додека (сврз.) - овој (зам.)

РАСКИНЕ - „Ти раскинувам!“, му рекла госпожа Сара на господин Рацин, додека овој мирно си читал некоја драма од Расин. „Раскол, значи?“, рекол Рацин, џиткајќи го Расин. „Расклатена сум...“, рекла емотивната Сара. „Раскомоти се, Сара, дојди да те раскопчам!“, рекол Рацин. „Срцето ми е раскрвавено...“, рекла Сара. „Раскрсти, драга моја, со оваа расквасеност и раскрили ги портите на својата раскош! “, рекол поетски Рацин. Така Рацин успеал да ја расколеба Сара.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Цел ден, човеку“, свика Марин полетно, гледајќи ја зашеметеноста на Сандри, додека овој стресено ја разотвораше книгата, небаре плашејќи се да не испадне нешто од неа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Она, за генералскиот шинел, поставен со златни рубли, што го соблекол од генерал Воронов додека овој лежел мртов или контузуван во тревата“?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)