Кога во овој закон е предвидено дека странка може да истакне одреден приговор или предлог или да преземе некое друго парнично дејствие додека тужениот на главната расправа не се впушти во расправање за главната работа, таквиот приговор, односно предлог странката може да го истакне, до почетокот на доказната постапка (чл. 282, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Секоја странка е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот (чл. 205, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странките можат да ги изнесуваат и своите правни сфаќања што се однесуваат на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
8. Процесната [странечка] легитимација (legitimatio ad pro cessum), којашто може да биде активна (на тужителот) и пасивна (на тужениот), всушност е овластување за водење конкретна парница и е одраз на конкретниот правен однос на странката спрема предметот на спорот in concreto – а значи дека странките во спорот всушност се „правите“ странки т.е. дека токму тие имаат правен интерес и правозаштитна потреба за водење токму на таа парница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не треба да се докажуваат фактите што странката ги признала пред судот во текот на парницата – но судот може да нареди да се докажуваат и вакви [неспорни] факти, ако смета дека странката со нивното 159 признавање оди кон тоа да располага со барање со кое не може да располага.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)