Србите пак разбраа дека Бугарите гладуваат и оставаа по дватри сомуна бел леб од три оки стари и на секој сомун закачуваа на дрвце по едно книжулче на кое пишување: „Со ова ќе победиме", како едно време што му се сонувало на византискиот цар Костантин Великиот крст и под него исто овој натпис.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ДЕПА: Ама што ти треба тебе да расправаш дека Бугарите му викале на маче коте.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- И чувме дека Бугарите јадат магариња, па и ние едно испековме. Го јадеме со гроза, ама го изедовме. После немавме ни оган, ни магаре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Скоро целата муниција беше истрошена и се знаеше дека Бугарите не чекаат во Струмичката Долина за да не спречат да преминеме во Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)