Потоа, забележувајќи дека седи на нешто нерамно, се слизна од колениците на Винстон на клупата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ја запали и ја засолни со дланките. Í се чини дека седи крај печка во која огнот баботи како големо златно срце полно со љубов; во секое догорче спие по една ѕвезда, една желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Му се чинеше дека седи на некоја голема височина, а под неа опасно се лула на своите патриви нозе камилата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зар не гледате дека седам на неа? зборува едно исушено човече.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога се свртив навистина забележав дека седи загледан во хартиите пред себе, фрлајќи на подот понекоја од нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не знаев дека седи покрај мене сѐ додека не прозборе.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Зар не знаев дека седи на такво место од кое може за луѓето многу да се узнае и од каде работите најлесно можат да се насетат па дури и лично да се видат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И Боже, што ќе беше со тебе помислив, ако се дрзнеше ова да го објавиш!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Треба да претпоставам дека седев долго, дури и премногу долго; то-ест јас дури и прилегнав на долгиот камен во облик на мермерен гроб.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)