Валијата тоа претпладне ги обиколувал квартовите на градот каде што се случувале убиствата, советувајќи го и убедувајќи го башибозукот дека војската и полицијата биле способни да воспостават ред и дека секој што не ќе си ја гледа својата работа и ќе прави ’ексцеси’ ќе биде строго казнет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Шишман спие во окопот, толку му се спие што се плаши дека војската брзо ќе ги изфупи бележаните и си вели:Барем уште малку да се забават та да се изнаспијам.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сѐ беше така наредено да изгледа дека војската нема ништо заедничко со настанот на кој таа сепак беше пристуна.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дозакопчувајќи се, тие се уверија дека војската им е на нозе и се повлекоа во канцеларијата каде што телефонски се информираа и бараа инструкции што да прават или што да решат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ние шоферите први дознав-ме дека војската и цивилите ќе бидат преселени од Албанија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)