и (сврз.) - петнаесет (бр.)

РЕВШИН: Порано од десет нема смисла: тој доаѓа во канцеларијата околу десет и петнаесет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Да“, вели, „мора да беше дванаесет и петнаесет, зашто во дванаесет и десет...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ПОПОТ: (Гледа на часовникот.) Три и петнаесет.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Па добро“, му велам јас, „нека било дванаесет и петнаесет“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не бре“, му велам, „не е важно“. „Треба да беше дванаесет и петнаесет“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше седум часот и петнаесет минути, време за будење за канцелариските работници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)