По треперењето на рамената, Фимка разбра дека плаче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Знам само дека ме биеше со своите влакнести раце, додека не го отепа Бога во мене; ме изведе Луција; се сеќавам дека пијаниот Земанек ме бакнуваше во образот, дека плачеше и постојано велеше: „Ти си ми брат, без разлика на сѐ, ти си ми брат; за тебе, ако треба ќе ја преместам целата вселена подалеку од Партијата“; се сеќавам и дека побарав да ме одведат до циркусот; и, ако сетилата не ме лажат, Земанек и Луција ме одведоа до циркусот, пред портата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Помислив дека плаче. По сѐ изгледаше како да плаче.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А што знам, можеби од укитот што почна да ни се топи, ми се стори дека плаче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Марија не престануваше. Плачеше толку често, што изгледаше дека плаче постојано... И дење и ноќе.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Бреза во тој момент влезе во собата и кога ме виде дека плачам, ми се фрли во прегратка и почна да ме смирува: - Батенце, не плачи, мене ми е многу жал кога плачеш. Да не те боли нешто?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не можела да заспие. Ѝ била потребна мојата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
По спомнатата расправија, откако бев истерал добар дел од првиот сон, Катерина ме беше разбудила. Притоа се чинеше дека плаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека во некоја доба ме пробуди глас што пред тоа го немав слушнато, но веројатно беше мојот бидејќи открив дека плачам во рацете на другарката Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дарко тргна по Лорета која со дланката ја покриваше устата за да не се забележи дека плаче.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Јас тогаш плачев и бев убедена дека мајка ми ме гледа и дека плаче за мене.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)