Поради тоа британскиот премиер Винстон Черчил побарал од Министерството за надворешни работи да се направи комплетен извештај за Македонија, а од СОЕ побарал да испрати свои членови и на самото место да се запознаат со ситуацијата во Македонија.82 Несомнено дека причината поради која Черчил толку многу се заинтересирал за она што се случува во Македонија лежела пред сé во можноста македонското прашање да му ги поремети неговите дотогашни планови за повоеното уредување на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мекдоналд сметал дека причината за таквото негово однесување бил “недостатокот на опрема“.288 Врз основа на наредбата од 29 септември од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија мисијата при Првата македонска бригада Brasenose требало веднаш да се испрати кај ГШ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Изгледа дека причините за смртноста се резултат на дехидрација и прегрејување предизвикани од часовите минати во играње во ноќните клубови, иако постои и можност некои луѓе да се алергични на оваа дрога.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во статијата објавена во „ББЦ Мјузик магазин“, посветена на амузикалноста, авторот Лорин Стујарт, пишува дека причината што амузикалните пеат фалшливо се крие во тоа што не ги слушаат тоновите излезени од нив самите и поради тоа не се во состојба да се корегираат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Потоа се дознало дека причината била што Турците сакале да копаат малку, па можело да се открие.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Штом ги виде Бојан знаеше дека причината на тоа нивно лаење не можат да бидат волци.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Така, кога ќе се каже дека причините и последиците не постојат, се мисли дека постои немерлива бескрајност на причините и последиците, дека всушност секоја работа во севкупното време и простор е поврзана со секоја друга работа во севкупното време и простор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За потоа да може да го истреби од светот секој кој не е од ариевска раса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Надлежните од ЈП Дрисла велат дека причината за ова е инцидентот: едно од возилата на ЈП Комунална хигиена излетало од пристапниот пат што води до манипулативното дело во депонијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се повлекуваат сите оние лепрозни размисли, иако знам дека причината не е во тврдењето на Виктор дека сè е ставено под контрола, бидејќи под контрола може да биде само клучот од бирото на вујко ми што се наоѓаше сега во мојот џеб.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)