Значи, вистина е. Го украл коњот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Легендите, дека коњот на Крале Марко можел да ископа и од камен вода, се забораваа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Според тоа, иако можев да го гледам толку прекрасниот коњ; иако можев да го помирисам, толку пријатно; иако можев да го слушам како дише, некако возбудливо; не можев да поверувам дека коњот имал нешто со мојот братучед Мурад, или со мене, или со кој и да е друг член на нашата фамилија, што спие или е буден, зашто знаев дека мојот братучед Мурад не можел да купи коњ, а ако не можел да купи, тогаш секако го украл, а јас не сакав да поверувам дека го украл.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Затоа во тоа утро Отец Симеон им рече на браќата: „Над нас се збираат темни облаци.“ Тие погледнаа во белото небо и со неверување прашаа навистина ли спомена тој некакви облаци а Отец Симеон рече дека точно тоа споменал и дека коњот ќе му донесе несреќа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Секогаш ќе ти рече дека коњот ѝ е вујко... Така и човекот...“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)