Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа се оние фаци кои за себе мислеа дека којзнае што напраиле у животот, а воедно нивните гаќи купени 3 за 100 од пазар се пафтаа по грдите скотски тераси.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе си мислиш дека којзнае колку време се познаваш со него.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)