дека (сврз.) - фрла (гл.)

- Размислуваш ли? - праша со скриен потсмев Денко, присетувајќи се на сличните Бојанови постапки, кога велеше дека фрла камења и размислува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нас, за нашава историја на Потковицата, сите тие љубовни истории важни се не само зашто се интересни само по себе, од литерарна и психолошка страна, туку и дека фрлаат светлина врз меѓучовечките односи во Потковицата, врз политичката определба на луѓето, врз нивните социјални положби, и, пред сè, затоа што најмногу тие го осетлуваат односот на жителите на Потковицата спрема завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)