Почувствував како цел еден свет што го исполнуваше моето детство – часовите во кои брат ми учеше во својата собичка а јас седев во аголот и го набљудував како бесшумно ги придвижува усните додека чита, часовите во кои ми ги пренесуваше знаењата, нашите лежења на креветот додека чувствувавме дека никогаш нема да се раздвоиме – се изгасна засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седи на мала маса. Во раката држи книга. Додека чита, мора да ги придржува очилата.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)