дека (сврз.) - пријател (имн.)

Малку зачудено ја сослуша мојата импресија од книгата, особено од записот за старите еснафи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И најсетне сфатив: седев во кафеаната „Зора”, а спроти мене седеше вистинската Дуда притоа со оној осет на неориентираност: како да почнува во овој момент да сфаќа дека пријателот од другата страна на масата всушност се враќа од некое долго патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ние четирите научивме да живееме со стравот; тоа не беше страв од смртта, туку од измачувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборавив да напоменам дека пријател ми се смета за стар скопјанец (од оние од „пред земјотресот“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)