Во едно писмо напишано во септември таа година, Винсент му кажува на својот брат каде си го бара лекот: „Мил брате – секогаш ти пишувам во паузата од работата – работам напорно како вистински безумник, чувствувам придушена страст за работа повеќе од кога и да било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пекарот Растко од Врпоље кој во Исток беше дојден шест месеци порано, им раскажуваше дека повремено групи од по седум-осум војници одат во потера по балисти по планињето и таму остануваат по цела недела или две.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А потоа, во едно писмо од петти јули, кажува дека повремено повторно го совладува стравот: “Неколку дена бев со сосем замрачен разум, како во Арл, ако не и полошо, а треба да се претпостави дека тие кризи пак ќе се враќаат во иднина, тоа е грозно.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)