Прашуваше дали стои обесена на башлакот каде што ја остави да се чува, дали ја подмачкуваат со тревката ноктец за да не ја нагризат молци, дали писката и брмчалото го подмачкуваат со масло за да не се исушат и да испукаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Дали ѝ дотура жар, дали ја пизми
оваа мачка сечија и нечија
кога мешечки ќе го зграпчи домаќинот
во лажна самоодбрана
ќе му ја извади душата
на невидено
по навика
занатски беспрекорно
и без пренемагање?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)