината, не успевајќи докрај да ја зацрни снежната белина, некаде од северната страна, откај Чукарот, се извиши зловештиот, стравотен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Викнува говедарот и отрчувам да ја потерам кравата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пурим алегре!14– додека на лицето му се појави еден чуден израз, мешавина на трогнатост и пријатна возбуда. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неа снегот вредно ја пополнуваше. тој знаеше дека врнежот ќе може и да ја зарамни сосема, но дека и тоа ќе биде само уште еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред да ја угаси ламбата и да се седне уморен во фотелјата, нежно го истури купчето пепел на дланката и тивко кажа еден збор. Розата се појави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На едно плико со марки со ликот на Ганди, на опачината пишуваше: Mr Zahoor Husain, Shop no 19, Luiza By The Sea, Cavelossim, Salcete Goa, Pin code 403731-India.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Она што сакам да кажам е дека во Фектори немаше лицемерство и мислам дека нѐ напаѓаа токму поради тоа што одбивавме да ја прифатиме играта и да се претвораме дека сме она што всушност не сме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како да ја одбранам првобитната вибрација?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дел од тебе сѐ уште беше во неа. Мора да ја одржуваме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но среде насмевката можев да ја здогледам на нејзиното лице скромната лединка по која се движеа со речиси отсутни чекори многу од нејзини размисли и чувства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да ја видат желбата наша... да видат што народ сме... - Би требало... - им велеше учителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сака да ја преврти, вели, сака од сите страни да ја види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше јавна помама, ѓавол да ја земе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Според пропишаните норми за оваа дејност, дундата не смееше да биде исушена, спечена, ама не и месеста, дебела, подуена како пчели да ја касале.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја земав тетратката. Јас и не знаев што е тоа лексикон, ама не сакав да ја запрашам, не сакав да се покажам пред Анче колку сум прост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И, не можејќи да ја совладаме, или ја заобиколуваме или ја измислуваме.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сакајќи да ја одбегнам рекламата за прашок за перење, ја прашав дебелата тетка: „И, што велат вестите?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замина да ја досее пченицата на која веќе ѝ одминуваше времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ај, ќе одиме и ние со Уља. Во Битола. Ќе ја носиме Горица, да ја бараме од увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да ја обележи хартијата беше решавачки чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како низ полусон слушна сосема јасни зборови „побрзајте, почнуваме да ја губиме“. Боксот беше облеан со крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Поголем дел од државите дозволуваат продажба на пиво и вино во приватните продавници, додека некои држави продажбата на жестоки пијалоци ја ограничуваат на државните продавници.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Американската идеологија на телото ќе направи сѐ за да ја тргне и да ја поништи старомодната повеќезначност, што сама по себе ја носи идејата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нека тоа го доведеме до крајност: ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ништо не му одговори. Сети дека образите ѝ се бледи и студени, па во тешка достага му се молеше на Бога да ја упати, да ѝ каже што е должна да стори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се обидуваше како моќен и мудар арапски раскажувач да ја долови суштината на палестинската драма, со сета своја афективна моќ да фасцинира и придобие што повеќе приврзеници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стариот пак фати да ја брише устата од замисленост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Криза! Криза! Криза! Тоа го наведува и големиот театарски познавач, Ќирилов, една од своите пишани изјави да ја наслови како „Криза и вицови“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Барај и пребарувај ги своите интимни банки на генетска меморија, Стариот завет на твоите ДНК-РНК, вклучувајќи ги, ако сакаш минатите инкарнации, Јунговските архетипови и застрашувачките пре-инкарнации на која било иднина што можеш да ја замислиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бахтијар се поуспокои и го врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од тој аспект симптоматичен е пред сѐ расплетот на филмот, самоубиството на таткото по паѓањето на авионот во морето, откако ќе види дека главниот јунак и неговата ќерка се заедно и безбедни: на ниво на површна шпионско-политичка приказна овој самоубиствен потег е претеран, премалку основан, но ако ја земеме предвид либидиналната напнатост на филмот, тој е сосема разбирлив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите“ — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, невесто, се издума ли која да ја речеш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб. ‌Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа појде и се врати пред истекувањето на времето на визата, со голема болка во душата која тајум ја носеше до крајот на животот, без да ја разбереме вистинската причина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А само малку подоцна, она што го беше рекол дотрча да го одрече Мал Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застанаа. Со стап ја измерија длабочината и одлучија да ја поминат матната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Темни се и загатливи како судбина. Како некој да ја корне од челичните зглобови, тешката врата се отвора зад мене со крцкот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа му објасни сѐ што чинела за да ја спречи, за да ја одврати од пушење, но ете не помага...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Можеби јас сум еден од оние кои сликаат според соништата кои одбиваат да ловат, значи да убиваат со полуотворената уста на стрелата за да ја наполнат својата и на своите жени плодови саможитни што берат и за нас се молат да има улов повеќе одошто ни треба (жените кои мислат поинаку ги праќаат своите души на срните да им бидат штитник на стрелите урок) за пречек ни принесуваат богат огрев богот на гревот ни го ложат пред спиење за да заборавиме на писокот на жртвите поостер од остриците во нив набиени за да гинеме од ноќ во ноќ непоштедени од грозата на лажната смрт заблазувајќи им на оние кои писнале еднаш засекогаш!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можев да ја пронајдам на таванот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас секако, не сакам со ова да изразам дека униформата може да делува и да наредува независно од содржаниот во него човек, но ми се чини дека слободно може да се тврди, со блескава униформа дури и слабичките градоначалници - дури и тие може да бидат прифатени на служба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ама за солта нема како. Солта не се сади, не се бере, а не можеш да ја прескокнеш. А ја прескокаш, сркаш бунгури, јадеш леб глекав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаев да ја оставам големата самотија да комуницира како ниедно суштество, разјаснувајќи заплеткани загатки од својата интимност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Таа почна со виљушката да ја сече топлата пита.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она што би било нејзин еквивалент по симболичката жестина (што значи од онаа страна на политичкото) би била истата операција која направи незнаењето, распаѓањето на знаењето да го изврши ударот против властите - повторно да ја пронајде таа чудесна енергија, но на сосем друг ниво, на повисока спирала: да постигне невласта, распаѓањето на власта да удри против - поправо, против што?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За среќа, прилично научи за радостите и за лебот, за плодовите, за хранливоста на тагата, за нејзините дождови, за црните и за белите мириси на слободата, за карпата што ќе треба да ја истуркаш на врвот пред да се вратиш по патот на иднината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Опстоеше, во сето тоа неспокојно блаженство, невидлива логика што не ми даваше да ја побарам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога се вратив од часови татко ми сам седеше со Ели, која стануваше сѐ позборлива, само ако имаш време да ја слушаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Уф, сестро Кево, се зазборувавме, а не е време. Оваа работа треба денес да ја свршиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Шета околу мене. И со рацете можам да ја допрам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најважно е таа земја да ја пронајдеш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Што, што! Зар само твоите. Моите донесоа граѓа, а ако не ми беа браќата за да ја изѕидаат, уште ќе бевме во старана колиба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Посакував да ја понижам а всушност ја бев открил и промовирал нејзината посебност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
6) Напишете дијалог во кој двете личности имаат некоја тајна. Не откривајте ја тајната, дозволете читателот да ја насети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој би бил во состојба да изваја глава, најубава што е можно, за таа глава да го обожува, а потоа, ако затреба, да ја стави под нож.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Народната власт доѓаше во Отешево со лимузини, а пред тоа целото место, па и патиштата што водат до таму беа чистени, демек случајно народниот непријател да не излезе, па да ја види народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Станува негова прилика. А приликите во животот на дед Павел беа почнале да се влошуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сенката не можев да ја распорам со отровно наточениот нож.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ми сепак дозна за тоа, ме искара зашто не сум му кажала, дури ми рече: Немој да ја сакаш, штом е таква сестра ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кметот мрмореше правејќи со сила напори да ја фати мелодијата и да ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сите ни стана јасно. На Сталинка ѝ беше дојдено времето да ја носиме кај прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- „Море терај ги, бре внучко, воловите, не пули се по чавките, оти треба до ручек да ја изораме нивата.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гринавеј, наместо да ја појасни оваа необична приказна, веднаш го конфронтира гледачот со збунувачка визуелна и аудитивна буица од неокласични сцени, вртоглави играчи, компјутерски генерирани видео слики, Елизабетски стихови и сензационални звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поучен од претходните случаи на вработени кои тужеа за изгубените работни места и кои добија, по што беа вра- тени на работа, но притоа во знак на одмазда им беа поставувани „невозможни“ услови и/или беа прераспределени на места надвор од местото на живеење – тој беше решен да си замине од компа- нијата, но да го побара сето она што му следуваше за последните три години (оти паричните побарувања од плата застаруваат за три години).3 За да има доволно докази, тој првин се обраќа до компанијата – со Приговор дека неправилно бил отпуштен со повредени материјали и работнички права – по што, тој добива повратно Писмо како одговор кое, пак, понатаму во парниците го приложува како доказ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Утрешната вечер требаше да излеземе. Беа договорени сите другари од друштвото на Стомачето. Ме праша дали да ја викнеме Елентина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
БОЖО: Сега ќе бидеш љубезен веднаш да ја напуштиш куќава. Да не се расправаме поинаку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Барокниот“ стил, или она што го подразбираме под „магиски реализам“, го среќаваме во оние раскази чија произволност мораме да ја прифатиме ако сакаме да поверуваме во нив. Таков е, на пример, расказот за Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Успеавме да излеземе, но не успеавме да се пробиеме на Руга Анастас Дурсаку, не успеавме да ја најдеме фабриката за цигари која е нашиот единствен ориентир за да ја најдеме зградата во која живеевме пред шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога дедо Господ си ги затвори очите ѝ секнаа водите од небото, ненадејно се појави Пелагија со малечката Пелагија, Танаско со многубројната челад, и, се разбира, дедо Костадин легнат во големиот ламаринен сандук во очекување да ја види животната сопатничка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ова списание, посебно од културен аспект, никогаш не би можело да ја претставува Македонија, или македонската култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само да можеше да го разлути и да ѝ ги истури обвинувањата в лице, да ја осуди, и тогаш таа ќе може да се брани наместо да го моли да ја разбере и да ја признае нејзината невиност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во иста положба продолжува да клечи уште неколку минути.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, и покрај таа рокада сѐ уште е можно да ја чувствувам надворешноста внатре, и внатрешноста надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доце Срменков воздивнал и се обидел во збунетоста да ја измазни со дланка крестата на темето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Мајка реши да ја продаде долгата кафеава италијанска бунда, или пеличе, како што си ја викаше на италијански, а која ја доби како подарок од својот татко, пред свадбата, кого повеќе никогаш не го виде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу успешно знаеја со своите вицови и досетки да ја разбијат монотонијата на ова патување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имам незадржлива желба да ја фатам и да ја залулам во мрежата на тромавиот пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Која беше целта на ваквото однесување? Сакавте да оправдате еден поединец и да ја обвините државата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа се плашеше да ја провери неговата чесност со прашања, плашејќи се да не му го смени расположението, со кое таа не би можела да се справи, но сепак една вечер му рече, „Даниел, што му се случи на твојот адамски апетит? Ти јадеш помалку и од мене.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама треба некој да бдее. Да ја плати цената на вашата заебанција, да го обработи вашиот дел, да го врати вашиот долг.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ајде, додека гледаме како снегот тихо паѓа, ајде и ние да ја шепотиме оваа бела песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас секое утро се симнував по скалите до излезот од зградата, одев до крајот на улицата, и се враќав дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Петто: размислуваше колку огромни лажици содржи супата што мора да ја изеде на ручекот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка не можеше да ја задржи првата солза, испуштена пред Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можев да ја замислам Ен Бакстер како жена од Квебек.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најпосле Германија се врати, но тој успеа да ја сретне дури по неколку дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И вие да сте на мое место - така ќе постапевте: не можам мајка ми да ја оставам сама да ја носат в логор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уште кога братот партиец реши да ја викаме нашата коза Сталинка, таквата опасност постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И веќе знаев дека сѐ ќе е брзо готово, дека земјата обеспокоена од ѕверското будење на човечката крв нѐ чека да нѐ награди со црви, нас или тројцата со фесови: дотрча Ганка и се наведна над мајка си, се обиде да ја крене на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогашните стратези на комунизмот, под плаштот на сталинизмот, го мислеа истото, но јавно не го изразуваа: „Козите можат да ја поттикнат контрареволуцијата на победената класа”!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа била униформата на капиталистите и никој друг не смеел да ја носи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
САНЕ: А можеш малку да ја кренеш таа палка, мајсторе, веќе доцниме...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Елбасан ќе добиеш нови, не грижи се.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му дозволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стана почувствителен за работите околу себе. Го навредуваа некои предмети кои порано не ги ни забележуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чуму си црна јаловице Умри, Врз каменот името ќе ти го напишат Дождот ќе го разнесе Дождот ќе го разнесе Земјата да ја нахрани.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ниту неговите соборци, ниту неговите потомци, не можеа да ја продолжат големата борба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Мил му го трга коритото, му ја заклучува вратата, го затвора прозорецот однадвор, и кога Богуле ќе стане, продолжува да врши експерименти во собата: му го дава клучот и му вели да ја отклучи вратата, и Богуле ја отклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никој не знаеше и не можеше да ја разбере Бошковата тага.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За привлечниот изглед на сите градоначалници дело на градоначалникот, кнез Ксавериј Георгиевич Микалаyе Неопходно е градоначалникот да има привлечен надворешен изглед.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Евентуалното постоење на такви, за неа непознати случаи од љубовниот живот на Ролан, се чинеше дека се многу поважни од спомнатиот банален настан во дуќанот за сода-вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој можеше добро да оцени и да предвиди што би можело да ја чека Мајка во земјата на живиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се доближив до отпечатената, но неподврзана книга. Ја зедов в раце. И почнав да ја прелистувам.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пукаше - промаши. Не стаса пак да ја наполниш пушката, те апна секирана моја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука требаше да ја мине реката преку една греда ставена преку неа, но кога дојде што да види: гредата ја нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се упатив по пистата, кон авионот, со насмевка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одмаздата нема да ја одмазди болката, ќе ве боли повеќе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Не е дедо, од ридот можеш да ја дофатиш. Погледни! - Не може, - пак одговори дедо Стамен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Мораме да ја прочитаме“, рече тој. „И ти исто. Сите членови на Братството мора да ја прочитаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шефот сигурно сакаше да ја сподели дозата страв со третиот член, продолжи: – Името Сталинка на козата може различно да се толкува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме напиваат и рибино масло, ама ниедна капка не останува во мене. Не можам да ја задржам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се исправил тресејќи се со склопени очи за да не ја гледа белината на нејзините коленици и пошол нишајќи се кон покопот на најстариот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти иде да ја пикнеш некаде главата, да се скриеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам утре да ја обележуваат вратата со катран и да го викаат детето копиле ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, во таа ноќ најстрашна од сите ноќи на патот, се будев и пак тонев во соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– „Дури тогаш повторно се сетив на Роза; што да правам, како да ја спасам, како да ја оттргнам од тој коњушар, кога сум десет милји оддалечен од неа, со нескротливи коњи пред мојата кола?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сè додека Господ ни дава сила, ќе продолжиме да зашрафуваме челични греди, да ги редиме една врз друга, сè повисоко и повисоко, а по нас, ќе продолжат нашите синови, и никој од рамниот град Париз нема да дознае, обичните смртници никогаш нема да го сфатат тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие, поучени од примерот на Бувар и Пекуше, сакаа вината, односно глупоста за намерното чистење на балканските јазици, најчесто од политички причини, да ја видат кај институциите на времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие остануваа во испразнетите селски куќи да ја чекаат суровата зима и длабоките снегови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми се чини дека е при добра волја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прилозите ги објавуваше со редок вознес и жар во текот на една цела година, но откако настанаа некои промени во редакцијата, а со тоа и кон него, тој беше принуден да ја напушти редакција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Душата не е златна прашина па да ја расфрлате низ ветерот, да ја делите, да ја продавате и на крајот да останете празни, јалови и гнили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред да ја земе, нели поканата беше во нејзината рака? Да, точно, во десната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со насолзени очи слеговме да ја видиме, да ја галиме, да ја гушкаме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да ја заведе својата невеста до местото каде што работеле ѕидарите, тој се преправал дека бурмата му паднала таму и, кога таа застанала таму и нејзината сенка паднала врз темелот, ѕидарите бргу ставиле малтер и го размачкале и врз него го ставиле бетонскиот блок, знаејќи во своите срца дека тоа е фатално за нејзиното живо тело, исто како да ја заѕидале жива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ќе се обидам да обезбедам кола - рече Елена. - Еден од колегите скоро купи, па таман малку да ја развози.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Залудно се трудеше да ја ослободи од тие авети, - да ја ослободи од чувството на човек кој залутал во страшна, непреодна пустина, каде што се секнати сите извори, изгубени секакви надежи... Залудно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Каков можеше да биде тој? едно беше познато, се колнам, секој што ќе посегнеше врз него потоа како да ја губеше моќта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ноќта заминавме и требаше да извршиме напад врз Германците, под Неготино, да ја нападнеме германската колона.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Секако“, реков, „сакам, утре ќе ти го вратам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Никогаш песните на Анте Поповски не примиле толкава слабост, но и не покажале толкава доблест достојно да ја признаат и пречекаат, токму неа, слабоста што нѐ прави исти и еднакви со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Трагедијата, забележа тој, му припаѓа на старото време, на едно време во кое сѐ уште имаше приватност, љубов и пријателство и кога членовите на едно семејство се поддржуваа меѓу себе без потреба да ја знаат причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку пати стануваше да ја призне момичката од што не можеше да заспие, а таа ни помрдната, ни отскриена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да бидеме емотивно искрени, чесни, одговорни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во извесна смисла, личноста на Џоан Фонтејн беше досадна, бидејќи главната хероина никогаш не се бранеше, просто дозволуваше госпоѓата Денверс да ја гази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сите што ја знаеја, се плашеја да ја приспомнат, уште помалку да ја изговорат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
— Значи, да ги оставиме сите наши дејци од народот на милост и немилост? — праша Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Дали бдеела над неговите тајни мајка му на Капиданот кога слезе месечината насмевката од Кузмана да ја зајми за да ја осветли со неа темнината?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислеше само дека тој никогаш, воопшто никогаш, воопшто не и не и не би можел да се граба сега по таа зашеќерена пченица и да ја јаде неа, не дури ни сега, кога се работеше; за еден туѓ татко. Не. Никако. Никако. Избега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакав уште еднаш, само за неколку мига, да ја видам како го прелистува каталогот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакам да ја најдат војниците, вели, и не сакам да се учи некој што не се одбира од свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
КУМОТ: Е, ние сме помлади, срамота е со толку да ја предадеме калата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Што да правам, како да го надитрам овој волшебник?“ - размислуваше Малчо, сакајќи да ја искористи неговата волшебна сила на најубав начин.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Илко ѝ рече на Митра да ѝ го отвори ковчегот од Стојанка и да ја промени од убаво поубаво. — Велигденцко, што се вели, велигденцко. Слушаш, невесто Митро?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Каде е дома?,“ доктор Гете сакаше да ја збуни со прашање. „Дома е дома.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој во своите скулптури ги испитуваше неорганските материи, како што се железото и бакарот, и органските материјали, како што се земјата и дрвото, како можни извори на физичка топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да кажеш: „Светот е без Бога“, зарем не треба прво да го познаваш целиот свет, да ја испиташ сета вселена со сите нејзини сонца и ѕвезди, историите на сите времиња, да го поминеш сиот простор и сето време?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понекогаш го нарекуваше никаквец, но таквото луто однесување, јас го разбирав како нормално: постои значи некој кон кого можеме да ја искажеме нашата лутина, нашиот цинизам и нашата смисла за хумор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Расни ме боже, раце големи дај ми да бидам последно тело црнината што ќе ја догребе од сите тревки и од историјата на една песна многу што ја сонија - Македонија: Тргнав да ја барам телото го изгубив.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Успевајќи да ја постигне целосната лаицизација во семејството, која хронично недостигаше во балканските кревки институции на владеењето, на верувањето, таа остануваше немоќна да го разбере постоењето на границите помеѓу луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Абе ти, толку ли не си вешт да ја прочиташ фарсата? А згора на тоа си и професор, писател, и што уште не.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, во тој случај, ќе беше изоставена убедливата истражувачка метода на Тортон Вајдлер во книгата „Мостот на светиот крал Луис“ (The Bridge of San Louis Rey) - една скрупулозна студија на биографиите, напишана со цел да ја оправда случајноста кога пет личности што не се познаваат страдаат при рушењето на еден висечки мост во Перу.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сиот снег од Сибир не може нашата љубов да ја затрупа, вели Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тишината можеш да ја месиш како ќофте, да ја извалкаш во презла, и да ја пржиш на тивок оган.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тогаш пак ги превртев гениталиите во дланката овде на смртната постела додека свеската, сѐ уште со раката на мојата нога над коленото, чека да може да ја шмугне својата топла дланка нагоре каде што јас ја чекам со гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па си зеде мечот в раце се истрча во поле да си шета лутината збрана в гради да ја отфрли сакаше сета.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Можам само да ја мразам толку, да се згрозувам од рацете што ја фрлаат на под и од неа, од неа, уште повеќе зашто ја тепаат, зашто сум јас и ја тепаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Почитуван Г-не Јовановски, јас дојдов кај вас за да ја побарам раката на Вашата ќерка Томаица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ѓувезија Дубровска ја фати за рака и се обиде да ја исправи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
за познатиот хермафродит Ann Malreaux која самата себеси се оплодила и сега очекува дете; можам да ја прочитам автентичната исповед на канибалот на кого децата му се најомиленото јадење на менито бидејќи имаат вкус на риба...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па зошто тогаш да се бега од неа или да ѝ се препушти на временската дистанца да ја исфилтрира во песна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Чудив се чудив што да ѝ речам. Чудив се чудив што да ѝ речам. Што да ѝ речам, како да ја прашам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Можеме ли ние по тоа да ја обвинуваме Русија во неискреност и поддупување? Зошто тогаш да ѝ се лутиме на Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и ми рецитираше како започнува романот, но јас не можев да ја слушам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ха! Па сега кога ќе се земе во обзир тоа, болката во бубрезите е логична и неизбежна, бидејќи тие не можат добро да ја преработуваат крвта!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Хаваи. Тахити. Тешко дека веќе можев да ја распознавам музиката, но таа неодоливо потсетуваше на плажа и лесни неоптеретувачки движења кои се трудев да ги погодам пред да ме затресе тектонски, еруптивен вулкан.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ми се чини дека еднаш - и тоа категорички - Ви забранив да се виѓавате со Вашата сосетка? Уште повеќе да ја примате - овде!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Според Андре Мазон, продолжи Камилски интрусот на странските зборови во постреволуционерниот руски јазик се должи и на долгогодишниот егзил на врвните раководители, како Ленин, Троцки и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога во мода влегоа чорапогашниците, значи хулахопките и тие тенките и нежни работи за под фустан, терав пат во Дојче Демократише со оправдување дека одам за да ја поправам протезата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сам не ќе можам да ја однесам мајка ми до местоно што го избра. - До кое место? - прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И веднаш продолжи војнички отсечно: „За да знам како да ја организирам исхраната”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој се надоврза на Татковото кажување за крајот на јаничарите: Значи, така Балканот и Европа, султаните и самата Империја се ослободија од постојаните и непредвидливи закани на јаничарите, кои веќе заземаа место во легендите, додека султанот Махмут II можеше да ја забрза реализацијата на програмата на своите реформи и цврсто се одржи одржа на својот престол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Диселдорф купувала стари алишта, телевизори и друго и речиси секогаш успевала да ја мине границата а да не биде забележана од цариниците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Погледот ѝ се заковуваше во една точка, како нешто невидливо, во правецот кон каде гледаа нејзините очи, да ѝ го голташе погледот, како да ја голташе и самата неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да ја започне играта со Деница во својата вила, Ниротакис доби телефонски повик од Авни, кој со девојките имаше краток одмор на паркингот крај Лупиште, северно од Улцињ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
-Во својата алчност тие од производството и продажбата на оружје направија економија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не, не можев да ја истрпам неправдата! Да, сигурно е така.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Се сеќавам на една случка што не можам да ја премолчам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Рози беше убава, но Кети не можеше да ја види убавината кога во неа немаше здравје и виталност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- И вие сте навистина, многу блиску до историската жртва на задоцнетото и погрешно прифаќање на идејата – комунизмот да ја замени религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од терасата на хотелот „Златна јабука“ да ја понесе на раце до нивното гнездо во хотелскиот апартман, но во исто време и двајцата да бидат отмени гости по вариетеата на Сончев брег и Варна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пловејќи по морињата без мапи и навигациски инструменти биле принудени да ја развиваат независноста на мислите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го истегнувам само вратот, и во тој улав час ми иди да ја одвртам главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сеќава, чувството на бессилие, на недоверба, и некоја лутина што таму, на фронтот негде на Кожув, избликна од него како ненадеен вруток, беше причина да ја напушти воената единица на потполковник Дрангов, да го фати ризичниот пат што водеше низ линијата на фронтот и едно зимско утро во 1915- та да се најде дури на Солунското џаде од каде можеше да се насети и мирисот и здивот на Белото море.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Срнчето не сакаше да се обѕрне ни на неговото сено, ни на неговиот леб, тоа не сакаше да ја погледне ни солта, што тој по малку пак долго се мачеше да му ја подаде на својата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се загледав повнимателно останував со впечаток дека крилата всушност настојуваат да ја прелетаат пајажината на вечноста распната помеѓу синиот хоризонт и изнемоштената снага на Пепрутката фрлена на тревникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Силно светел часовникот на неговата рака и тој постојано го вадел за да ја чита посветата, напишана за него на задната страна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Роже-Луј Жино, швајцарски романисиер Толерантноста на таткото од балканската сага, ми се чини неразделива, од културата која ќе ја наследи авторот и кому му беше при срце да ја збогатува, но култура со една впечатлива, речиси библиска случајност и спротивставена на уништувачкото што го имаат сите идеологии – vanitas vanitatum – од кои што човештвото периодично толку многу страда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш не можев да ја разберам како може да биде сама покрај сите нас!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ова секако води до идејата дека јазикот може да ја претставува „вистината“, кое води кон една понатамошна идеја дека може да се развие една наука за значењето гледајќи зад и под зборовите - приод обично нарекуван „структурализам“ (изложен од Фројд, Чомски и Селвини Палацоли помеѓу другите).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога влегов во нејзината соба, во нашата соба, таа седеше на креветот, со перницата в раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таквата метода би можела и да ја избегне спротивставеноста помеѓу нормалното и патолошкото врз која се потпира тој медицински, психолошки пристап – кој е столб и крепа на современата хомофобија.16
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знам како да излезам, како да ја искачам нагорнината. Потерата ни е зад петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку да ја отвори устата, да ја спомене мајката своја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И рече: „Повнатре со клучот, и потем силно, десно’, како секој ден да ја отклучува!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почнав да љупам патлиџан и над Шприцот да ја сецкам краставицата за шопска. Нешо се слави, а појма неам шо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се мачеа да ја сочуваат ноќта, а потоа тој ги слушаше само нивните гласови, празни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-Во својата алчност, тие воспоставија политички системи што ги принудуваат младите да бираат меѓу пластичната униформност и очајното отуѓување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Со секој збор што го изустуваше Вера ми стануваше јасно дека е тоа нејзината историја и на моменти сакав да ја запрам да не раскажува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така, за да ја продолжи играта, филологот беше принуден да пречекори некои ограничувања поставени од неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Последното, што успеа да го стори, беше да ја повлече онаа рачка и самиот да го доскочани сето она, што го држеше толку многу време во својата виорна понесеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Буџетот за архитектура е сто пати поголем од буџетот за јавна уметност, бидејќи една зграда обезбедува нови работни места и производи и услуги кои ги зголемуваат финансиите на градот...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Штици и клинци. Овие, во дуќанов не се мои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тоа, отприлика, можеше и да ја претпостави неговата содржина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, не би се осмелил оваа т.н. свечена популарност во комшилакот да ја означам како една од причините што анти(-)упатствата и натаму се множат без прекин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Монархистите за да ја задушат револуцијата, почнаа масовно да затвораат и убиваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Што, Сталин умре, велам и рипнувам да ја бацувам, да ја давам Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние, девојчињата на 14-15 години кои бевме во интернатот, почнавме да ја шириме македонштината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Немало книга што некогаш Хрант, а сега неговиот син Армен и ќерката Алиса не можеле да ја најдат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При отворањето, вратата закрцка. Побрзав да ја затворам пред налет на ветерот, во надеж дека ќе го предитрам истото упатство.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Останал сам вртејќи ја апнатата рака кон месечината за да ја види крвта, ноќе потемна и од ноќ. Видел, 'ржел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наместо да ја открива подривачката дејност на македонските организации, тој, вели, тргна по стапалките на Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Геро во истиот момент ја истури ракијата во пивото и му ја врати на келнерот за да ја однесе со подавалникот - како ништо да не било, освен што во неговата кригла спласна пената.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секоја цел, на пример мост, надвозник, или железнички чвор, која непријателот цврсто ја држел и која партизаните не можеле да ја нападнат била доверена на Кралското воено воздухопловство или на тешките бомбардери на американското воено воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајка ѝ не знаеше како да ја изрази благодарноста кон него, што ѝ ја врати ќерката, здрава, дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само дисциплинираниот ум може да ја согледа стварноста, Винстоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Знаете, едно е да убиеш, а друго е да се има некого на совест.” превод и подготовка: Игор Ангелков користени се книгите за Хичкок на Трифо и Богданович 150 Margina #22 [1995] | okno.mk ALFRED HITCHCOCK CHCOCK okno.mk | Margina #22 [1995] 151 The Paradine case Birds Rebecca О К К А Ч А Н А Т А Њ В И В У О ЈА П Х Lifeboat Young and innocent 152 To catch a tief Margina #22 [1995] | okno.mk Славој Жижек ДОПИСНИКОТ ОД СТРАНСТВО (1940) Дописникот од странство е шпионски трилер со јасна политичка нота против пацифистичкиот неутрализам, што всушност ⥊ остава отворен пат на фашистичката нападност; заклучната сцена, радио извештајот на јунакот од бомбардираниот Лондон во свое време делуваше дури непосредно мобилизаторски.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште ја памети вечерта кога ѝ беше пришол и начинот што го беше применил за да ја освои! (Инаку, на ова приоѓање му претходеа приличен број денови на приближување, на загатнување, на искажување некои недефинирани чувства).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколкупати родителите на Криста со себе во Гнездо ја доведоа и нејзината ќеркичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но овој пат таа нема да има други цели, туку преку добиената културна автономија за Македонија да ја јакне македонската индивидуалност, преку создавање македонски културно-просветни установи на македонски јазик и создавање македонска самостојна црква на чело со македонски патријарх.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- ја прашував, сакајќи да ја наведам да се открива себеси – Во селово скоро да нема книги, освен училишната библиотека, а доколку би имало, не можеш да знаеш што пишува во нив?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе ти кажам проста реченица. За твое добро, пробај да ја запамтиш.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Може и колата да ми ја конфискува и да ја отстрани од сообраќај.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми даде една книшка да ја прочитам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да ја објавам својата одлука, да најдам гласник што ќе ја каже пред светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивната цел беше да применат малку обратен инженеринг, односно да се обидат да ја разберат структурата на границата и како таа функционира, „согледувајќи ги чудните привлечности кои ги спојуваат заедно луѓето од двете страни на границата и во исто време ги држат одвоени.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наскоро, кога почна да ја испраќа па и да оди со неа, офицерот им носеше дома по некој пакет прехранбени продукти од специјалната продавница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега требаше одново да го земам лостот и да се обидам да ја поткренам земјата но, вртејќи се кружно во собата, сфатив дека најпрвин треба да го поткренам својот дух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш веќе никогаш не ќе можеме да ја погледнеме Венера.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури некои промени во звучниот период, што се однесува до филмската техника, може да ги сметаме за грешење во Ворхоловската естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Мамо, мамичке, најмила мајчичке на светов, - се фрли врз неа, почнав да ја гушкам и бакнувам, дури ја соборив на креветот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ете така и мајка ми „не беше тука“. Мислев дека ќе можам да ја натерам да ми раскажува за Индија, но таа отсечно одби: - Знаеш и самата – рече – кога се враќам од кој било пат, првите денови не можам ништо да раскажувам, уште впечатоците не ми се средени, и ми треба време да се снајдам дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На првите им одговара конформистичка парадигма (максимум задоволство а минимум вложена разумска сила), на вторите – реформистичка, макар што и кај нив преовладува мислењето дека уметничкото дело е жив организам кој е во спрега со публиката пренесувајќи ѝ ја пораката што самата сака да ја чуе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога ѝ реков дека сакам да ја насликам, таа неволно, се согласи, но ме замоли да ја сочекам по молитвата, да го стави апостолникот, камилавката и новата пана, ко што е Редот, ко што вели Законот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Би можел да ја следи додека да стигнат до некое тивко место и тогаш да и го скрши черепот со камен од калдрмата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или да ја чекам Велика да раздава за душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Изгревот кој го користевме како здрава терапија, за напојување со чиста енергија, пред сѐ за чистење на духот, смирение кое ти ја сталожува енергијата, како бистра чиста вода, па ти овозможува да ја распоредиш сам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова лично ми го раскажуваше твојот татко, Козакот Семјон Иванович, се разбира, кога ќе почувствуваше потреба да ја сподели со себеси и со мене својата нерадост!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само да ја спротнеш раката низ прозорецот и ќе ја насетиш на јаготките на прстите подјадената од времето кошула на ѕидините.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Кај нас секој од секого е ебан!” Тихомир повторно се обиде да ја смири ситуацијата:
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа, притрчува кон Милка, сака да и’ го препречи патот и да ја истурка од собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За него, во прашање беше една возвишена идеја, тешко остварлива во животот, идеја што лесно можат да ја пригрнат сиромасите, неуките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено, кај Хајдегер, особено во неговите преводи, секогаш постои чувство дека тој трага по некој вид пред-онтолошка присутност, која, доколку ја разбиеме нашата затворена концептуална рамка, можеме на сфатлив начин да ја разбереме како (по)полнозначна отколку како културално договорена во поглед на значењето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но не може да се ослободи од размислување.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На пример, се сместува покрај возачот, прилично долго поради тежината и веднаш почнува: Бев уште покрупен човек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира, децата пораснаа и се отселија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се занел паѓајќи најпрвин на коленици, повеќе како во верски занес отколку со боречко искуство, се искривил на една страна и, вртејќи го грлото на пушката кон земја, удрил со лице во својата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На трчање креваш нешто од земјата, се мачиш и земјата да ја натераш по тебе да тргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЗАФИР: (Пее: „Море да те турам во десна пазувај море, на коњ да те качам...“ По песната се скрива).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сега сум во ред. Ти ми помогна да ја надминам болката на душата со која бев затруен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но ништо тоа не помогна, полицајците останаа на своето, а сам Ѓоре, после расправаше, во еден миг помислил или да им избега или да ги остави да го затворат, но кога размисли подобро, се откажал од тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да ги наплати парите, Никола го пратил во Цариград синот Санде, а тој во тоа време се обидел и успеал повторно да ја заземе улогата на мухтар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Всемог бог не ќе нѐ избави од опакост.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом ја отвори вратата од кошарата, говедата едно преку друго истрчаа надвор, па нестрпливи да стигнат до поилото и да ја изгаснат жедта, лижеа од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
109. Сливница им покажа на Србите оти ако една Бугарија со Источна Румелија може да ѝ покаже на Србија еден сливнички пораз, тогаш соединета Бугарија, заедно со присоединетата кон неа Македонија, во идно време може и сосем да ја победи и да ја пороби Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ја мие крвта и да ни го лади оружјето. Ја стегам пушката, а кожата ми трепери, ко масло на вода. Лилјак сум направен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сега, кога тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите" наполно се смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не мислев да те расплачам, Мими, премногу си чувствителна, ајде, насмевни се!“ се обидуваше да ја смири Влатко, прекорувајќи се дека ја скрши радоста поради доаѓањето на дедо Владимир. Неубава работа... ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Минималната плата е дефинирана во чл. 2 во ЗМП и истата гласи дека минималната плата претставува најнизок месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да ја плати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Гзиме рефлексно појде кон ќеркичката Јета. Да ја повлече кон себе, да се смири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, додека ја затворам чантата и мавтам да ми ја донесат бундата, а сето семејство се збрало, таткото, подмириснувајќи ја чашата рум што ја држи в рака, а мајката најверојатно разочарана – па што, всушност, очекуваат овие луѓе од мене? – сета облеана во солзи си ги гризе усните, а сестрата мавта со шамичето натопено со многу крв, јас сум некако подготвен, под извесни околности, да признаам дека младичот, можеби, е сепак болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сакаше да навлегува во овие мисли и повторно да ја враќа сликата која очигледно не можеше да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, оној друг свет од мрак не ќе може да ја пробие тврдината на нивните молитви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Користејќи ја можноста на еден дводневен семинар во Скопје, Рада реши замислата да ја спроведе во дело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи немале и не сакале да имаат врска со ЦК во Солун, бидејќи не се мешале во работите на Организацијата и не се обидувале да ја шират својата идеологија и својот начин на борба меѓу обесправеното население, гемиџиите сметале дека Иван Гарванов нема никакво право и основа да им се наложува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас лично немам ништо против евентуална ваша врска. Но, татко ми е многу погоден од сево ова и не вервам дека имате било какви шанси. Зато, најубо да ја заборавиш Томаица. И то е то...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Границата толку брзо се менуваше што граничарите не стигнуваа да ја дочуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Рацете и летаат како крила од гулаби! (На Стојанка.) Како теткиното грозје, Стојанке?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Претстави си со твоето брзање да ја дупнеш цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оваа одлука којашто се коси со важечките закони, новопечениот директор успева да ја издејствува преку надлежниот орган –  стручниот колегиум на МЦ, во кои седеа неговите истомисленици.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Станувајте, викал Арсо Арнаутче; се наведнал над најмладиот и го затресол; се клештел со задоволство на сезнајник на чија дланка лежат сите тајни на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Бре, што зборувате? Бре каков Толе, каков паша по толку потери? — се фати за глава мифетишот и веднаш му ги одведе своите службеници на мудурот и тој да ја слушне оваа работа од нивните усти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откако му јави стројничката дека Попставревци кандисале да ја види тој на колјата Викторија, Панде се сети како гранка од нивното стебло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега е вистински миг да полетаме. Да ја прелетаме оваа долга, морничава ноќ.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наспроти него и наспроти сопствените младешки восхити, Гете на уметноста ѝ ја намени мисијата не да се расцутува над таа зависност туку да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се оддели од дирата и зачекоре на десетина чекори од неа, напоредно со неа, продолжувајќи да ја следи во истиот правец, но внимавајќи ниеднаш да не ѝ се приближи и не испуштајќи ја од погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Генсекот кој како да не им веруваше на своите уши, сакаше пораката да ја провери со своите очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очигледно сум сакал да ја споделам мојата возбуда и тоа, немајќи посоодветен човек, токму со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела, доколку само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некогаш ќе ми дојде да ја земам секирата и да му ја расцепам главата. Така, дури спие, дури се порева ко истурена комина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И така сега да ја направиме сметката и ти мене да ме исплатиш и со здравје пак да си поможиме, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
О'Брајан симна една мала кутија од горниот дел на еден орман и подаде некаква сплескана бела таблетка и ѝ кажа да ја стави на јазикот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислиш ли дека божеството може да создаде некое место коешто не е рај?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Индусите можеле да ја развијат иконографијата на Bhagawadgit, и тибетанските будисти го имаат Thangkas.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И пак, сега тој а не Куно Бунгур, извлекол од нејзините заби блесок што ветува возбуди и слатки морници со кои незабележано може да се влезе и во гроб на кој само од себе никнува јоргованче со лилави крилца, под него заљубените да воздивнуваат под ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште повеќе, ние сакавме да им покажеме на Русите дека нема во Македонија неколку словенски народности, а има само една; дека Македонските Словени можат сами да ја разрушат таа преграда што е поставена меѓу нив од пропагандите и од нивното образование во Бугарија, Србија или Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Или ќе свртиш по некоја друга уличка што само ти знаеш да ја смислиш! – ми зборуваше таа сета обесена на мојот врат а сепак чудесно лесна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Момчињата со загноени мозолчиња залудно се преколнуваат навечер да ги потргне завесите, уште еднаш да ја видат како шета гола од соба во соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ем ќе ме чува по цел ден, ем не ќе мора да ја плаќаш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Утрото, додека нејзиниот сопруг во Барселона не можеше да пронајде никаква трага од неа, мораа да ја однесат во амбулантата, зашто ја пронајдоа онесвестена во локви од сопствената нужда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А којзнае дали и јас самиот си се разбирав во тие мигови, понесен од необјаснивата амбиција која ме водеше кон целта, без да ја сообразам со условите, одбраниот пат кој водеше кон нејзината реализација, последиците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се помислив, помислив, и се пуштив да ја бранам, да ја откинувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега е мирна како и сите други сенки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Како не го касна некоја оса за јазик, вели, не можеш да ја втасаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од неодамна тој има нов проект, поддржан од некои големи американски универзитетски лаборатории.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вечерта кога ни јавија дека е повредена ги молевме болничарите во Градската болница да нѐ пуштат да ја видиме, барем на кратко.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Според тоа, и од гледна точка на новите групи кои се подготвуваа да ја заземат власта, еднаквоста меѓу луѓето не беше повеќе идеал што треба да се избори, туку опасност што треба да се одбегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со ококорени очи ја гледав неа, тоа мало девојче загубено во големата, темна шума, тоа мало и храбро девојче што мавта со рачињата во ноќта, очекувајќи да ја здогледа чичко Љубе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле мене ми здодеа да очекувам Билјана да добие петка, па престанав да ја прашувам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Државни одреди за опустошување чија ефикасност ништо не може да ја доведе во прашање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој навистина се наду и со некаква услужна страст се тапкаше себеси по големиот мев; го правеше тоа бавно, тешко, очигледно му беше напорно да ја подигнува раката; солзи често му течеа врз лицето; но тој веќе ништо не разбираше. Маргина 37 67
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Султанот ветил дека на атентаторите ќе им дозволи да ја напуштат безбедно земјата и ветувањето го исполнил. Меѓутоа, колежите продолжиле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А на горниот крај, на десната страна, беше пцалтирницата во која се држеа неколку книги, а на чиј врв беа поставени две штици пирамида на оска на која можеш да поставиш четири отворени книги и да го завртиш така што да можеш да ја читаш која сакаш од книгите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако се осмели некој да ја критикува дејноста на таквите лица, се решава да загине од Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред настанокот на аконфексионалната држава, во традиционалното општество, кога основа на единствената заедница на луѓето била нивната заедничка вера и “субјектот” сѐ уште бил поим на политичката теологија, што поданикот не го разликувал од христијанинот, тој раскол бил нужно верски; оној на другиот брег бил припадник на крива вера, а толеранцијата облик на теолошко политичкото допуштање, што на малцинската верска заедница како краен досег на нејзиното признание ⥊ го намет- нувала мнозинската.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Е, мои мили, вие треба да научите и тоа задолжително ќе го научите, како да ја употребувате пушката, што речено со други зборови, како да стрелате и како да убивате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станал да ја пречека. И така таа се смирила.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ми требаше да доаѓам со вас без да им се јавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А мојата Јана, не ја симна насмевката од лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се дозна дека меѓународна комисија треба да дојде за да ја разграничи спорната зона. И еве најпосле, таа дојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Можеш ли да ми кажеш нешто за себе? - провоцирајќи ја Ивона да ја отвори затворената врата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не сакаше, како и секогаш, да ја видиме со солзи на очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше еден од нејзините најмоќни начини да ја изрази катарзата на семејната среќа, запрена на некоја од непредвидливите меандри на егзилот, потоа извишена и запрена врз облакот, како во слика на Марк Шагал, спасена од фаталните граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И штотуку падна мракот Тренков, восхитувајќи се, почна да им обрнува внимание на другите војводи и четници: — Слушајте, слушајте! ридиштата одѕеваат нешто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се чешам по голото и одам да ја барам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сеќавам, селекторите (стручни лица од различни области) ќе ги наредеа жените, тасма голи, во салата за фискултура, отпростум, една до друга, за да можат полесно да ја утврдат фактичката состојба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се слушаше долг, шушкав звук. Се обидувам да ја искосам тревата. „Не.“ Мама стоеше крај вратата. „Тргни ја косилката.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но јас силно го чувствував притисокот на изгубените клучеви кои како да ја отвораа вратата на лавиринтот. Но и тоа мина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остана сам, му реков потоа, колку да ја прекинам тишината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Жителите во зграда имаат полоши услови за бесење со оглед на тоа што немаат каде да ја врзат ортомата па затоа тие се одлучуваат за некои други методи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Приврзаниците на оваа школа потекнуваат од различни таботи: некои од нив пред војната беа федералисти (на пример, Земјоделската партија, додека мнозинството се состои од луѓе што својата кариера ја граделе бранејќи ги автократијата и централизмот на кралот Александар".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакав да ја симнам сликата од ѕидот, да ја бакнувам да ја молам за прошка за сето она што почнува како поинаков живот од утре.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Требаше пред сѐ да ја измијам, облечам и нахранам Ели, а тоа не беше лесна работа. Таа разгаленка ми правеше многу незгоди.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На душава да ја сошијам твојата љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаа сон лесен, со своите семејства прости им, сакаа мирна да ја видат ко невеста во бело руво
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Мислиш дека треба да ја пуштиме? - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СТРИКО КОЉО: Е, честито ти момче, ќерко. Нека е вечно и вековито.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Како можам да ја изумам неговата слика на сликата, си велам, па кога сум рикнала да плачам, да не може никој да ме заплати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ли успеал да ја организира оваа гозба, алал да му е, си дорече секретарот, гледајќи го блажениот и опуштен израз на републичкиот партиски секретар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И кога Татковата мајка во 30. години заминува за Турција, да се види со своите браќа и сестри во Турција, по триесетина години откако се разделиле, неа тешко можеле да ја разберат со нејзиниот архаичен турско-арапско-персиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко ми скришум се насмевна. Само ние децата можевме да ја забележиме неговата насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значи, тргнете храбро и сослушајте ги првите упатства.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Прости, - го прекина таа, и не послушувајќи го, стана како нешто да ја чека, но отиде само до нишата од кујната и се врати со шише, чашки и пјато.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакаше својата исповед да ја наслика како слатка одмазда за она што ѝ го нанесе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, тогаш, родот Кочов видел дека може да ја искористи ситуацијата и нешто да стори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ЛУКОВ: Ќе бидете ли добри, госпоѓо Христова, до утре во девет да дозволите грижата за Вашата сосетка да ја имаме - ние? Добра ноќ, госпоѓо Христова. (Излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како сакате земјите на Исток да ја достигнат зацртаната цел, ако не смеат да извезуваат ништо за да ги платат долговите?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се излажав. Не беше јак да ја зачуваш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како последица од долготрајната употреба се јавува зависност и толеранција (корисниците се приморани да ја зголемуваат дозата), и во оваа фаза нуспојавите се чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Меѓутоа, Санџак не може правно да ја оправда својата независност на која било основа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни текна да ја потпалиме сламата. Набргу пламна огин.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сакав да ја најдам Луција, по секоја цена, да ја извикам настрана и да поразговарам со неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не обидувај се ништо. А најмалку да ја бараш онаа работа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уметникот се примолкна поблиску и сега мошне пријателски гледаше во лицето на Џорџ Смит, како да ја погодуваше секоја негова мисла.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но полека се изморивме од славата и решивме да ја затвориме вратата од нашиот дом.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Мајката! И во ваа пустелиа имало црква!“ — и ако не беше се скарал со господ заради Миша, сакаше да крене рака, да се прекрсти; разгледа по околината да ја види црквата, но се излага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И како ќе бидат сфатени тие мои објаснувања од оние љубопитници, кои по правило малку им веруваат на туѓите зборови, а уште помалку можат да ја почувствуваат болката што ги измачува непознатите туѓинци кои којзнае од кои причини го сместиле својот живот толку далеку од нивните улици и прозорци а притоа и толку високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЗАМИНУВАЊЕ ОД ГРАДИНАТА Посакав да ја затворам градината да ја заклучам со катанецот на сонот со лостот на споменот со синџирот на љубовта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега тврдеше дека немал намера тоа да ми го рече; дури воопшто и не планирал да ми спомнува такви глупости, нему тоа што го рекол му се испуштило, и тоа сосема случајно; а потоа објаснуваше, објаснуваше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Грегор, не одговори, се заврте уште еднаш кон сликата на Камил Пизаро, помислувајќи дека сѐ уште не успеал да ја надмине разделбата со својата ќерка Ева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овластен сум да кажам дека акцијата за која сега говориме лесно би можела да ја доведе војната до измерлива далечина од нејзиниот крај. Еве ја веста...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Маркус помина, ја погледна и рече - Куршумот го погодил челото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Седам и се мислам кај да ја најдам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што се однесува до вината на идеологијата, според него, „само таму каде што акцијата може (недвосмислено) да се определи како идеолошка можеме да зборуваме за идеолошка принуда и за последиците на идеолошката акција да ја обвинуваме идеологијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Добро“, рече пред да ја затвори вратата зад себе. „Ќе го разбереш и самиот она што сакав да ти го кажам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Треба да знаеш, добро да знаеш кога да ја свртиш страницата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На светот му бил нужен нов ред, некој морал да ја обогати иднината со нови убавини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брат ми, и покрај обврските, и натаму секое неделно утро доаѓаше да ја посети нашата мајка, а за неделен ручек одевме кај него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мрдајќи со задникот и нејзините вештачки силиконски усни успеа да ја шармира простата раја која се навлече на неа као на турска сапуница.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Опсесијата да ја совлада историјата во Картагина, во која се вкрстувале императори и цивилизации, имаше добиено грандиозни димензии, кои не беа далеку од владетелската гротеска.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Тето, немој да се замеруваш со тато за Ели, нема да ја пушти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани преку слободниот простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За несреќа, се погоди да ја сретне Французинката баш откако се враќаше од трчање, а беше забревтан, испотен и особено мирислив и леплив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќофтето од кал што го држеше во едната рака се слизна и падна право врз нејзините панталончиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ајде, снао моја Трајаница - и оваа умирачка ми била пишана пред да ми дојде редот... и рацете да ѝ ги крстосаме, и твоето крсте, и стракчево ангелика - ангелите да ја вардат таму кајшто безвреме си заминала... сѐ така си мрмори баба Петра, небаре кажува молитвени зборови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Курвата од лешинарската фамилија да ја замени со чесна жена, која на Томо ќе му ја продолжи лозата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доаѓаш те гледам за едно простување, за еден непребол да ги измиеш образите од солените рекички со јазикот да ја згасиш врелоста на моите усни доаѓаш да бидеме еден сон и едно утро но посреќно од денес да бидеме едно срце, да збориме со една уста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само така можеш да ја добиеш, зрнце по зрнце.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Таа висока, добродушна домакинка и мајка, таа мила жена, која не ме оддели од софрата и ме чуваше како нејзино дете, не успеав да ја најдам, да клекнам пред неа, и бакнувајќи ѝ рака, да ѝ речам: NANE, FALEMINDERIT!...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да му се помочам!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За да можам убаво да ја пикнам раката во дупката, морав да ја нурнам главата во вода.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Луѓето под турско петстотини години мислеле дека не можат да сонуваат да ја разнишаат таа сила, а ете таа изгнили и пропадна како трула штица. После пет стотини години, да, но пропадна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Една ластовица предложи со сила да ја отворат вратата и да го избркаат врабецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Претседателот бараше сега како да ја прифати лагата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Правам сѐ да ја оправдам неговата доверба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да ја преболува без престан за да ја долови, одвреме-навреме во самракот на кажаното. Од другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Брука, брука! Сме довеле белосветска ороспија во куќава. Сигурно ја избркале од дома за да ја прикрие својата курвинска трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виде ли или си чул некој да ја моли власта за тоа што моли в црква? Не! А знаеш зошто?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но не знаев колку време стоел над мојата бесвест, секако не пуштајќи ги треварите, црниот Пандил и лисоликиот Никола Влашки, да ми ги тргаат тешките клепки од очи и со пречувствителните прсти да ја стискаат жилата на моето младо чело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со тоа Србите ги лажеа не само европското јавно мислење и Македонците, туку и самите себеси: тие фатија да ја пропагираат истата идеја и сред Србите со помошта на училишта и книги.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога Митра излезе да ја испрати Бојана, Илко си влезе со заграб борина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Посакуваше да ја искине страницата во која беше запишана една тажна епизода од нејзината судбина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби тоа што им го даде не беше доволно за да ја покрие нивната долга изгладнетост, но во случајов не можеше да ја совлада својата себичност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа бргу-бргу го одвлечкала во болница за да може да ја измие крвта од креветот и никогаш да не се дознае дека Дејан бил таму.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го знам и твојот очајнички продорен поглед.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакаме да ја прелажеме матицата од некое улиште. Ама не се јавува. Ни матица, ни улиште се јавува. 90
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека му помагав на Шукри да го симне орманот низ скалите, помислив – не е нималку чудно што ми се случи да ја сонувам Мајка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Руса стана да живее кај своите, но еднаш, во време барање дрва за огрев (еднаш во годината, во октомври, жителите на Потковицата ја кастрат гората и берат дрва за огрев) дали некој ѝ рекол или сама дошла на таква помисла, дека Јован Дамчески и таква, огрубена, ја чека дома за да ја земе за невеста и отиде кај Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не беше се сетил дека поканата за патување во Албанија ни беше испратена да ја реализираме во пролетта на 1979 г., кога во оваа земја на големи тапани се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не може да ја поднесува оваа мачна, задушна сала во којашто малаксуваат звуците на оваа мелодија, наситен со раздразлива егзотика. Ќе ја дослуша до крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па, сепак, беше очигледно дека најавува спремност да поднесе секаков вид вистина, се разбира ако некој друг се досети да ја објави или барем да ја спомене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ФЕЗЛИЕВ: Ви благодарам. (Заборавајќи на Неда, ја вади камата и со остриот врв се обидува да ја истера тапата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ми беше дадена шансата да ја реализирам мисијата која ретко ви се нуди во животот, да трагате, да придонесете да се зближуваат, да се обединуваат луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема да се осмелам да ја објавам во ниту еден дневен весник зашто се плашам дека ќе умре заедно со веста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но таа ми беше драга, а и јас нејзе, и ја чувствував блиска, па ми се стори дека можам да ѝ се обратам отворено и да ја прашам што ѝ се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја имаш прекрасната причина да излегуваш од мермерот и да ја омеѓуваш ноќта со својот смев.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Море, крвта нејзина...”, свикува сејменот и ја легнува; почнува да ѝ ја кине кошулата и да ја гризе како куче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Кажи ѝ, мати“, рече со солзи, „кажи ѝ дека никогаш не сум мислел да ја заборавам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше нејзината изразена свесност, за сегашниот момент, толку јасно забележлива, што дури и најмал шум, создаден од околниот ветар, можеше да ја натера да мрдне со клепките и да ја промени положбата на лежење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прашав, полуцинично (тој „полуцинизам“ веќе беше знак дека не ми е сеедно што почнувам да ја губам Луција, оти таа веќе имаше другари и таму, а не само во училиштето, каде што бев јас!), дали Партијата има намера да организира и кружок по џез и пушење марихуана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Винстон се доближи за да ја разгледа сликата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ја оправдаат политиката на масовни затворања и прогонувања, тие го лансирале тврдењето според кое немало егзархист во Солун, па и во Македонија во целина, кој не бил, барем морално, соучесник во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа беше престапничко поведение кон македонските работи и главен престапник во нив се јавува официјална Бугарија и бугарскиот народ, којшто не можеше да ја натера својата влада да се застапи за своите македонски клиенти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Утре ќе ти го дадам првиот доказ“, прошепоте мојот штитеник и борец подготвен да ја освои и закрпи старата голема држава (која и да е).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислата дека има во градов човек како тебе, толку посветен на книгите, не ми даваше мира, од преголемата желба да ја видам твојата библиотека! започна прв Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога странката која е повикана да ја поднесе исправата одрекува дека исправата се наоѓа кај неа, судот може заради утврдување на овој факт да изведува докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Друже Србине зачудено гледа во Танаско, а овој веќе ја наведнува својата страна, од кај нозете на старецот и ако веќе не Почне да ја наведнува и Друже Србине може да се случи дедо Костадин да си застане на нозете.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Види ја како се измени. Мајка, миличок. Сега можат слободно да ја клукаат, да се лутат, ништо! Ќе трпи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Крчо Попов го расипа адетот. Ја пободиња малку одутрина кобилата на новиот нунко Димитрија од Бешиште, дојде дватрипати до Рожденкината порта — проти сите адети — и за малку што не јаде ќотек од Трајка Малов, кога рече ота сака да ја види невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- ДУШО ТАГОВНА многу тежи болкава неизкажана... Кому да ја искажам? Како да ја исплачам? ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Римата е нешто како звуковна потпора која да ја сочува сета структура на песната, вклучувајќи ја и сликата во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ова е наша заедничка борба, вели Горачинов, и омразата да ја исфрлиме од нашето сеќавање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навечер, кога заоѓаше сонцето зад ѓерданот од мостови на Сена, Климент Камилски се враќаше среќен во хотелот, како победник над заминатиот ден чија смисла не можеше никој друг да ја разбере, освен него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За ова со Бошка тој реши да ја сврши работата, ама кај него да не оди – па макар пукнал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Козарите умееја да ја толкуваат тишината што зрачеше од Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гледајќи дека не може да ја уништи, викаше за помош и се обидуваше да излезе од одајата, но не можеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А ако се живи и неговите најблиски, ако освен тоа има и покрив над главата, и ако успеал да ја совлада помислата на самоубиство, тогаш граѓанинот на независна, меѓународно признаена држава Хрватска може да започне со преживувањето во мирновременски услови!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пепелот од цигарата секогаш му паѓаше на панталоните. Никогаш не стигнуваше да ја истресе навреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Според Саркањац ова е една од „базичните грешки“ на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Главно беше да собере што повеќе златници, да ја наполни царската каса која беше „вреќа без газер".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Љубовта е насекаде околу нас. Треба само да ја видиме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тука е најзгодно местото да ја види, мирно е местото, уличката одвај се провира покрај рекчето, тука таа минеше секиден пролетоска со својата другарка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред да ја запали, благо го потчукна едниот крај од цигарата врз својот рачен зглоб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бараше да ја прекрстувам и перницата на која спиев.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Милно изобилство. Независно од количеството. Од устието. Уживам да ја гледам на куп.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стана обично и да ми помогне околу ручекот и да ја нахрани Ели, да ја облече, да ми ги провери домашните задачи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Што да пишувам? - прашувам пред да ми се обрати иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
148. За да се убеди човек во тоа нешто, доста е да ја прегледа историјата на Немањиќевата држава од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распаѓањето на Душановата Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Револтирано промрморев: „да имаше волку храна баба ми дури беше жива, немаше сега да ја закопуваме“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сакаше да ја гушне во најцврстата мајчинска прегратка, но не го стори тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Границата долго време не се менуваше, се менуваа само генерациите кои успеваа тајно да ја минат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А залезот е убав и сенката што ја прави е долга за младичот од бистата незабележливо да ѝ се доближи, да седне крај неа, да се загледа во нејзините сини очи и да ја слуша како го повторува Лјеу: ...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ни се причини како змејот се извишува за со конечниот залет да нѐ проголта и да нѐ повлече кон длабината Во тие мигови Мајка започна посилно да ја кажува молитвата за спасувањето на нејзините чеда, која ја препознававме од честите шепотења, кога ни беше тешко во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но и со таква лутина нешто ме тера да подзапрам пред прозорците од бараките, да се видам на стаклото, да ја навалам капата над увото, да ги натресам кадравите коси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЈАКОВ: Наместо да ја воспевате, сега ја стварате слободата на лице место. Поету знај го својот долг.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си помислив, зар е можно цело лето да е полна и црвена, или всушност, токму кога е таква ме привлекува да ја побарам со поглед?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мувите, едноставно, можат да се обидат да ја максимираат прилагоденоста без да се грижат за жабите и обратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнувам да ја мавам по лицето и да викам по неа – бубачки!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се случи, меѓутоа, евразиската Висока команда да започне офанзива во Јужна Индија и да ја остави на мира Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Е, добро, де! Кажи со што да ја наградиме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неа човек ретко можеше да ја види надвор од својата собичка во која живееше затворено, тихо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не од нарцисоидност туку од љубов и верност кон првичниот поттик, кон првичната инспирација, кон онаа првичан возбуда што ги забележа првите зборови кон овој реквием, основата негова, јас ги сочував нив во нивниот автентичен вид, придружувајќи ги со новите песни со прологот, епилогот и епитафот како обид да ја согледам и изградам неговата поетичка целина.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Сакаа да ја спасат честа на моите сестри, а знаеја дека никој не ќе сакаше да се ожени со нив ако се расчуеше дека сум забременила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во времињата кога беснееше фашизмот на двата брега на Езерото, останувајќи на некаква позитивна и спасоносна дистанца од режимите, Татко се нафати да ја врши адвокатската дејност. Се спасуваше, го спасуваше семејството бранејќи некој од некого.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нѐ изведуваат да ја исфрлиме кантата со измет, а надвор капни-замрзни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо Бошко сакаше да ѝ рече на жена си да ја запали борината, но нешто го сепна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А ти си можел, само со едно испишување на моето име, да помогнеш да ја видам ќерка ми уште еднаш,” рече, и на зборот ‘видам’ преврте со очите кои можеа да видат само контури.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури тогаш Јани му кажа дека „патем“ тој навраќа до дома зашто имал нешто да се разбере со жена му. (Еби си мајката, помисли Едо и со сила се насмевна за да ја прикрие непристојната мисла.)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога се смири, можев да ја прочитам содржината испишана на листот хартија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја шутна во сливникот, а потоа, за да ја одбегне толпата, сврте десно во една странична уличка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Им го направив со кашичка. Одвај собрав брашно за да ја задебелам кашата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека синот чита стрип на тревата, му приоѓа татко му и вели: „Синко, еве ти дваес долари; сакам да најдеш некоја добра курва и да ја цепнеш”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Физичка и метафизичка непокорност. Дали тоа би можело да биде корисен предмет?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па ми иде да ја откорнам решетката од пенџерето и низ пенџере да влезам, вели, да го сменам влезот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш да ја правиме вистинската работа, да дадеме повеќе отколку што земаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се разбира, од суштинско значење беше да се обезбеди соработка со Филаделфискиот музеј на уметноста, кој ја позајми, покрај многуте други и прославената „Стриптизета која слегува по скали“ (1912).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Претставникот, кој сега е во Женева, е образован човек, по професија адвокат, кој зборува добро англиски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, кога таа одговорност подоцна се доведе во прашање, истиот тој се обиде да ја одрече и да ја префрли вината на работниците, а дополнително дури и доведе лажни сведоци пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се разбира, никој не ја позна, никој не ѝ притрча да ја поздрави.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
О'Брајан престана да чекори, како Винстон гласно да ја изговорил мислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Висока - се извишуваше над сите. Раскажуваше нешто и чудесно се смешкаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Еднаш-двапати се поднаведнав, се позагледав повнимателно долу, зедов земја меѓу прстите, ја прожулавив за да можам да ја осетам и да направам проценка и да ја одредам натамошната стратегија. Сува и плазикава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно скришум и тој ја споделуваше мојата радост, но не сакаше по никоја цена да ја покаже.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Објаснувањето на Нилика за болката што може да ја предизвика избегнатата зла судбина, во моментот кога го слушнав, ми прозвучи некако чудно, дури и патетично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да ја провериме оваа претпоставка со разгледувањето на значајот на огнот во алхемиската доктрина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но зар цветот треба да свене, пред да ја раскрие својата миризба?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Малкумина од книжевните теоретичари му дозволуваа во проектите начинети од реч и цвеќе (антологиите) да оди рамо до рамо со крупните српски раскажувачи и романопишувачи и да ја шири аромата на остроумната мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие се разликуваат меѓу себе само по начинот кој да ја постигнат истоветната цел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш, тие денови сакав да ја прашам Марина зошто не остана да живее кај татко ѝ и кај маќеата, но се плашев да не ја разжалостам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оваа неблагодарна задача, да се оценува некого кој веќе е признат за неприкосновен големец, почна видно да ги изместува нејзините естетички погледи, да ги измрдува и разбива, како што до пред малку мислеше, нејзините цврсто востановени критериуми за вредност, да ја прави несигурна во проценката, да ги руши нејзините критичко-теоретски сознанија, да ѝ го руши угледот пред останатите студенти.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се случувало луѓето да ја минат, но околу неа не престанале да кружат фантазмите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој од селаните, алудирајќи на нејзината убавина се осмелил дури и да подрече дека е многу вистинит оној збор, оти убавината куќа не крепи, ама сите сакаат да ја имаат под свое.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе одиме по крсти да се помолиме за полето и за нас. Да ја избркаме болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И каков избор имам пред смрта, да го кажам тоа што толку долго чекаше да излезе од мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од друга страна, јавниот простор е нагласено материјален, тој е стварна локација, место „тлото врз кое и од кое тече стварна политичка акција“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И жена ми умре, тукуречи од ништо, вели, кажи Левтеријо, вели Глигор, од нешто од некое живинче што почна да ја пасе однатре, вели, и да ја суши, да ја смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од тоа како лошо биле пречекани кај сватовите, па дека ресторанот е „селјачки“ избор на овие од кај момчето, дека порцијата била преполна, дека порцијата била „цицијашка“, дека невестата има фустан „буди Бог с нама“, дека погачата од свекрвата не можеле да ја скршат оти била ќутук, дека не бакнувале рака или „пу бре, да се бакнувало рака во ова време... јаз’к“!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И втората: (која не би смееле да ја разгледуваме издвоено од првата) ние сме обземени од некое заслепувачко чувство на благодарност кон истата таа разумна владетелка - смртта, бидејќи и овојпат, според наша оценка, (сеедно дали од милосливост или од неупатеност) таа постапила разумно кога својот избор го упатила кон некој друг а не кон нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А трчаше и покрај река, како да сакаше и реката да ја завтаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Танас, не сфаќајќи што станува, бавно ја зеде шамијата и откако долго се колебаше пред насобраните браќа и снаи, полека почна да ја одврзува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За да ја скроти неговата љубопитност Ивона ја впери камерата во неговата глава, зумирајќи ги неговите сафирни очи фаќајќи го огнометот на искрите рефлектирани во нивниот сјај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значи, туѓоста на зборот требаше да ја предизвика митската сила на пораката за да се постигне поголема мобилизација на масите се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да го обесиш со нозене угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо) Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме работата да ја земе Никола Стефанов?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Мајка ми не сакаше да ја погребам на гробиштата долу, во градот - објасни Иван. -Далеку биле. Како во друг свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако нивната желба беше да бидат широко прифатени од општата јавност, и со тоа да станат дел од општата култура, философиите обично беа предмет на расправа само во рамките на многу мал круг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помина долго време пред да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој беше од суштинско значење за да ја напишам вистинската депеша!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш си дојде татко од Преку за да ја види мајка. 17
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јане ококори очи и извика: - Да не си се осмелил да ја сечеш!!! Разбра?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Арно ама, во меѓувреме, новата директорка, поради лични (субјективни) причини, во септември 2009, го менува Правилникот за систематизација на работните места, при што се вршат промени во внатрешната организација на затворот, а се укинати и некои работни места – па на Зефиќ ѝ се доделува, за неа, деградирачкото работно место – референт!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Состававме заеднички сон со различни делови, пресечен од границата, која треба да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Родителите се обидуваа да ја повикаат, но таа и натаму остануваше во онаа точка кон која гледаше и каде што исчезнуваше нејзиното Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па иако тие среќници (или несреќници) не можеле да ја објаснат оваа своја способност, сепак можеле да го наслутат постоењето на таквиот механизам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Незабележан од никого, добро засолнет крај отворениот прозорец продолжив да ја следам глетката, не можејќи да се помрднам од место.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе од куќа идеја во која живееме Пред многу години, не многу значајниот американски поет Edgar A. Guest напиша поема во која стоеше „Потребно е многу за куќата да ја претвориш во дом“. 18 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Каква Ружа, кумот требало да ја крсти Капина, целата е начичкана со боцки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Покрај приближнава мерка што ја доби, уште што му е потребно на декоратерот за да ја прими нарачка и да почне да кове?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка Амелија ја погледнала милозливо и рекла: „Ќе бидеме среќни да ја примиме Ервехе во нашето училиште. Сите ни се мили, пред единствениот бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со неа командуваат и други сили. Неа можеш да ја искористиш но не и да ја присвоиш.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неда, невестата му, и сестра му, тие да ја работат куќната работа, а пак Силјан ќеф имаше пазарџибашија да биде; да беше кабил катаден да оди на Прилеп на пазар, да купува вино и ракија и друзи слатки работи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Ја паметиш сликата на Загорка Пеперутката што виси во мојата канцеларија? – ме праша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа мракот почна да ја губи својата густина, се разредуваше добивајќи бледо руменило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе застанам на прозорецот за да го видам Дејан како си оди.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А можам и да ја убијам, в раце ми е влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега мислеше и на тоа дека и заради нив, а и заради него, ќе беше подобро да ги испратеше малку подалеку, барем уште малку да им разгазеше, да ги пуштеше сами на почетокот на вистински добро сѐ со вишни стебла обрастената угорница, што синојка толку бргу ја слегоа само затоа што се стуруваа по неа, а сега ќе мораат да ја искачуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Желките најверојатно со голема надеж ја чекаат пролетта за да се вратат во нашата рајска градина, продолжуваше мајка ми да ја кити својата ведра тема.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина успеав да ја изнасмеам но и да ја одоброволам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доказот беше доволен за да ја разбие Партијата во атоми, само ако можеше некако да му биде соопштен на светот и ако беше објавено неговото значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да ја скриеш во себе, таа ќе биде присутна..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сега дојди да ја видиш Стрела.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некој го измислил а сите го прифатија, не дека снаата Илинка ката утро не ѝ носеше бардаче пресна вода и кивче босилек какво што таа, Трајана, секогаш имаше прикачено за шамијата над увото, туку дека жителите на Потковицата никогаш не стигнаа да ја прежалат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да не дочекаш да ја видиш и ти пред себе онаа бездна, што ја има видено она старче, со едното покусо рамо, бригадирон Језекил, и да не се всади и во тебе страот што човекот мора да оди исправен...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ослободен од онаа напрегнатост во деновите на копањето, сега веќе без работници околу мене, повеќе од две недели мислев на повеста што требаше да ја напишам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се обидуваше да ја вовлече во разговор, да ѝ го успори чекорот, но Пелагија го цапаше снегот со истото темпо и без зборови во устата сѐ додека не стигнаа пред вратничето на мајка Перса, од каде Чана сама продолжи накај Острово, кај Дончето и Митра.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но сепак малку подоцна Филип Д. (во тоа сосема е сигурен) наеднаш се виде себеси поставен на огромната височина на денот , таму од каде што преку планините можеш да ја видиш ноќта во нејзиното мрачно легло; или, (што исто така беше можно) се виде качен на високата планина на ноќта па оттаму, преку ридовите, го гледаше денот како забрзано ја освојува планината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го слушам во дворот викањето по мајка ми остро и налутено: идиоти, не ѝ даваат спокојно ни облеката да ја прибере, што ќе ни треба таму.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таму каде што седиш, можеше најинтензивно да ја мирисаш плимата на цутењето: во април, лилавиот и белиот јоргован, во мај, дивиот костен со пирамидалните цветови, дивата маслина и јасминот бел, во јуни, липата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Трета можност и „трета сила“ тука нема не може да ја има...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Златни деца на туѓа рака оставени, зар маќеата мајка ќе биде, огин да ја изгори...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Согласи се да ја водам тајфата и благослови ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
67 Хактивисти, киберуметници, гранични активисти и музичари се обидоа привремено да ја избришат (или барем да ја суспендираат) границата Тихуана-Сан Диего, со Java аплети, скенирање портови, радио, микробранови, ISDN, комуникација лице- во- лице, технолошки работилници, презентации, музички настани.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сега веројатно некаде ѕидаат и печалат пари за својата куќа, која сакаат да ја изградат во Делчево.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Својата балканска мисија Донован ја започнал од Софија во почетокот на 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не знам зошто ми се чинеше дека ја застрашувала некаква несреќа, па се спасила. Сакав дури да ја избакнам. Глупости.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Претходно, со ЗИТ (1985), беше предвидена помалку експлицитна одредба – која, потоа, беше преземена во стариот ЗРО/93, според која работникот, за заштита на своите права, можеше да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И така решив да ја пишувам оваа книга токму за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А терзиите ѝ одговараат: Ти девојче, мало ѓаволче, Ти да ни месиш погача; Без сито брашно да исееш; Без вода да ја замесиш; Без оган да ја испечеш. А девојката одговара: Терзии, браќа терзии, Погача ја ќе ви месам; Низ трепки брашно ќе исеам; Со солзи ќе ја замесам; На гради ќе ја испечам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Жалта не ми дава и да ја оставам, вели Јоше Свирачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
10. ГОЛЕМА ЛАЖИЦА САКАШ, ГОЛЕМА ЛОПАТА ЗЕМИ - земајќи ја лопатата си намислил некој со неа да срка, а не да ја бодина в земи - ете какви чудесии запостоеја на веков!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
За системите на писмо може да се зборува врз основа на графетички фактори, како што се големината, стилот и конфигурацијата на симболите, или смерот на пишувањето; но ова не ни помага да ја разбереме суштината на графемите и како тие се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, колку ноќта да ја премижиме, што се вели, да ја пречкртаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја негував! – И сега си решила да ја продадеш? – Дури и за вреќа брашно! Децата легнуваат гладни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А јас нешто ќе ви речам - ако сме умни и претпазливи, сите ќе стасаме до своите куќи, до своите жени и деца, здрави и живи. Ќе се обесам ако не биде така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повремено ѝ даваше по една и на мајка си, која немаше сили да ја исплука семката од устата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да ѝ биде кога не можеше да ја види со очите на дедо ми. Таа гледаше во дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луков, го пушта, сè додека не ја достигне излезната врата.) Господин Христов, сакате ли да ја повикам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не случајно народот ја изрекол поговорката што често можеме да ја чуеме: „Времето е пари“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да гледаме да го ставиме чорбаџи Теодос со неа, да ја види, да позборува, па може да ја бендиса и да му омили.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зар може да има толку многу неправда и неа да ја провира низ твоето минато? Не, златна на тетка, никако!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакајќи Илко да ја види бањата што побргу изградена, често им зборуваше на селаните: - Штом досега не избувна вулканот, нема ни отсега...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ти, ми вели тој, беше во Србија за да ја продаваш таа стоката украдена од железничката станица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добра беше, маките го натераа да ја остави бремена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да ја симна од облаците и ја довлечка од далечините за да ја има што поблиску до себе, а ако затреба и да се потпре на неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оптичарката во мигот помисли дека се работи за колекционер на лупи, а Сотир Паскали во овој гест виде некаква самоутеха за неизвршената операција чија смисла можеше да ја знае само самиот Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се занишал, паднал згрчен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
-Дадени ни е она што можеме да го издржиме и да го совладаме како страдање или болка, физичка или душевна сеедно., исто како дрвото што може да ја издржи тежината на своите плодови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак реши да ја посоветува: - Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Начинот на кој живееше изгледа го создаваше кај мене тој привид на дистанца помеѓу неа и цвеќето, но еве, смртта како да настојува да ја коригира мојата заблуда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Британската Служба за специјални операции (Special Operation Executive – SОЕ)40 ја презела командата за реализирање на субверзивните активности и започнала да планира како „да ја запали Европа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Почна нервозно да свири и преку познатата песна: Мори слушај, слушај, Калеш бре Анѓо, што тамбура свири, да ја праша и наговорува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Христијаните и Евреите под муслиманска власт можеле слободно да ја исповедаат својата вера и да ги извршуваат ритуалите, задржувајќи ги своите цркви и синагоги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Но како можете да ја контролирате материјата?“ избувна тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа зедов уште едно парче кожа и го подадов накај мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше тоа доста време, дотогаш сигурно ќе може да ја сврши и работата, за која беше дојден, а за дванаесет до петнаесет дена времето сигурно ќе разјужи и тој според некаква направа во себе речиси со сигурност го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Проклет срам. Ако сакаш да ја соблечеш, треба првин да ја убиеш, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се бори да ја повлече надолу во длабокото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам оти ваквото поигрувања на Рајна со срамното ѓаволче во себеси произлегуваше од нејзината нескриена намера да биде посакувана од сите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Келнерот стигна до подиумот врз кој беше музиката. Премислува. Никако да се реши да ја пренесе порачката за трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слугинката умре и бидејќи не можевме да најдеме друга, ѝ се посветивме на исхраната и грижата за семејството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не станува, вели и те моли тебе да ја будиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога видел какво е ослободувањето, ја испукал гранатата и истрчал за да ја стигне, за да падне на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите мислат на топот што може, до половина, да ја дупне земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не само што не можат тројца мажи, колку и да се тие силни, да ја качат бомбата на воловска кола, рекоа, туку таа, зашто патот до Црн Камен и оттаму до Прилеп е нерамен, полн дупки, при најмал потрес може да експлодира па да ги убие и луѓето и воловите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Успеавме да ја создадеме првата Република на Балканот: Македонија!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа како да е крај, татнежот како да ја разнесува и големата конспирација.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Погледна во мене, вдиша од чадот, и праша: „Дали е вистина дека, откако си се опил, си се обидел да ја силуваш ученичката Луција П., на кејот на Вардар, во Велес, истиот ден кога беше изведена екскурзијата на училиштето во Стоби?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Видов еден пар, изразито панкерски во таа толку конзервативна средина и јас почнав да се “вселувам” во непознатата девојка со магента коса.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Девојката на Еразмо Ирена, не можејќи да ја издржи неговата растревоженост, го напушти.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
НЕДА: Таа доаѓа сама и јас не сум во состојба и без причини да ѝ ја затворам вратата и да ја терам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А шатката со смешна поткрената тртка!) Доволна причина да ја обвини дека го исмева.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаат во неделата да им дојдат сватовите со зетот за да ја земат Босилка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Црвен елек потскокнува по ритмот, играат како земјата да не ја допираат, како да не сакаат да ја повредат, или се задеваа со неа како со врв на нозе ја пипкаа така лесно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Покрај сѐ, во домот на Ѓорѓе никој не помислуваше да ја ослободи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другиот ден кога требаше да ја примам четата, дојде еден другар од главниот штаб, барал талентирана жена, да знае да пее, да е убава, чесна и организирана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ќе се сетам, нешто не ми дава да ја отворам устата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По восочното лице на дајреџијата се испиша мака и загриженост, како да му помогне на директорот полесно да ја искачи нагорницата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сакав да ја имам таа птица в раце, да ја поседувам нејзината убавина, да биде таа само моја, но, во исто време со таа желба длабоко во себе слушав притаен глас што прашуваше: Дали таа убавина тогаш би била исто толку голема без слободата на летањето?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го чатеа лично Максим и еден прилепски поп, прота, а неговите, Јосифовите ученици пред отворениот гроб испеаја една песна на која беше сам тој ги изучил да ја пеат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, Вера како тоа да ја крена, како да сфати дека состојбата на Ели е таква што ние двете со неа не можеме да ѝ помогнеме, стана брзо, ја завитка Ели во тенко ќебе, ја крена в раце и заедно потрчавме кон болницата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие се должни да го спречат изгладнувањето до смрт на своите следбеници во доволно големи бројки што би можеле да бидат незгодни, и должни се да останат на истиот низок степен на воена техника како и нивните противници; но кога минимумот е еднаш веќе достигнат, можат да ја извртуваат стварноста како што сакаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А пак на улица да лежи, нема да ја оставам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дуко се наведнува да ја крене цигарата, а ние излегуваме од тремот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тој поглед на првиот дел од „Нова Пасквелија“ би можеле да му се стават примедби за пренаглености во оценките, недоволно уверливи проекции на некои состојби, но и такви тие се дел од една визија на деформациите на селото што поради нејзината внатрешна логика и хомогеност мораме да ја почитуваме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И, тогаш, како одамна да ја очекувал оваа згода Радуле ја зграби одзад, но малку подолу, за најзапаливото место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да ја однесат в гора, в зејгора, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене ја, ѓаволе. Голем мајстор си штом си можел да ја натераш да се снове по нас кон Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од овие документи се гледа дека половина час по земањето на мескалинот за Хаксли почнале да се отвораат, да ја употребиме Блејковата фраза, „вратите на чистата перцепција“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Радоста што ја чувствуваше Пелагија, мајката, а која не сакаше да ја споделува со мајката Перса, се должеше на можноста што нејзината ќерка ќе учи во македонско училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И така дојде вистинското време кога требаше да ја ослободувам од себе долго потискуваната сторија од дипломатските години кога бев прв странски амбасадор во имагинарната држава Палестина, во која реално ги предадов акредитивните писма, минувајќи пред тоа пред построен воен баталјон, во една тајна пештера, во еден непознат предел во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Филмската ситуација: жената верува дека нејзиниот маж е убиец, не е така посебна како ситуацијата во книгата: жената открива дека нејзиниот маж е убиец; а ми се чини дека филмот има поголема психолошка вредност од книгата, бидејќи карактерите се подобро изнијансирани. •Хичкок: „Се согласувам, но вистинскиот крај на Сомнеж никогаш не е снимен: Џоан Фонтејн ⥊ пишува писмо на мајка ⥊, во кое ⥊ кажува дека го сака својот маж, но дека чувствува оти тој е убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ништо не трае вечно. Тие нема да ја дочекаат зимата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„И, мамо, тие не можеле да се сетат како да ја нападнат Земјата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можев веќе да издржам. Сакав да бидеме сами. Сакав да ја имам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и да се случи чешмата да пресуши, да ја снема, местото секогаш ќе го задржи ова име.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А, пак, АВРМ, ФПИОМ и ФЗО се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите и одјавите во социјално осигурување и, на барање на лицето, да му издадат податоци за состојбата и промените во врска со социјалното осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па и да бев говедо затоа што ѝ ја затнав шолјата, зар сум дебел?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја поттргнав малку понастрана и тивко, да не ме чујат другите, ѝ реков: - Чекаш некого?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Новиот комунистички режим по војната сака да ја урбанизира претежно аграрната земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да се уништи една библиотека, му велеше Татко на Камилски гордо загледан во своите книги, значи да ја замолкнеш историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Костим, гламур и елоквентност нема да ја скрие твојата подлост ниту пак црвениот килим и раскош нема да занемари колкава си курва
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со некаква војничка прецизност што го вчудовидуваше, таа ја исцрта маршрутата што требаше да ја следи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откако седнав иследникот му даде знак на спроводникот да ја напушти собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега каде? Која школа требаше да ја одберам - жолтата гимназија нема од жалост по кралот или школата за злосторници на дивиот Кузман?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред него ми е срам и скутината да ја сопашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го спуштил крај нозе нарамникот од кој го болеле плешките, Арсо Арнаутче се обидел да ја зграпчи за рака и да ја задржи за уште еден поглед од чија светлост слатко се ошумоглавува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Каде да се врати, кога е веќе цела недела вратена? – си мислев, ама не сакав да ја прекинувам со какво било прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Како си смеела и да помислиш дека сум те избегнувал – ѝ велев можеби и со израз на неверување иако ја зборував вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми беше речено, јас постар од неа само една година, можеби бев дванаесет, да ја одведам дома по поседокот кај нас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во белиот дом навлегуваше животот на денот. Се ширеше миризбата на свежо вареното кафе, цедените портокали и лимоните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во есента 1967 година, започнува војна за ослободување на окупираните територии и тој таму ќе се најде.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми текна да ја запеам и ,Билјана платно белеше".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Учена во училиштето да ја сака Франција, низ францускиот јазик, низ божјите пораки, пренесувани од светите лазаристи, со лаичката варијанта, Мајка всушност ја засакува Италија, како земја на својата втора мајка Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури правела и шеги за сметка на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А дури и служители на Бога затворивте, не малку осудивте на смрт, егзекутиравте. Кренавте бункери да ја штитите колективната осама.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Кулава што ја гледате, сакам да ја изградам за Париз, за Франција, за светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислеле така. Мислејќи, можеле да ги подадат ковчестите раце и подалеку од животот и со врвовите на прстите да минуваат по круг што го обележувале со вид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа, значи, стрелањето или убивањето е занает. Занает е да знаеш да ја употребиш пушката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
За време на судската постапка беа одржани вкупно две рочишта: по првото т.н. подготвително рочиште, на коешто немаше претставник на тужениот работодавач кој беше уредно поканет, Х.Џ. по којзнае кој пат оди во деловните простории на „Охис“ и уште еднаш бара да му ги исплатат платите, а тој за возврат да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Присуствуваме на паниката на една моларна патријархална организација на „единство”, која веќе не знае како да ја одржи на едно место старата структура на општеството и да ја препречи новата, молекуларна, која се навестува и наспроти патријархалната волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Колку си чуден! Ме прашуваш иако знаеш дека сите се џарат во мене! Сите, до последниот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште ни кажуваш дека сме ти прираснале за душата, дека си се приврзал за нас до толку што си бил решен, ако треба, и таа твоја бесмртна душа за нас да ја дадеш...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога започна да ја читаш? Уште од почетокот на изминатиов месец!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ми сакаше да ја задржи, но таа веќе беше пред порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веројатно и на љубовта. Неа не можеш да ја исклучиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со кои зборови да ја запрашам ?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Уште пред да дојдат на „Гошово“ Доста поотежна, но бидејќи домашните работи и работите по градините и царевките не беа толку зорт, Митра не можеше да ја сети на кој ред е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ќе почне да ја делка од другата страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе одев и кај што змиите гризат железо, нема мака за мајка, мачки да ја јадат, нема мака за живот, си мислам, ама пуста јас, вака само ќе ве гледам како ми бегате од раце, сѐ посама ме оставате, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако, мојата верзија на поканата предизвика доста дилеми околу тоа колку, ние, идните сопружници се познаваме, решив да ја испратам токму во оваа содржина: Драги и почитувани гости, Ве каниме на нашата претстоечка забавна и гозбена церемонија по повод стапување во брак (по првпат), која гарантираме дека ќе ја запаметите (по добро или лошо), уште долго време.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка ми му предложи барем сега да направи исклучок, да ја остави дома.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па тогаш и ѓаволот да слезе не би можел да ја запали.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ми требаше многу време за да ја грабнам облеката, бундата и чантата; не сакав да потрошам премногу време на облекување; ако коњите побрзаат како на патот за ваму, ќе скокнам, така да се каже, од оваа постела во својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е свесна зошто тоа го прави, еднаш ѝ проблесна дека можеби кога ќе пристигне Костадин овде за полесно да ја пронајде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А што не направив да ја примиме во уметничката секција...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму ја најде. Беше отидена да ја расипе петолирката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
За таа цел, за да ја наложат својата волја, грчките попишта прибегнуваат кон разноразни лукавства и насилства.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој самиот им го кажувал тоа на сите дека ме сакал мене и дека не можел да ја преболи разделбата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тужениот работодавач, иако ја прими тужбата, воопшто не прати одговор на истата во рокот кој му беше оставен и со ништо не го оспори побарувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И дома како мајка моја да ја дочекаш. (ѝ дава пари).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе ме молат да ја симнам шинелата од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова се 25.000 динари за вас. Жал ми е но ќе морате итно да ја напуштите куќава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само кога ќе се случеше да ја стави дланката на ќелавото теме, изгледаше како да се сеќава на уништеното лице што го гледаше од огледалото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А може нешто сме подале преку покојната, вели, или нешто ја поминало: куче или маче, глушец или кокошка, а може и некој човек да ја пречекорил, му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Политиката на Хенри Кисинџер, чекор по чекор во решавањето на палестинското прашање, која беше наложена Мировната конференција во Женева, многумина ја сметаа за совршено промислена стратегиска стапица, која Јасер Арафат не ја разбра или не сакал да ја разбере и во која на крајот ќе се најде во лажниот излез од лавиринтот, во својата Палестина, како претседател, но всушност тоа ќе биде неговиот кафез во Рамалах кој ќе го напушти неколку дена пред својата смрт, се разбира со дозвола на израелскиот водач Ариел Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За сѐ сака децата да ја прашуваат нејзе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сè уште сметајќи дека тоа е дел од играта, таа потврдува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Па некаде во овој дел на Корча имаше болница во која биле лекувани партизани од Грција. Сакаме да ја посетиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го виделе тоа царовите, рекле оти господ сака каурите да ја загубат царштината и да му се потчинат на Турчинот. Така Турците ни го презеле царството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој му се потсмеваше сега на оној поган голтар, кој имал преку своите коски да ја преметне само уште својата парталава кожа и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првата работа што мора да ја сфатиш е дека власта е колективна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше ниту оглав, ниту јарем кој може да ја смири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гласот на мајка ми беше весел кога раговаравме и јас морав да ја прашам, секој пат кога ќе ја чуев, дали ѝ е жал за дедо и дали е тажна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе ги посадам јагодите, ќе треба вода што ќе морам да ја влечам дури од едно кладенче близу до реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги бараше дијамантите. Завчера, најпосле, ѝ ја покажав обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, состојбата во Македонија, беше стасана дотаму, сите да почнеме да допринесуваме за да ја подобриме, не само да мислиме за личните поединечни кризи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако не ме повлечеше Марина, не знам што ќе им речев на другарките, не знам што ќе им одговорев, но чувствував дека имам потреба да ја заштитам Вера, мислев дека беше неправилно обвинета.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Помисли, колку бременоста може да ја разубави жената.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Преку создавање клима на страв и притисок, властите сакале да ја натераат Организацијата на повлекување и да ги охрабрат сите оние што биле противници на револуционерните акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нели ќе одевме да ја полеваме пченката?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Една жаба крастава стара круната сака да ја бара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Перипелицина почна да ја бара на клавирот, а Елизабета Вајкер веќе наглавува со виолината, ги нагласува поубавите места од песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Растојанието треба да го почувстуваш како предност и да ја опишеш лутата сапуница на надежта во душата што ти влегува по којзнае кој пат те зазема како што се зазема туѓа територија те присвојува како што се присвојува туѓо дете и за сето време на мис-мириса.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, ова ќе наиде на лош прием кај месната власт, решена да ја совлада белата контрареволуција...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам дека ѝ е пресечена ногата и не ми носи душата нешто да ја прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работата е и во тоа што Пек се понижува заради љубовта кон една жена која е подготвена да го земе секој маж - па дури и собарот. Жената очигледно е нимфоманка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тука го затече Андон; тој беше тргнал по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можеше да има поголем олтар на сите жртвувања од самата балканска граница – ѕид која требаше да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Жените ги бришеа солзите, дедо Димо го гмечеше луленцето, а прстите му трепереа и никако не успеваше да го запали, а Денко и Бојан, главните јунаци на оваа свеченост, не успеваа да ја скријат својата голема возбуда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И не треба да ја има од оваа перспектива од којашто покажува само еден образ, тркалезен и густ со обеспокојувачки пространата уста. Уста на небо.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некако истовремено и јас ги слушнав гласовите на мајка ми и на двете тетки, потоа крцкањето на гранките и шушкањето на лисјата во близина, па видов како прелета една светулка над нашите глави, па го здогледав чичко Љубе како нѝ се приближува и...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако ја напишав и потпишав телеграмата од разговорот со Арафат, го повикав шифрантот Иваз да ја преземе и испрати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
5.  Вознемирување, во смисла на ЗРО, е секое несакано однесување кое ги прекршува т.н. „забрани за дискриминација“, а кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, и кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ст. 2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
АРСО: Сега, тоа ти е, кога не сакаше да се стрпиш и да помолчиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не би било лошо да ја пробаме таа домашна ракија која толку ја рекламирате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За нив ова секако не е исто како да се омажила. Вака, ќе речат, - држанка. Докрај да ја искористи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трајко се забриша со полата од гуната и стана да ја донесе софрата, но Митра притрча и му ја зеде од раце: — Ииии, браче! Ами кој ќе чуе ка ќе рече! На Митра Сукалова деверите ѝ а клаваат синиата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така некако... Не е за чудо тие да се да сакаат од овде да ја грабат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Славејот го препознавам уште пред да ја зине устата да запее.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Рози беше заинтересирана и заинтригирана од формата и необичноста на „бубачката“, се наведна да ја погледне одблизу.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не беше лесно Хабиб Бургиба да се врати од историјата во која беше брзо заоден и зајден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не постоеше лукавство на кое тој не му беше дораснат, не постоеше опасност што тој не можеше да ја предвиди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам оти неа ја имам составено од сите оние нејасно промолвени зборови на Семјон што ќе ги изречеше од невнимание а понекогаш и намерно за да ја задоволи барем делумно мојата женска љубопитност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше тоа нечиј туѓ свет и тој беше малечок за да ја сфати сета големина на празникот околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почнаа да излегуваат комити, да ја чекаат Бугарија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јасер Арафат, како ретко кој владетел во светот, требаше да најде свој пат за својот народ во историјата, да го врати од светскиот егзил во својата татковина Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше место без темнина: сега сфати зошто О'Брајан изгледаше како да ја препозна алузијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент се осети момче од деветнасет години и да не беа двајцата старци за големо чудо сакаше да стане, да ја грабне и на грб да ја префрли преку Трибор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со Грда сакавме да ја заштитиме Сталинка, а со Сталинка децата!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога зазреа ’ржта, пченицата, почнаа и неа да ја крадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но Илко и понатаму си имаше добар апетит, јадеше, шеташе и одеше на брегот да ја лечи реумата во топлата вода.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
После, сите, од Македонците се готови да направат отстапки од своја страна за обединувањето во едно национално цело, но ни еден од следбениците на трите национални пропаганди нема да ја изневери својата пропаганда за да капитулира пред друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сум можел да претпоставам дека сум пишувал и за нив, знаејќи добро дека ниту птица не би можела да ја прелета најчуваната граница во Европа!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е крај на првиот дел од перформансот. Публиката мора да ја напушти салата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па и да сакаа, немаа со што, бидејќи оружјето што го имаа се собра со време во тврдината и сега тие беа раат работа долу, по Воденско и Солунско Поле, за да можат да ја пречекаат суровата зима по нивните изгорени и ограбени куќурки.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во Граждено не одведе желбата да ја посетиме големата пештера која за време на граѓанската беше партизанска болница.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Земи чепкај нешто за да ја убиеш досадата... - му дофрли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чанга гледаше голема несреќа во намерата на новите победници да ја нацртаат на хартија идејата на социјализмот, како план, и да им ја фрлат на луѓето, како нивна последна грешка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- И што порача? - праша Даме. Ти ја праќа оваа книга, - почна да објаснува служителот, - и рече: да ја прочиташ и да му пратиш друга книга, за читање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И ги поведува сите од автобусот да ја посетат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Здогледав еден од моите познати, куратор во подем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По тој план Трајко ,ќе оди на орање, Илко пак в планина, но само со едната маска и магарето, а Стојо ќе остане дома, да ја поврзе племната оти, см тече, ем кокошките ја чепкаат сламата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тој со овој потфат ќе придонесе да ја спаси...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Исто така зајакнат одред да ја дополни одбраната на Фалцата што сега ја држи само една наша чета.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утврдувањето на кривичната одговорност на сопственикот на фирмата,7 која треба по службена должност да ја утврди полицијата и јавниот обвинител, беше исто така трнлив пат кој го изодеа Јакшиќ и неговиот новоангажиран адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот беше во тоа што тигрите и мајмуните имаа една заедничка грда навика: да ја проверуваат секоја стапка од својата територија и да ги пребројуваат, меѓу другото, и сите желади и тревички во неа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И потем гласот исчезна, а ние, тресејќи се од силен страв, полегнати на земја, видовме како огнот повторно вивна, како почна да ја голта штичката, како таа почна да чрчори; но одеднаш, слушнавме и гласови многубројни, пискотници и лелекања, како живи луѓе, човечиња мали да се спалени на кладата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, се плашеше од некоја вистина која тој сакаше да ја скрие од неа. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие се активираат истовремено но за нивната работа да успее секоја треба да ја добие соодветната информација (за правецот и обликот на предметот респективно).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Лазор Рогожаров ќе ја отвори устата да се смее и ќе заборави да ја затвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука таа ми изгледаше посигурна и никој нема да има право да ја истави од ова место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од овој одговор на татко ми не разбрав ништо повеќе и ми беше јасно дека ќе морам утре да го дочекам повторното доаѓање на тетка Рајна и неа да ја распрашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога, по неколку месеци, го слушнала вториот татков крик, била помирна, но сепак не успеала ни тогаш да ја разбере неговата смисла...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да немав никогаш доволно време да ја разберам нивната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Замисли како би ти било тешко таа, новата жена да ти рече да ја извадиш сликата на мама, како нешто непотребно, нешто што пречи, или да посака да ја уништиш таа слика, а и јас тоа да го слушнам, да го знам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тука се правеше првиот од многуте мали чекори замислени од Кисинџер во Женева и прифатени од Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ви веќавам дека ќе го сторам дури и она што не ми е по силите за да ја овозможам средбата со Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи, од мене не се очекуваше ништо друго освен да ја застапувам туѓата вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Средниот брат влегол под шаторот многу нерасположен и грубо ѝ наредил на жена си да му ги собуе чизмите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Животна желба ми е да ја примам убавината, да присуствувам на фестивалот кога цутат црешовите дрвја. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Би биле изненадени колку многу луѓе се заразени без и да го знаат тоа.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ќе стаса да ја изоди оваа пустош.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каква трага може да остави пеперутката во еден свет во кој владее варварството, насилството, моќта на парите? Можеби никаква!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мери некои летвички, со вистинско метро ги мери; мазни некои штички со мало ноже; се внел човекот во некоја работа која и најумниот не може да ја разбере.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас и Ема добивме задача да направиме попис на муницијата, а потоа, запечатена во сандаци, да ја предадеме на командирот на стражата во Камник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ја прашам Каков проблем ја измачува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уцена (Blackmail), 1929 г. Хичкок веќе ја заврши Уцена како нем филм, кога појавата на звукот ги натера продуцентите да ја преработат во - филм со звук.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш ми дадоа една германска книга со наслов Die Wahrheit ueber Bulgarien. Јас замолив да ми ја дадат да ја прочитам дома.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И на шопинг-центар, а не кој ќе стигне да ја спростри својата ѓупска черга.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јенков навистина имал божја дарба, тврдеше татко ти, но за жал ја поарчил правејќи ги оние минијатурни портрети на Кралот и на Кралицата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но веднаш наоѓам причина оваа посебност на моите размисли и да ја поддржам: оттука и оној самобендисан заклучок дека за среќа моите зборови се ослободени од хемикалиите што го поттикнуваат закостенувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Старецот викаше по него: - Вечер ќе ти раскажувам за Орелска Чука! Тогаш ќе ти мине желбата да ја искачуваш. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се договараме: точно во седум, ама ни минута порано, да ја повикам на „овој телефон“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Браво: Јас. Сакав да ја пресечам отстапницата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ти одиш секојпат на пазар, па мораш малку да ја подмачкаш колата да не чкрта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Немам намера да ја омаловажам Деридината инвентивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакаше да ја разбере историјата на својата земја, да ја совлада, да ја спитоми, да ја контролира, за да може да ја предвиди иднината на своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И дека наместо тој да ја стутка неа, таа успеала да го подврзе него?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
По окончувањето на спорот пред повисокиот суд, Зефиќ добива морална сатисфакција затоа што успева судски да го добие спорот, и се враќа на работа на место соодветно на нејзиното образование – виш соработник за управни работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако му треба, каква култура му треба?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ама ќе ми остане и сермиичката негова, та за Илковата — да се обришиш, Мишо!“ — си велеше Митра за себе и почна да ја распрашува Доста: кога отишла од Рожден, зошто отишла, кога умрел мажот ѝ, како живеела во Солун, кај кого седела, што работела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам дека е јасно - Ана (Маргарита) ќе тргне по секојдневниот или пак случаен пат, додека кај мене тоа беше работа на одлука, јас бев решил, уште и пред да влезев во возот, дека доколку некој упадне во играта а се симне на Данфер-Рошро, мојата врска ќе биде линијата Насион-Етоал, како што во случајот Ана (Маргарита) да слезеше на Шатле, можев да ја следам единствено доколку ја фати врската Венсан-Неи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се симнува да си купи тага од улицата За да ја успокои својата утроба И расплаканата кукла на столчето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Видовме голем број карактеристики - некои од нив значајни и централни - кои што ги споделуваат Деридините учења и философиите и идеологиите што им претходат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Досадата од едноличноста на живеењето сѐ повеќе го притискаше, па Ц цврсто реши да ја прекине бесмислата на секојдневната рутина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој е во една посебна состојба на духот во која веќе нема граница меѓу реалноста, миговната, и онаа реалност што сака да ја претвора во фикција.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја да ја слушнеме сите ние овдека па да ти поверуваме – го праша кадијата раскажувачот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не му реков ништо, тој и не ми се обраќаше мене, само знаев дека ме донел на раце и ме оставил врз сламата на својата кола со едно воле, потоа им ги проврел главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Низ животот, низ годините, душата да ни остане чиста, да ја разбереме тајната на Бог и надежта дека еден ден сите страдања ќе завршат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа „Келнише васер“ е знаменитост не само по специфичната миризма, која денес не може никој да ја произведе, туку и по бројката „4771“, која има своја историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко ти многупати пред мене има зборувано дека Иван Степанович им дозволувал на многу љубопитници од кафеаната да ја разгледуваат таа слика и да уживаат во неземната убавина на девојката но и во големите можности и талентот на Јенков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не знам што да сторам и како да ја успокојам мајка ми: ќе пукне од плачење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Навечер секој од нив тројцата седел што подалеку од огнот, плашејќи се некој тивко да не му се прикраде од зад грб, да не фрли вреќа врз неговата сенка и да ја однесе недозадушена, како црн гавран.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледав со насолзени очи како таа голема Мајка се оддалечува од животот, а бевме немоќни, со сите свои сили, да ја запреме, да ја задржиме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пред да ја совлада сонот, Мајка размислуваше за тоа што ли треба да му каже на Татко, за да мине низ неговата „цензура”, па да ни биде пренесено нам, на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Посебно денес, кога конкуренцијата при објавувањето книги е веројатно најголема, за писателот е многу корисно да ја запознае техниката на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Исто така, тој не смее да ја изнајмува, дава под закуп или отуѓува опремата што ја купил со средствата од Фондот, во рок од три години од денот на добивање на опремата (чл. 15, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Којзнае: од местото каде што се наоѓа, не е исклучено да може да ја метаморфозира земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни во еден момент не ја започна темата која можеше да ја разоткрие нејзината тајна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
304 Револтот и сомнежот за корупција во редовите на овие јавни функционери и службеници, кои се блиски до локалните моќници, а којшто е јавна тајна меѓу работниците, и кој на моменти оправдано преминуваше во отворен гнев и презир – со право, пред нас, ја постави дилемата дека, во наредниот период, треба да направиме студиозно истражување на оваа доста загадочна и мошне скокотлива тема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми кога заврши за оваа необична спрега, Чанга не можеше а да не го праша: – Не можам да ја разберам врската помеѓу козите и јаничарите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа слатко се смееше на неговите анегдоти и досетки, а тој уживаше да ја засмејува бидејќи ѝ се насладуваше на бисерната насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Колку пати ѝ доаѓала желба да појде кај нив дома, да го земе в раце детето, да го гушка, но, не верувала дека би можела да ја разбере таа, другата жена, и не го сторувала тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, врз база на таа заповед на Ѓурчина и врз основа на неговата препорака да извршувам порачки како мајстор од столарскиот занает, го замолив Боге од Бањи да ми помогне и практично да ја озакониме мојата ваква усмереност!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми дадоа малку пари, ме испратија кај една далечна роднина овде, во Виена, и повеќе никогаш не ги видов ни нив, ни моите сестри, ниту пак твојот татко…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тужителот може да ја преиначи тужбата до првото рочиште за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да не биде дебел и скржав, да нема огромен раст, но и не премал, да ја сочува пропорционалноста во сите делови на телото и да има чисто, од ништо ненагрдено лице, ниту со брадавици, ниту со (Боже чувај!) штетни приштеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Жива е само уште Вичо планина, само неа не можеле да ја тргнат и овие неколку нови зданија. Сѐ друго исчезнало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира, тој притоа мислел на идентична состојба на тотална сосредоточеност којашто некои личности можат да ја доживеат спонтано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во една прилика заборавајќи да го намести своето дилдо се случи фекален дебакл и целиот 24 миљонскиот аудиториум беше сведок на буквално подкакување, но тоа не беше пречка да ја назначат за водител.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа сакаа да ја чујат кљакашката на Шишмана што ќе значеше дека тој престанал да мисли на тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во годините по Револуцијата таа беше во ситуација да ја заземе оваа командна позиција речиси без отпор, затоа што целиот процес беше претставен како акт на колективизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Патот? - Знаеш дека сум одел по светов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зависи од тоа кому и за што државата таа музика му ја пушта да ја слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Понекогаш твоите солзи не можат да ја разблажат твојата згусната лутина или твоите зборови се доволни да ја изречат твојата непопустлива потреба од молчење – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа 1919 година, веднаш по завршувањето на болестите кои дојдоа по војната, исцрпена од војувањата, се распадна Австро-Унгарската империја, и ние останавме во она нејзино парче кое оттогаш се нарекуваше Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа и од таму, и од небото дебнеше остриот месец со своето гладно око, готов секој миг да ја исправи муцката и да завие по снежната штамовна дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погледнуваш во реката и заклучуваш дека можеш да ја сфатиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да го допуштиме и спротивното, дека сегашната борба најпосле ќе ја принуди Европа да се замеша во турските работи и да ја принуди Турција да им даде рамноправност на македонските народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа порака како да ми помогна да ја разберам самата судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со тоа добиваме една гигантска развојна перспектива. Ќе умееме ли да ја искористиме?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено, таа се откажува од каматите – како би му ја олеснила на Синдикатот исплатата на главнината, а за возврат да ја добие целата долгувана сума по сите основи и тоа одеднаш.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ми помогна да сфатам дека се наоѓаме веќе во Пицеријата и дека најсетне можам да ја видам Ана како насмевната ни понудува во големите бели чинии барем дел од себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пресудата треба да ја извлечат на среќа - зарот се фрла за и совеста фрлена да биде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Газда Таки знаеше како да ја води работата и беше уште подобар бизнисмен од татка си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Ѓ) со склоност кон експеримент, помеѓу другите начини на нанесување боја, „дубеше“ на глава за да ја направи Кожа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Би ве молел да ми дозволите да напишам нешто за неа и да ја фотографирам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тишина и молк и со најмала брзина што може да ја развие нашето SAXO го врвиме патот од ’Рби до Кулата - Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас им давав совети на дада и нејзиниот сакан, како да ја одржат врската под контрола и сѐ да биде супер.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Теоријата на преведување е опремена, како што Попович докажа, да ја следи „нечистата“ игра на сите грешки, проблеми, незгоди, недоволности, разидувања, и разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, да ја признам вистината, не знаев зошто се смее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се раззборува, што не му беше обичај, од потреба со некого да ја сподели својата загатка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Според Коста, револуционер можел да биде само оној што бил способен да се откаже од сите земни блага и да ја прифати револуцијата како професија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вознемиреноста расте. И еве како да ја достигна врвната точка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го здогледав и Љупчо. Беше свртен така што можеше да ја гледа Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сметаме дека тоа ќе биде доволно за заинтересираниот читател да може самиот да ја провери промената која е коментирана.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ти можеш најдобро да ја разбереш раната манипулација на штотуку зартениот идентитет на детските души?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Тука сме. Сакате ли да ја тестирате водата, Регенте?“ „Да, ајде.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите, односно нивните здруженија на повисоко 158 ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите и нивните сојузи (чл. 195, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мојата сестра Чана има некоја мака ама немаше храброст да ја претвори во зборови!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но затоа пак со сигурност знам дека се далеку од времето кога благодарејќи на искуството ќе станат барем за мене самиот обврзувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас дојдов да помогнам, не да го победиме Хилмипаша но да го победиме Кобурга и неговите агенти и да не ја дадеме нашата Организација да пропадне или да премине во туѓи издајнички раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но јас немам доволно аргументи за да го потврдам тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа нам како да ни го осмислува животот. Да ја загадуваме човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Токму сакав да ја прашам дали татко ми не се решил да се ожени со учителката Вера, тетка Рајна ми рече: - Зарем не би можела да ја сакаш, или барем да се навикнеш на некоја жена како што е учителката Вера?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Една жена не поведе со Ели во дворот од комшиската приземна куќа, каде што имаше бунар и ми помогна да ја измијам Ели, која за цело време плачеше, плукајќи од устата земја што ѝ напаѓа од малтерот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го кревам огледалото за да си ја соберам косата, да ја запетлам и се вртам кон онаа страна од кај што ме огрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И затоа, кога мислата ја нема, се појавуваат козите, пратени од Бога да ја исправат неправдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)