Ова ли е величествената кулминација на век и половина политичка борба за геј-слобода и за геј-гордост?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И како тоа овој нов „сосема поинаков ден“, што многу мириса на хетеросексуално секојдневие, воопшто се разликува од претходниот ден?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зар сета цел на геј-политиката, на геј-културата, е да ги врати геј-луѓето во трлото на нормалниот средносталешки хетеросексуален семеен живот, со неговите задолжителни обреди и чинодејства – да ни овозможи да ги репродуцираме најлошите општествени обележја, најгрозните клишеа на хетеросексуалноста?
Понекогаш мислам дека хомосексуалноста се арчи на геј-луѓето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што јасно го покажува сведоштвото на Квин е дека крајот на дискриминацијата, исправањето на општествената неправда и срамнувањето на сето нерамно постапување со сексуалните малцинства – дури и да се случи – нема да биде исто со крајот на културната доминација на хетеросексуалноста, со исчезнувањето на хетеросексуалноста како склоп од културни норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нема да ни овозможи да оствариме понастран свет сообразен со нашите копнежи, желби и мечти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше јасно дека крајот на студената војна и биполарната епоха ќе му даде ново обележје на судирот на Блискиот Исток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не случајно, на брегот на Езерото, во Струга, близу границата која некогаш ја минавме, татковите книги го остваруваа вториот живот низ моите занесни читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но дотогаш Арафат ќе живее во лажната катарза на остварената мировна илузија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавав на татковата мисла дека крајот на една библиотека е крајот на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но овојпат навистина стануваше збор за гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дека се имам излажано и дека крајот ќе го потврди грешниот заклучок.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јакнеше свеста дека крајот на козите може да донесе повеќе штета отколку полза, повеќе немир отколку мир.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)