дека (сврз.) - премногу (прил.)

4 Не знам. Сигурно никогаш не би смееле да го напуштиме историското признавање на тие ознаки, но се прашувам дали нешто во сето тоа може да се здобие со формата на само едно „историско означување“, ако тоа прашање воопшто може да се постави а притоа да не се подразбира токму одредена историографска аксиоматика којашто можеби треба да се напушти со оглед на тоа дека премногу е поврзана со разградливи филозофеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со оглед на тоа, од феноменолошко и дури тривијално стојалиште, засилувањата и тематизацијата за кои стануваше збор сосема се “современи” со двата повоени периоди, со она што се случува во Европа, која силовито се доближува до другото кое дури веќе и не нејзино друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Политичките причини секако можат да се уважат, а со националните има многу манипулирање, бидејќи со нив најлесно се манипулира. »» Не ли Ви се чини дека кај нас националните чувства се пренагласуваат, дека премногу им се дава значење во некаква цивилизациска смисла?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од 1920 до 1926 година, подучува во бројните селски училишта по планините на југот од земјата, далеку од Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини дека децата го сакале, но не и родителите, така што против него е покрената постапка со обвинение дека премногу користел физичка казна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се фатив дека премногу зборувам и се потрудив да му оставам малку простор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Изгледа дека премногу навлегувам во детали, кои воопшто не се важни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И плесна со дланката, зашто му се стори дека премногу чека на одговорот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Колку пати сум ти рекла – ѝ се сврте на мајка ми – дека претерувате со вашиот однос и дека премногу ги третирате децата како да се рамноправни со вас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ви велам, мора да се знае кој е родител, а кој дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
6. Радио Лондон беше емитувал репортажа од капетан Еванс во која на КПГ ѝ забележува дека премногу го толерира македонското национално чувство, кое води кон отцепување на Егејска Македонија од Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, не ме измачуваат проблемите со кои е пренатрупан мојот случај, повеќе ме загрижуваат настаните што ќе уследат. Мислам на Даскалов, на Боге од Бањи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А од друга страна чуствувам потреба со некого сепак да разменам неколку вистински зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш ми се причинува дека премногу се арчам во необмислени заскитувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели дека премногу плукам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А така не би се вклопила во целите за кои била замислена. ‌Ова – макар ризикувал и да излезе дека премногу поедноставувам – е родословот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако можело средносталешката семејна драма да се сведува на комедија, ако ги третирала буржоаските семејни несреќи како тривијални и смешни, таа едноставно ќе го унижувала и багателизирала буржоаскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Создадена била за да ги задоволува и да ги разонодува луѓето – главно од средниот сталеж, а особено жените – кои не ги уживале придобивките од врвното класично образование, кои не знаеле да читаат на грчки и на латински и кои затоа имале слаб пристап (пред процутот на евтините и многубројни класични преводи) до префинетото естетско восприемање на античката трагедија, исто како што ја немале ни однегуваната чувствителност што била нужна за да се цени класичната европска драма што претполагала дека е нејзин современ наследник или за да се сладат со крутата формалност на стихот во кој се пишувала. ‌За припадниците на буржоазијата, кои во класичната трагедија, било античка, било современа, не гледале одраз на сопствените животи, на сопствените вредности, морало да се измисли нов и попопуларен жанр: жанр на средносталешка семејна драма, изговарана во проза, со тематика поблиска до нивното секојдневно искуство и со сентиментален опсег усогласен со нивните емоционални потреби – но која, и покрај сите тие отстапки, немало да може да се сведува на комедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека премногу често трагаш по зборови што треба да ја исмејат таа твоја вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одвиткувам и читам: „Мира вели дека премногу те сака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одвиткувам и читам: „Мара вели дека премногу те сака.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Светот создаден од страна на медиумите за Хабермас „само наликува на јавна сфера“106.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мил ги насолзи очите, а Илко продолжи: - Богатство не спечалив за да ви оставам; ви оставам неколку совети: гледам синко дека премногу си вдаден во експериментот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)