дека (сврз.) - ист (прид.)

Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
3. Дел од спомениците претставуваат палимпсести, со испишан кирилски текст врз постар глаголски.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, во дел од кириличните споменици се појавуваат глаголски букви, што укажува на фактот дека истите се препишувани од постар глаголички изворник.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој го следи односот сè до некои репрезентативни примери во сложените воени случувања во Илијада, книгата што имала „речиси библиски авторитет“ меѓу старите Грци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Јас се плашам од крв - велам и се сеќавам дека истата реченица ја изреков пред неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закони за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, Сл.весник на РМ - 30/14 и 180/14. 121 117 работодавачот не се јави на едукацијата во тој случај се смета дека истиот успешно ја завршил и дека е едуциран.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Аналогно на ова и финансиските средства во случајот на редовен работен однос се постабилни и постои поголема сигурност дека истите тие вработеното лице ќе ги прима подолг период отколку тој што е хонорарно ангажиран.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Купуваа некакви конзерви, а тој ѝ објаснуваше дека исти такви конзерви, по пониска цена можат да се најдат и на некое друго место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној што потпишува не го гледа тоа прераснување на „јас“ во „ние“, оти тој пред себе го има само својот формулар, па помислата дека истиот текст егзистира истовремено и со друг потпис му е сосема надвор од „видното поле“; во таа „стеснета“ перцепција и редукција на она општо „јас“ на сопственото „јас“, со име и презиме, се состои трикот на владеењето на власта со индивидуата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што веројатно не значи дека истите тие што приговориле така нема да ви кажат некој виц за педерите и за песничките од мјузикли – штом пак ќе зинат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Божем таков маж, а не виде дека лажам божем умна а не знаев да ти кажам дека ноќе се галам со морската пена дека иста како сите сум. Во тело на девојче заробена жена. 52 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Депресиво манијао“, со објаснување дека истата настанува како последица на недостаток на литиум во крвта, а кој мора по секоја цена да се прима секојдневно до крајот на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, беше сосема сигурна дека истото како слепо кутре доаѓа да гризне залак и пак да го снема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвреме навреме знаеше да ја потсети Рада дека истата плата што ја заработуваше како наставничка може да ја заработи продавајќи јајца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, дека истиот бега од конфликти и одговорности.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Забележа дека истата е напишана од некој што пенкалото му е алатка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не, името не ви го знам, но ви го знам прекарот, и да знаете дека истиот наполно ви одговара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затнатите јајцеводи и надежта дека истиот проблем може да се реши, беа слаба утеха за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По начинот на кој ја држеше чашката можеше да заклучи дека истата му е најверен пријател и другар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Превод од српски: Лидија Николова
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го отворив „Гласот на јавноста“ што на масата го остави Аристин, прочитав во весникот дека истиот тој ден, во раните утрински часови, сум умрел. *
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томаица се насмевна, му возврати дека истото важи и за неа. Се позадравија и разделија со силни погледи во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, Хаке, преку своите дела и проекти ни ја разоткрива и вистината дека истите тие корпорации се истовремено покровители на Кју-клукс-кланот, на националсоцијалистички групи и спонзори на производители на оружје (што се продава каде-не).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
О'Брајан гледаше одозгора во него, со израз на лицето кој навестуваше дека истите мисли и нему му минуваат низ умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа, дека истото важело и за сијалиците кои јас не сум ги гасела, како што до премногу доцна не сум ја гасела и сијалицата во собата каде што спиев.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, нечовечната „традиција“ не застана тука – напротив, таа продолжи и по три години, кога со втората измена на ЗРО (2005), онаа од декември 2008, повторно се интервенираше во делот на плаќањето испратнина, и тоа во две насоки: прво, се прецизираше дека исплатата на испратнина е во висина на „нето-платата“, а не, на пример, на бруто-плата; и, второ, неоправдано се намали основицата за пресметка на испратнината, па така наместо одредбата дека истата не смее да биде помала од „платата врз основа на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурување“ т.е. онаа плата која реално ја земал сега отпуштениот работник, се утврди дека таа не смее да биде помала само „од 50% од просечната нето-плата исплатена по работник во Републиката, во последниот месец пред отказот“ (чл. 3, ЗИДЗРО/дек.08); •  промените кај можноста за стручно оспособување, обука, преквалификација или доквалификација се овие: Со измената од 2000 година се воведоа две промени – едната помала, а другата суштинска.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога се сеќаваше на таа средба со Елена, Марија сфаќаше дека истиот тој ден ја донесе решавачката одлука: ќе замине со Хелвиг. Едноставно така.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Претпоставуваше дека истата логика на затворањето на патот на јагулите ќе доведе до затворање на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ги средуваше своите инструменти, решен да и каже дека за тоа веќе не ќе и биде нужен лекар, дека истата мака не ќе ја доведе повеќе кај него, дека е обогатена со бесплодност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А идниот пат кога влегував, имав впечаток дека истата фијока е отворена и дека секој момент оттаму ќе ја извлече истата папка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почувствува дека истото се случува отпрвин со едната, а потоа и со другата нога.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури и ретроспективната излож­ба организирана од Музејот за модерна уметност 1989- та година концепциски го подржа ваквиот став.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гауденс - но колку што можам да се сетам, Ворхол е првиот американски уметник кој бил така почествуван од оваа земја, со исклучок на Норман Роквел, the master of Hallmark sentimentalia. (...)Од исказите на екипата која стои зад организирањето на овој проект, ова е досега најсеопфатна институција од ваков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Претпоставувам дека истото тоа ќе го кажат и луѓето од Пикасо музејот во Париз или на Ван Гог во Амстердам, но тоа се подразбира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со Еда Бранов јас се имав видено и друг пат и знаев дека исти работи бркаме, освен политиката во којашто јас не се мешав. Не да не се мешав...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)