додека (сврз.) - секој (зам.)

Притоа секое од тие клинчиња се престројуваше во некакво малечко, смешно и непослушно животинче, секое од нив знаеше врашки, да измрда од меѓу неговите големи прсти, но тој не ги пушташе нив така лесно, не ги оставаше, сѐ додека секое од тие вражиња не беше заковано токму на она место каде што го сакаше тоа тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-„Додека секоја секунда полека те убива во агонија прашуваш кој е виновен?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајка Роса одбрала животот да го посвети на момите водена само од една мисла, да ги одбрани од сите зла додека секоја од нив не си ја најде среќата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)